Zdravo zenski . Jas sum 21 nedela treba da napravam vtor skrining vo Gak kaj dr Maja Koteva ve molam vase iskustvo za doktorkata .pozdrav
Јас првиот скрининг го направив во државна во Битола, после тоа и матичниот детално убаво ме виде, се ми објасни, ми измери и цервикс, презадоволна. Е сега за вториот, на болница ми рекоја дека треба посебен доктор да ме види затоа што на вториот скрининг повеќе обрнуваат внимание на срцето. Првиот пат како за сликање беше наместено, и приска ми правеа одма завршивме работа, вториот пат ептен се вртеше како клопче и подолго време ме гледаа. Едвај чекам втор скрининг
Девојки дали цервикс се мери исклучиво вагинално? И кога? Јас сум 18 недела и до сега никој ми нема измерено. Сега на последна контрола матичната само ми спомна дека бебето си е високо поставено?
Значи скрининг се прави во 12нед Тоа значи според апликација да пишува 12+3 на пример или 11+3 И колку однапред треба да се закаже термин? На пример за Ремедика Оти за државно никој не ми спомна дека воопшто треба да се прави скрининг тука читам А сега сум 9+нед
Се мери и абдоминално ама порелевантно е со вагинална сонда. Со сите гинеколози што сум правела муабет најубаво е да бидеш полна 12та, значи 12+.
Денес поминав втор скрининг кај Ќаев точно 20та недела. Докторот прекрасен не збореше многу ама си мереше и си виде што треба, ми рече да се опуштам дека носам здраво девојче и дека се си изгледа супер. Во извештајот очекував да наведе тежина и некој опис ама ништо баш само уреден преглед и општи инфо. Сликите од ехо матни, он пустиот ми објаснуваше ова е устичката носето очиња ама ништо не видов за разликата од ехо прегледите сите до сега ми се во систина каде целосно се гледа овде не видов ништо. Не е ни битно, важно е здрава и супер напредува женска наредна недела ми е закажан скринингот во Систина па ќе ја видам убаво
Имаш време ако сакаш и државно да ти закажат. Чисто за уште едно мислење. Мене сам ми имаше закажано така кај 9 та недела за 12+ некој ден на Гак кај Данева. Сите на Гак се добри доктори само не зборат мн. А и не ти треба нека е све добро.
Понеделник веќе ќе бидам здравје 10н Ќе се јавам да прашам кај матичниот дали може да ми закажат Само да биде се ок
И јас бев вчера кај Ќаев, може сме се сретнале Да, не зборува многу, ама детално гледа, одличен доктор е и не мора да збори многу се додека квалитетно гледа и си ја работи работата како што треба И мене ми е криво што немам слики.. вчера едното бебе и на 4д го видовме убаво, фацичката и се гледаше ептен убавко и на крај гледам не ја испринтал таа слика, само некои параметри на сликите… Не планирам веќе на приватно да одам нигде, ќе си одам само кај него така што веќе нема да добијам слики од бебувките Само нека се добри
Јас не бев на скрининг туку на контрола, 32ра недела сум. Имам тежина, ама тоа е пошто ги следиме колку растат, не знам претходно дали ги мерат. На приватно на скрининг ми даваа мерки за тежина. На државно не сум правела скрининг, не знам како е
Мене ми пишува само тоа го има и испринтано Кочоски. Исто е скроз со Ремедика дека ден за ден ми беа.
прашање до оние што одат на скрининзи во систина дали во извештајот за контрола ви пишува по 4 недели или по потреба или друго нешто?
Пишува за контрола да,ама не значи дека треба да одиш во систина. Мене ми кажуваше докторот усно ако сакам кај него отприлика кога да дојдам на следен скрининг.
Денес завршив и со вториот скрининг кај Петровска, жената го гледаше бебето добри 30мин дел по дел … после тоа и вагинално измери цервикс 44мм и зема пх вредност на вагина, сите параметри се супер и моето девојче си расте одлично кога ми рече цервикс над 40мм без слаџ ми падна камен од душа … ниедно боденце немам купено од утре 21ва недела влагам, време е да почнам да се спремам … сериозна е девојкава дека сака да ме направи мама не смеам веќе да бегам од продавници за бебиња мора да почнам со шопинзите