Во Марели во Козле имаш и готови. Преубави им се а можеш да ги начекаш некои вкусови на 30% до 50% попуст ако имаат уште ден-два до истек на рокот. Ова е таман ако ти за јадење одма. Имаат цени на веб страната нивна
Во црвената и плавата Канела е 900 и нешто, 1000ка, а за Романса последно земав средна големина васина торта и беше 750 а поголемата беше околу 1300, не сум сигурна точно колку.
И во Делиција може да купиш готова торта со стандардна декорација, цената ти зависи од број на парчиња. На онлајн страната можеш да видиш големина и цени.
Дечки , кажете што торта да му порачам на татко ми за роденден, имам пробано овошна ,вишна и чоколадна , некоја друга освен овие да смениме ? Имаат достава ? Колку се плаќа ако да ?
Незнам да ти кажам. Мене ми се блиску до работа па кога ми треба тркнувам до кај нив. Види на веб страната сигурно пишува
Еве ја има на Корпа, исто така и на нивниот сајт видов, ама се мења достапноста, па како ќе начекаш во моментот. Spoiler
За оваа слаткарницава зборевме погоре на линкот. Прашуваше членката која од нивните следно да ја проба.
Како љубител на кремасти колачи сметам дека нема добра слаткарница у ск барем до сега ниедна не ми се погодила. Не ги знам сите али тие што продаваат на парче скоро сите ги знам. Многу благи ги праат кај нас кога бев у Холандија и Белгија многу понеутрални беа и повеќе ми се допаднаа.