Дали некој знае што значи ако се сонуваш како невеста и да се качуваш по планина да се сопнеш и да паднеш. И зетот (не го видов кој беше) да те крене и да продолжите нагоре и да се скријате под карпа под сенка.
Сонуваф како околу мене имало мн пчели ама не ме касале така само иделе по мене и јас со дечко ми сме се криеле во една соба и пак пчеливе идат по нас јас сум ги буткала така самоиделе на нас и застанувале и јас сум ги буткала на земја и тие упорно пак по мене и се разбудифф сто можеда биде тоа сонуваф и несто друго ама само на пчеливе се секјавам
Сестра ми сонувала како ја болат и и паѓаат забите,од кои некои и останале.Јас знам дека тоа е болест или смрт..знаете ли вие некое друго толкување?
пред неколку дена видов едни преубави штикли салонки со платформа кремасти и црни хаха и од што неможам да дочекам 1ви да дојде нели моите да ми дадат пари да си ги купам, секоја вечер ги сонувам хахаха се опседнав
Сонував најлош сон до сега. Сонував дека сум била на некоја плажа со моите и со уште едни пријатели и ми паднало плин некако на рацете и ми се направиле дупки и сум се убивала од плачење да ме однесат во болница, но моите одбивале.. И после тоа класната од основно ми пратила во инбокс линк од некои вести и пишувало дека сум умрела и имало моја слика И пак почнав да плачам. Пред пола саат станав и многу лошо се осеќам. Би требало да значи нешто?
Сонував како се лизгам на снег беше многу убав нешто како на рамна планина и околу мене имаше и други кои се лизгаа и ми дадоа играчка многу убаво бело меченце...ве молам знае ли некој што значи
Сонував како сум јадела црн леб, тврдејќи дека одамна не сум јадела и колку е само вкусен... Толкување?
Сонував како заедно со дечко ми и најдобрата другарка требало да одиме на некаков си концерт. Целиот сон ми помина вртејќи се буквално во круг, ми требаше време да најдам што да облечам, па ми фалеа работи за облекување, беа стуткани, па ми требаше време да си ја направам косата, да се спремам, да си ги облечам чевлите, и целиот сон беше како низ магла, цело време се брзав за да стигнеме побрзо, а всушност се вртев во круг и се' одеше неверојатно бавно...
Сега не толку многу но порано многу често сонував еден многу чуден сон. Одев на некој пат и ме маваше премногу јака светлина во очите. Толку јако како некој блиц да застанал пред мене, и јас неможев да си ги отворам очите и да гледам каде одам. И така одев со затворени очи секогаш. Ги подотворував по малку но никако неможев целосно. Ми кажаа дека можеби некој влегол во собата и ја запалил сијалицата. Си помислив на тоа но не би рекла дека е можно. Затоа што на секое палење струја јас обавезно се будам. Се случувало сонот да го сонувам и кога сум била сама, каде што немало можност некој да запали сијалица.
Пред некоја вечер сонував дека требаше да се мажам, дојден беше денот, ама таму некој си кум не го знаев, ми имаше избрано венчаница,музика и се НЕ по мој вкус.. И избегав од свадба. После ме сретна, сакаше да му се извинам затоа што многу пари потрошил планирајќи ја свадбата, ама дрско и нервозно се однесував, му велев дека нема за што да се извинам затоа што тоа била моја свадба и требало да е по мој вкус. Значи потапа, амин.