И кај самите пренатални не можат да се детектираат сите абнормалности и никој не ти дава гаранција пред време дека детето ќе се роди здраво и право, тоа повеќе сакав да кажам Ама добро секој си знае за себе и за своето дете најубаво, право на избор треба сите да си имаат
Секако и тие се со 99 посто сигурност, ништо не е 100 посто сигурно дали бебето ќе се роди живо и здраво. Иако јас лично не сум праела, ама па сметам дека кој може убаво е да се направи
Здраво , пишав и во друга тема но не добив одговор. Дали има некоја искуство за скрининг со Ева Созовска од ГАК и дали докторката пораѓа? Денес сум 10+3 и сакам кај неа да закажам за прв скрининг
Здраво, читав по форумот и малку сум во паника. Коската зад вратчето ја измерија 1,9 мм. Бев на скрининг точно 13 недела. Некако многу ми изгледа. Инску ништо не спомна докторката. Чисто ваше мислење.
Ја колку што знам под 3 е нормално за нухална транслуценца. А зошто читаш и си ствараш сама паники кај што нема, која е функцијата на докторот во овој случај? Ај да не ја измерил точно, ама ако измерил некоја вредност и не ти потенцира ништо значи добро е. Исто ко да носиш кола на механичар, да види дека треба уље да се смени и да не ти каже.
Истото прашање го има и на претходната страница. 1.9 е нормална вредност. Не си создавајте паника, таму каде што нема.
Dali znaete koi denovi e Ivo Kjaev na Gak i vo koja ambulanta, tie sto bile kaj nego na skrining? Tuka vo grupata imase stara slika koj doktor e koj den ama od lani e taa, ako ima nekoj nova slika da postira super bi bilo.
Петок е во 28, вторник е во 37. Вторник не сум била до сега, ама петок обично 10:30 се симнува во амбуланта
Во која недела правевте втор скрининг..сега ќе одам на преглед 16 недела ама не ми дефинираа за каков преглед..
Колку е цената на втор скрининг во систина? Исто како првиот или поскап е? Заборавив да прашам за цена кога закажав,некој скоро што бил да знае?
Дали сте правеле прв скрининг кај др Панчевски, Дракулевски или Гордана Петровска во систина и од кој доктор сте задоволни?
Јас од Гордана сум презадоволна. Со мене на прегледите беше многу ок и знам дека гледа брзо, но квалитетно. Со другите немам искуство, но Панчевски е доста фален на форумот, види на лупа побарај
Кај Гордана втора бременост по ред водам, презадоволна од докторката искрена, директна и стручна. Може прегледот ќе ти изгледа брзо, но се што треба да види си гледа и си кажува. Ако нешто не ти потенцира и ти каже се е како што треба знај дека е така.
Дали правите дупли скрининзи своеинцијативно или по препорака? Бременоста ја следам во Ремедика. Матичниот не се замара со мене. Ми рече каде си тргната терај. Правев пред недела дена прв скрининг. За втор има време 15+4 сум бремена . Вториот скриниг ќе го правам пак во Ремедика . Да закажам и на државно да ме видат? Читам Ќаев е популарен по форумот.