Нокеска сум сонувала како тетка ми родила бебе, било малецко ко барбика ама цело време јас сум го чувала. И после тоа тетка ми ме однела со мајка ми да ја видиме куќата што ја правела, куќата била огромна и многу висока и сме се качувале по некои скели т.е. сме лазеле по нив и јас многу сум се плашела а они ми викале демек ништо не е страшно само оди
Сонував како трчам по пешкир по улица, комшиите ме гледаат и ме озборуваат а јас трчам како да не ги гледам и слушам
jас сонував како некој ѓа вол дојде до мене и ми го запали креветот.Тогаш мене ме заболе грбот.Што значи тоа?
Сонував како сум влегла во куќа на едни познаници, ама тие не биле дома. И тогаш нивното куче искочи и почна крвнички да ме лае, а јас прво се исплашив, па после почнав да му зборам и се смири. Кога тргнав да си одам го затворив кучето во соба за да не иде по мене, ама тие си дојдоа и останав со нив и знам дека седнаа да јадат и после се разбудив.
Сонував дека се спремаме цело друшто ќе излагаме, а бевме некаде заминати комплет, и јас така пред огледало се спремам и гледам во позадина дечко ми нешто збори со една наша другарка (а она оди исто со другар наш) и јас гледам дека нешто зборат и сфаќам дека има нешто меѓу нив и ко ја фатив ја истускав надвор почнав да ја вреѓам и и реков како не ти е срам ми ја расипа врската и така наклоци надвор, сакаше да влезе ама ја не и дозволив и замина плачејќи. Се враќам назад дечко ми као и он плачеше и ми вика нешто као заљубен сум во неа, готово е крај. Јас во себе липав никако да заплачам,нервозна без зборови. И така без везе се разбудив. Знам дека плачење на сон е радост, ама ова ситуацијава ептен чукната. Кажете ми ако знаете што значи. поздрав
Заглавивме синоќа со дечко ми една продавница. Имаше огромен попуст (на чоколади ) и цело време никако не можевме да се одлучиме што да си купиме Најненормални сонови имам дефинитивно
Што значи на сон некој да ви го чита дневникот, инаку му го дадов да го чита без гајле, како демек немало ништо посебно внатре напишано....??
Сонував како спијам во салонот и мм и децата ме будат,а јас сакам да станам но не можам очите ми беа како залепени со нешто ,не можев да ги отворам.Дури и болка чувствував при обидот да ги отворам очите.Што би значел овој сон.
Што значи да седиш на сред вода, на некоја карпа со Љубово, која чиниш жива е, и во водата цело време гледаш сенки како поминуваат, ама човечки.
Еве ти линк на кој мојш да видиш шо значат соновите http://me-chitash.com/servisi-na-me-chi ... nik/1745-v и http://www.sanovnik.rs/
Што значи да сонувате пчела?.Во сонот имаше една пчела,и цело време ми застануваше на главата ама сум се плашела и цело време сум ја бркала на крај знам дека ја убив.
Сонував како дечко ми оди на патерици, татко му бил еден лик од сериите, требало пари да му даде, и како крај на свет идело, не се знаело колку ќе опстане светот уште така. На ова се сеќавам.
Што значи да сонуваш како дечко ти ќе те запроси и потоа ќе добиеш прстен и златно ланче од својата фамилија, не од него?