Имам јас и секако дека можеш да ги најдеш во златара или на места каде се продаваат некој антиквитети... Скапоцените камења ми се многу убави посебно рубинот
Иако одамна имав слушнато за нив, пред околу еден месец читав тука за скапоцениве камења.. Му спомнав на дечко ми дека имало кај Грчка амбасада некое продавниче. Се залетав да идам да се распрашам, ама тој упорен немој па немој, за после вечерта да сфатам зошто ме спречувал.. Тој ми купил на подарок месечев камен (бидејќи за тој конкретно зборевме дека ми одговара според хороскопскиот знак). Можам да кажам дека навистина кога го носам, чуствувам некоја позитивна енергија, можеби ќе ви биде и чудно, но главоболката ми помина после половина час откако го ставив. (Дали е до психата или навистина делува, незнам ) Кога го купил дечко ми, му дале и мало ливче со упатство за тоа како се користи пред употреба и за што конкретно е.. За тие што прашуваа дали се уште работи продавничето, да ви кажам дека работи и слободно можете да идете да си се распрашате за кој камен конкретно ве интересира
И јас бев во продавничкава Деко кај Грчка амбасада се распрашував за камчиња и за цена на едното ми рекоа дека е 300 ден. и зависно од големината дека варира цената. Само не ми беше баш онака јасно, пошто гледам сите пишувате повисоки цени...
Точно цена незнам да ти кажам, бидејќи како што пишав на подарок го добив, но како и да е ми спомна дечко ми дека не се скапи.. Некои пишале повисоки цени, меѓутоа тоа е во зависнот за каков камен се работи, нели глупо би било да правиме споредба со месечев камен и дијамант Камењата не се толку големи, може да се носат како накит, јас моето како ланче го носам, т.е такво го добив
Гии обожавам едноставно !! и би сакала да си купам парче накит со опал, ако знае некој каде можам да најдам ве молаам нека ми каже ( во Битола , бидејќи каде што влегов и прашав никаде немаше. И баш ме интересира дали големината на каменот има врска со неговото дејство(моќ)
Тука пишува дека среброто одговара и за знакот Риби, е сега денес цел ден носев сребрено ланче а не ми тргна нешто денов најдобро. Да ви кажам право, цел ден ми беше наопаку. Бев толку изнервирана, исфрустирана и налутена што ми одеше да убијам некој човек, жими се! До сега имам носено и смарагдни обетки ама исто немам забележано никаква промена додека ги носев, сум носела и златни ланчиња и алки, еве и сега во моментов носам златни обетки ама не влијаат на моето расположение или пак јас не сум забележала. Туку, да си прашам јас за искуства од некој што носел такви камчиња на пример според нивниот месец на раѓање/знак, дали навистина им помагаат и им влијаат позитивно или гола вода е ова? И колку се движат цените во таа продавничката кај Грчка Амбасада за на пример, опал, аметист, аквамарин..?
Има, само не знам точно од кои. Ти даваат според хороскопскиот знак, другарка ми си купи од таму. Сега ја терам сестра ми да ми купи за роденденот
Kамчињава ги има во Скопје во продавничкава Деко во лептокарија, исто прочитав и во трговски во една златара мислам, само не знам како се викаше. Додека беше пиволендот имаше штанд и од Деко продавничкава и се продаваа камчиња и имаше напишано кое камче за што помага.
Значи вака не треба да гледаш кое камче ти одговара по хороскоп.Кога ке ги видиш камчињата ке осетиш некое дека ќе ти остави впечаток,како да ќе те привлече,да знаеш тоа е твоето камче .А иначе да, помага,не е суеверие туку навистина камчињата поседуваат енергија која позитивно влијае ако се совпадне со твојата(баш затоа треба сама да го избереш,да те привлече,што се вика не го одбираш ти камчето,туку тоа те одбира тебе ) А кај деко цените се движат од 300 па нагоре,зависи од големината и обработката,а имаш и во Sewa и на битпазар е таму се поефтини(не дека се лажни,туку овие од кај деко имаат стебрено или златно привезоче и се поубаво обработени,да знаеш)А цената зависи и од видот на камчето на пр. аквамарин е поскапо.
значи јас моментално имам прстен со црн дијамант, со сафир и со мали црвени рубини. Имам добиено и огрлица и обетки со аквамарин , но досега немам осетено некое посебно влијание на камените...
Во средно кога доживеав едно благо љубовно разочарување, а мене ми изгледаше како невидена трагедија мојата другарка ме одвлече во таа продавничката за кристали, кај Грчка амбасада. Чичкото внатре беше толку фин и занесен, ги пипнавме сите кристалчиња, а он благо не тресна по рачињата, оти не сме смееле да пипнеме се', кристалите кои не ни одговараат можеле да ни ја исцицаат целата енергија. Мене ми се виде малку чукнато и смешно, ама си купив аметист; не е мојот камен, меѓутоа ми беше потребен за духовно обновување и намалување на љубовната болка. Не беше многу големко камчето, а ме чинеше околу 400 ден. уште во тоа време, значи кристалите не се воопшто евтини. Веројатно сугестијата си го направи своето, ама за некоја недела запознав нов тип и заборавив на љубовниот бродолом. Уште си го чувам камчето во кутија, инаку од еден одмор во Бугарија се вратив со тигрово око, но подоцна го подарив. Многу се убави за око, а ако навистина имаат некое позитивно влијание на луѓето, зошто да не?
Инаку да,тој од Сева е вистински аметист,тоа што вас бе збунува е пи*ку матер цената по златарите и кај Деко,а уствари кај него камчињата беа многу поевтини на почеток,он повеќе си ја вреднува идејата и тоа што е еден од ретките што се занимава со таков бизнис. А муабетот со фарбање на камења незнам како иде,пошто незнам колку е можно камен да се офарба за да личи на горски кристал,на сончев камен,на месечев камен или такво нешто.
Ги имам неколку различни, жад, тигрово око, розов кварц, хематит, еден камен кој е пронајден во македонија, мислам дека беше ангелски камен. Ги сакам, ги прочистувам, читам за нив и верувам во нив и нивната моќ.
Всушност, вредноста на аметистот зависи од тоа колку е добар каменот. Има камчиња што не вредат многу, мали се, и бојата им е некако матна, не светат убаво, и се познаваат пукнатини на него. Обично немаат убава форма. Правите, односно вредните аметисти се поголеми, со убава изразена боја, без флеки и со висок сјај. Фактички ако купиш аметист за 70 денари, добиваш практично, срање во боја ( со извинение). Кој го интересира повеќе, еве ви убав водич за купување на аметист и распознавање на квалитетот: http://www.shopgemstones.com/amethyst.html
Eте така,значи највеќе е до обработката. А ако купиш аметист за 70 денари,добиваш срање во боја само ако го користиш строго како дел од накит,а не како кристал кој треба да влијае на тебе. Влијанието е од самиот кристал,не е до тоа дали е во сурова или фино обработена форма
А дали некој знае како се прочистуваат камчињава пред да се стави да делува, се миеле, се ставале на сонце и сл...ама ме интересира поточно како оди постапката (конкретно аметист имам и јас како повеќето).
Аметистот се користи против главоболки,мамурлак,слаба меморија и за развој на менталните способности. Смирува опушта и обезбедува на носителот јасни мисли,подобра концентрација и внатрешна хармонија. Се чисти во солена вода,ама не подолго од 4 сааат ,зашто солта може да го нагризе каменот или под млаз вода едно 5 минути.Се полни покрај горски кристал,а ако немаш, во саксија со цвеќе.Аметистот не сака сонце.