@Rubiii сличен распоред, плус/минус, кај нас фати околу260 мислам, 2*130. Зависи од многу фактори. Архитектот ќе ви каже што се е изводливо
Може да собере, само треба убаво да се направи планот. Баш е супер што знаеш што сакаш, на архитектот ќе му е полесно да дојде до решение кое што ќе ти одговара Јас работам со производство на мебел, и проектирање ентериери. За целосен проект, зависи од буџетот, може да ти дадам некоја препорака. Не можев да ти пишам ЛП, затоа вака.
Конечно ми се оствари желбата . Уште лед огледалото да го закачат и готова е. Од спалната се оди во собава па во бањата. Вкупно 9м, 2x4.5. Јакни и обувки во подрум ставив плакари. Тука само неколку повредни мантили оставив.
Луѓе Имам голем орман со огледало(го обожавам) само што ке влезам дома. Е сега на нерви ми одат алиштата што се за на работа и што ги облакам па на стол. Кажувајте решение како да ги средам?
Во спалната делот за плакар е со овие димензии, па во дилема сум дали да биде класичен плакар во највдлабнатиот дел и на ѕидот лево или би можело некако да се изведе да биде walk in closet *во меѓувреме чекам одговор и од ChatGPT Spoiler
Со димензииве може да се изведе некако walk in closet, само зависи што сакаш и што точно си имаш замислено.
@Mishela немам конкретно некоја замисла, немам баш чувство за простор и како најпрактично би се искористил... Скролам по Pinterest, единствено што ми дојде идеа е за аголот најназад да се искористи некако на овој начин, можеби и со огледало на вратата, десно некако отворен простор комбиниран полици и фиоки. Spoiler Слободно препорачај доколку имаш предлог за некој дизајнер на ентериер, овие по инстаграм што ми излегуваат не знам дали да ги контактирам, дали би се нафатиле само овој дел да го исцртаат пошто остатокот од собата ми е осмислен.