Лелееее што збориш друшке, аууу нозе ми се пресекоа ова ептен изненадување ...!! Честитки милааа да се живи, здрави, радосни и вие покрај нив да уживате... Се ежам уфф, којзнае колку возбудена си и не ти се верува.. ко на мене да ми се десило имам чувство п.с пиши кога можеш како помина се , ве гушкамееее
Што збориш ма Ема моја Рикам како магарица од среќа неможам да се смирам од возбуда.Колку ме израдува значи.Живи и здрави да сте Ве бакнува тетка Среќиче
Ти честитам драга Ема Така да сте, добри сите три секогаш. Браво, многу, многу се израдував. Ај леле души златни
Малце да се соземам, ќе пишам обавезно иако се се случи набрзинка Фала миличка моја, знам дека се радуваш од душа
Да љубави, на маливе не им се чекало, немале место ..епа згодна мама малку место обезбедила излеа хаха ( yeah right , згодна со 20 кила плус) Ќе зборам поише, малце да здувнам
И јас се радувам иако не те знам За секоја тука се радувам. Со години ја читам Труднички и се соживувам со сите иако никоја ни ме знае ни ја знам
Па дали ти се радувам среќо убава, на тие години да те израдуваат две малечки, се радувам исто како фамилија да сме. Соземај се и одмарај, гали ги по рачињата мали и ќе пораснат во големи моми. Да не ми се плашиш се ќе биде во ред. Ајде радувајте се мила