Zakazav za kaj Dimcev , samo. Sto togas ke bidam 23+3dena se nadevam ne e docna.A isto go falat I Samardjiski na klinika I Ana Daneva Markova
Ехокардиографија некоја да правела во плодност да ми кажи цена ? Вчера бев на прв преглед таму и до крај ќе ја следиме бременоста таму, по препорака на докторот ми рече убаво е да направам кај таа од Струга што иди во Плодност. Ме закажа за 31 а јас веќе сум 30 недела. Се е во ред со бебе, напредува, на сите скрининзи и прегледи е се во ред не знам зошто не тераат за овој преглед знаејќи дека тој преглед се прави ако има некои индикации за тоа, кај мене нема.
Во Плодност ? Оти докторката е под пензија ама еднаш неделно оди во Плодност, ме интересира за цената која е
Не не бев во Плодност, мислам 2500 е цената таму. Пребарај, пишувавме џа истово со некоја членка не можам да се сетам со која.
Лежев на Пин две недели, секој ден го гледав. Мислам како човек вака е супер и културен, баш застануваше на кревет и тивко ќе ми направеше муабет за да ми објасни нешто ако го прашам. За искуство има многу, началник е на интезивна така да, добар избор според мене.
Da I jas slusnav pozitivni komentari za nego samo kolku mu e skriningot specijalnost. Sistina go napravile ,7750
На 03.05 правев ехокардиографија во Плодност, плативме 3 000 денари за прегледот. Исто и јас немав индикации но докторот ми препорача да направам. Кај кој доктор од Плодност ја следиш бременоста?
Прв преглед вчера правев, кај доктор Влатко Ѓоргиевски, до крај најверојатно ќе сум кај него. Досега одев на прегледи кај матичниот и паралелно на болница кај Михајло ама дека ќе се пораѓам Плодност сакав да почнам со прегледи од 30 недела таму.
Јас од почеток сум кај докторот, до сега имам само пофални зборови за него. Се надевам дека до крај ќе биде супер
Ќе биде, ќе видеш. Самиот пораѓај ми го направи со смеи и шали. Со тие болки што ги имав, (не ми фати епидурал) од него дури заборавив дека сум на пораѓај. Само глупости треси за да те расположи.
Ве молам препорака за доктор за втор скрининг. Кај Др. Димчев нема термини а и на одмор бил до крај на јуни. Се двоумам меѓу Гордана Систина и Кристинка Плодност. Некоја да има искуство со овие две докторки и дали прават и ехо на срце или и тоа треба дополнително закажување.
Јас бев кај Кристинка на 2 скриниг. Супер е докторката. За ехо на срце има др докторка во Плодност за кое треба дополнително испитување.
Јас кај Гордана правев втор скрининг, ми ја кажуваа како личност што не збори многу, но кај мене баш напротив, воедно ми даде и неколку совети за понатаму што никој дотогаш ми ги немаше кажано за жал, грло ми измери вагинално. Ехо на срце не знам дали прави, најдобро прашај во контакт центарот.
Јас да ви кажам направив ехо на срце кај др Лиле во Плодност по препорака од докторот. Докторката фина, прегледот траеше 5 минути, сите работи кои ми ги пиша во извештајот матичниот ми ги кажа на вториот скрининг. Не сакам да ве насочам да не правите ехо кардиографија ама мој совет ако нема насоки и индикации за тоа нема потреба. Ако има нешто и доктор на ехо ќе примети. Инаку на извештајот пишува заклучок дека зе исклучуваат ПОТЕШКИ аномалии кај срцето, значи практично си се штитат ако не дај Боже испадни нешто. Поголема аномалија и матичен ќе ја примети, артерии, комори и такви работи се е видливо на ехото.
Од каде таа информација дека е на одмор докторот, јас имам закажано на крајот на месецов, не ме известија дека е на одмор, ми закажаа термин.
А пред колку време закажа за преглед? Јас денес се јавив ми рекоа нема слободен термин а и на одмор ќе оди докторот. А кој период е на одмор не знам. Веројатно си имаш порано закажано термин кога ќе е тука. Јас сум задоцнила