Советот е добредојден кога навистина е потребен и кога некој ќе побара совет од нас. Највише ме нервира тип на личност што напорно и нападно дава совет, без некој да побара било какво мислење, а камо ли совет. И тоа, буквално замара, упорно гњави, не можам да сварам такво однесување.
Дали барате совети и од кого? Дали можеме самите да решиме сè? Дали кога ќе побарате совет, седнувате да размислите дали е тоа попаметно од она вие што го мислите и дека треба да постапите така или си правите како вие што сметате дека треба? Велат, две глави подобро мислат од една. Ме поттикна да отворам дискусија тоа што јас секогаш самата сум носела одлуки, дали правилни или неправилни, мои биле. Моментално сум во период на тешки дилеми за важни прашања ама ниту барам совет од некој ниту пак јас знам кој пат да го фатам.