1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скопје од туристичка гледна точка

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од AgirlA, 11 декември 2012.

  1. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    ПОЗНАВАЧИ НА СКОПЈЕЕЕЕЕЕЕЕ......Ве молаааааааам женски кажете ми во Скопје некоја кафана, ресторан нешто за на ручек со преважни личности, ама преубав онака и одлична храна и преубав амбиент да има, на ниво да е, најубавиот кој е, не го познавам многу Скопје а сега морам да им го покажам на стран ве молам небитно и да е поскап...а што велите за македонска храна само која...сакам се на ниво да биде, и друга идеја ако имате кажете ми каде би можеле да одиме да посетиме нешто во Ск, како да стигнам до театарот и сл. не сум од Ск и не го познавам многу......Фалаааааааааааааа
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.641
    Допаѓања:
    95.680
    Пол:
    Женски
    Помош ве молам, Скопјанки или тие што го познаваат Ск

    Е како да ти објасниме кога не го познаваш Скопје. Ете најлесно да ти кажам на среде плоштад ти е кафаната Пелистер, стара градска кафана која има одлично реноме и во неа најчесто се собираат познати луѓе, архитекти, уметници, јавни фаци, храната е одлична, има и македонска и итаљанска кујна. Малку потаму ти е Тренд, урбано место, но за помлади, претежно одат познати фаци од градов. На самиот кеј имаш неколку ресторани, Плаза дел Торос, Ања, Дион... Сите со одлична храна и добро реноме. Зависи во кој период од денот ќе идеш, пример ако идеш денски, можеш да ги однесеш до куќата на Мајка Тереза, таа ти е од плоштадот по улица Македонија преку Рекорд и веднаш на 10 метри, на околу стотина метри подолу ти е и Музеј на град Скопје. На самиот плоштад ти се наоѓаат еден куп објекти и споменици кои треба да импресионираат странци, и сега за сега гледајќи ги како набљудуваат и како коментираат додека поминувам покрај нив им се бендисува, добро се е до вкусот нели, преку кејот исто така, објекти од проектот Скопје 2014. Преку Камени мост ти се наоѓа Чаршијата, од кај и да фатиш нема да згрешиш. Јас мислам најдобро е да најдеш пријателка или другарка која го знае градов и ќе ти изигрува водич, ќе ја вклучиш во друштвото, ќе ја нахраниш заедно со твоите гости и дури и ќе ја почастиш нешто за трудот. Театарот преку ден и не ти нуди нешто, навечер имаш претстави ама ризикуваш да немаш место или да се посрамотиш од нивото на културата во театар. Со оглед на тоа што е ладно, не можеш многу да ги шеташ па ти советувам да се сконцентрираш на центарот. Иако не сум сигурна дали можеш да стигнеп и до таму, зависи од каде би доаѓала, со што би доаѓала, пример кај ќе паркирате, во строг центар целиот паркинг речиси се наплаќа, зависи колку ти треба време. Мислам дека Центар, улица Македонија и Музеј на град Скопје, ти се сосема доволни за едно попладне или да речеме ден во Скопје.
     
    На AgirlA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sarraah

    sarraah Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ај некој шо добро ја познава автокоманда да ми пиши ми требаат некои поопшти информации итно ми е :D
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Ајде пиши што треба ;)
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Скопје е репрезентативна метропола, која и тоа како има што да покаже од туристички аспект, тргнувајќи од преубавиот центар со новите велелепни градби-комплет, Камени мост, црквата Свети Димитрија, Соборниот храм, понатаму Водно со Крстот, Калето со црквата Св. Спас, Кањон Матка, Скопска Црна Гора со сите цркви и манастири, Марков манастир, Св. Пантелејмон и етно село Нерези, кое за жал не функционира веќе (се’ до следно отворање) и уште многу други убавини, презенти и културно-историски споменици.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Дали некој скоро бил на манасторот Св. Пантелејмон во Нерези? Знам дека етно село не функционира, ама има ли нешто да се види, сакаме да одиме викендов??