Некаде имам прочитано дека постоеле некои аномалии кои се појавувале после 28г.н (иако биле исклучително ретки), па затоа го препорачуваат како посебен скрининг.
Zdravo, kakvo iskustvo za kaj dr. Drakulevski, osobeno za prirodno poroduvanje.. i jas sum kaj nego☺️
Здраво која е нормалната вредност за PLGF во прв триместар со кое се детектира прееклампсија ? Кај мене резултатот е 36.36 во ранг од 28 до 860. Матичната ми е на одмор па сега немам со кого да се консултирам
Здраво. Како поминавте на втор скрининг ? Јас бев кај Самарџиски во државна, генерално во ред беше само е збори многу докторот, само дека е се во ред... Детаљно ехо ми направи, тоа беше се.. Како сте поминале вие?
Многу стручен доктор, дури од други клиники ( особено приватни ) при не дај боже откриена аномалија, ги препраќаат пациентките кај него на второ мислење. И јас бев на 2 скрининг, зборуваше малку, беше фокусиран на прегледот.
Здраво, прва бременост ми е, 8+5 сум и моментално се е уредно. дали вреди прв скрининг да правам на приватно или да го правам кај матичната? Да нагласам дека е пренатален тест ќе правам и ќе имам резултати пред прв скрининг. Матична ми е Снежана Коруновска во Ново Лисиче, некој ако водел бременост кај неа па да ми каже.
Снежана Миленковска мислиш сигурно, она не прави скрининзи.. може ќе те препрати кај Пале Коруновски во центар ординацијата. Ама според мене иди си во државна или во Систина/Ремедика кај стручен доктор. Инаку д-р.Снеже е ок за водење бременост. Малку ладен однос има ама добра е.
да си направиш на друго место. или приватно или на клиника, матичните не се толку стручни за скрининзи
Фала ви. закажав во Систина, кога би била 12+5. Како се прави скринингот, вагинално или? Што се се гледа на прв? Да се спремам психички
Абдоменално е вообичаено. Гледаат дали има носна коска и мерат нухален набор, тоа се главните мерки што треба да произлезат од овој скрининг. Друго исто мерат на бебето, постелка гледаат, ама не знам точно што мерат. Не е премногу долг скринингот, не е се оформено кај бебето се уште.
Јас бев пред еден месец кај Др.Афродита во Ремедика, околу 30-35 минути ме гледаше и абдоменално и вагинално. Мерат носна коска, рачиња ноџиња, прсти, бубрег, желудник, рбет.. буквално се. Баш беше детално и преубаво објаснуваше докторката.
Доктор со мн големо искуство, началник е на ПИН, мислам дека не треба да се секираш. Кога треба збори и објаснува , кога не треба, кажува тоа што е и толку.