Eпа вака девојки сонував како сум родила дете и сум го оставила в салон никој не знаел од дома само мајка ми фактички јас сум го кријала в салон од моите и не сум знаела како да му кажам на дечкото не сум знаела што да му речам и после некое време како што стоеше во салонот појдов да го видам дали е добро и мислам дека му дадов да цица ако некој знае што би можело да значи нека пиши ...ви благодарам
Јас колку што знам, да родиш значи да оттргнеш бреме, тежина од себе...ама од зборење ова, не сум сигурна...а и од искуство. Јас коа чекав резултати од последниот испит, се сонував како сум трудна, со ептен голем стомак, легната на скалите кај факултетот и водењакот ми пукнал и сум се разбудила.
Триста сонови сонував...ај ќе напишам само еден на кој најмногу се сеќавам. Сонував како со другарките сме биле на гробишта,бил некој празник,и на едно место стоеле 2 жени и продавале нешто свеќи или незнам нешто друго изгледа беше,што требало да се остави пред иконата.Јас сум си купила,и не сум знаела каде точно да оставам,они ми покажале каде,сум оставила,сум се прекрстила и си заминав.И така сум ги почекала и другаркиве и сме минеле низ гробиштата,имало народ,оти било празник и мислам дека нешто со другаркиве се смеевме за некоја глупост.Толку,не беше долг нешто сонов оти уште триста други сонував
Сонував кај мајка ми дома седиме и таму на гости ми е претпоставената и си разговараме. Одедаш таму седи и еден колега јас го прашувам што тука а он само ми се смееше. Јас се изнервирав и му реков да станеш да си одиш. Он зема како што пиеше кафе, ја преврти шољата како за кафе гледање цела беше црна од талогот и ја преврти на тацна. Ми рече додека да се разбудам јас ти да умреш. Јас се сецнав и се разбудив. Што значи ова? Малку ми е страв.
Сум се искачувала по некој ѕид ама колку се качувам толку ѕидот се повисок и повисок, рацете и нозете ми биле крвави... см го поминала ѕидот со тешки маки, а позади него имаше една огромна бела куќа, влегов во куќата и во неа лебдеа луѓе, ми посакаа добредојде и ме днесоа у една соба како кино нешто и ми пуштија филм.. уствари филмот беше мојот живот сите моменти од кога сум родена до сеа....
сонував чуден сон-како позади куќава имеше луге и како да игра оро а надвор и врнеше..а јас дома како да сум спремала ручек,па тука и сестрами беше нешто вака
Сонував како беше доцна навечер, и моите родители ми кажаа дека во маало ќе пристигне сестрами од Германија,порано од што требало, и после долго чекање пристигна автобус но само торбата од сестрами(во која имаше полно ќеси и храна) а сестрами не.. Потоа како се карам со една другарка(што одамна не ми е веќе така блиска) а другата другарка што седеше до неа ми се смееше цинично, и кога требаше демек да им кажам на мојте сегашни другарки за случката, они си играа криенка
Сонвав дека сум спиела и бил мобилниот телефон на брачеда ми кај мене, ѕвонел ѕвонел, а јас не сум кренала, дошла брачеда ми и муабети малку со неа, и после пак ѕвонел кренала брачеда ми и си праела муабети со некој, и толкуу беше сонот
уше вакви сонови ми фалеа...........некоја жена се караше со мајка ми па јас застанав да ја бранам ама типкава беше многу досадна и несакаше да оди па почна нешо да збори како ние дома сме имале река и реката ќе се излеела низ цела улица и така ние ќе наебеме втф глуп муабет и тогаш дојде комшијата и тој ја избрка досадната............................у двор го зборевме ова и беше вечер....................................................... и после сонував.............. као друг сон да беше........................ како другиот ден сум разговарала со господ у дворот онака као бела светлина светлина се појави и ме викнал па сум излегла надвор и убаво разговаравме............................................ и трет сон пак убиство сањав...............убиле мој другар од факс и баш ми беше криво.......................................
Наводно сум требала да патувам за некаде,и ете сум на аеродром со куфер и одам нели на тие шалтерите да го чекирам билетот.Службеникот(почна на грчки да ми зборува) дека некои документи ми фалат дека не може да ме пушти да одам.Отварам пасошот гледам сум ја заборавила визата,толку го молев и преколнував да ме пушти да одам затоа што ова патување било од голема важност за мене(и јас сум зборела на грчки) и си го пропуштив авионот го видов пред мои очи полетуваше.
..............а во врска со третиот сон гледав негови слики низ град и многу ми беше тешко.............. на другарот мислам.......................... и имаше многу снег зима беше........................ и се вратив дома од факс и пак во дворот и имаше цвеќиња у снегот.................................................... само во третиот сон имаше снег....................................................
sajonaramucaca- кавга поради озборувања -среќа во семејство/брак -несреќа,непријатности,страв Missbutterfly- позитивни промени
Сонував како со сестра ми и брат ми трчаме во темница и бегаме од нешто, сме газеле на железо ама успеавме да побегнеме иако беше многу опасно.