Сонував како сум била на море,ама кога сум влегла во морето, имало некоја материја со индиго боја место вода и таа материја била нешто како течност и цврсто,како желе,многу ми се згади во сонот.
Јас сакам да прашам,што значи на сон некој да ти дава пченица и ориз? Значи башка пченица,и башка ориз?
Баш ме интересира дали некој има толкување за сонов, сонував како јас и брат ми сме просјаци. Седиме на плоштад на едни картони и чекаме денарчиња од луѓето. Почуден сон не сум сонувала никогаш!
Сонував како сум била у школо(основно) и трчав за да влезам на час,се испоудирав у децата ама важно успеав у влегов. Си седнав сама на клупа и учителката ни даде задача да читаме нешто некој текст а ја зошто немав книга, му барав на другарчето пред мене кој исто така седеше сам( во реалност ми беше симпатија на времето и се мувавме пред 10 год.) ме задеваше, се гуравме седна до мене но не ме оставаше да читам, на крај ми кажа дека ме сака и се навали и ме цуна.... хахааххаххах Комедии ми се соновиве у последно време ау барем сонов ме врати на убавите денови од основно пред 10 години.... и многу ме интересира што би значел
posledno go sonuvav partnerot so drugar mu, na bivshata devojka negova drugarka i jas na kafe kako se karame zashto taa doshla tuka i sho bara. a majkami me sonuvala mene i partnerot koga pravime savadba a majkami ne me davala znae li nekoj da mi gi protolkuva sonovivee?
сонував дека сум била во продавница за бела техника и сум купувала далечински управувач.. што би можело тоа да значи?
Сноу Квин може да знам како ги толкуваш соништата, од книга гледаш, интернет или што? Јас баш побарав прее на соновникот на Фемина и пиша дека ме очекува некоја убава вест или изненадување, што е спротивно на она што ти го кажуваш.
Сонував како со некои другари сме се возеле на сплав. И некој другар кажал дека под сплавот имало некоја голема змија. Па вечерта немало каде да спиеме па сме спиеле на сплавот ама на сите ни било страв. И сабајлето кога сме се разбудиле една другарка била мртва од убод од змија. Сноу?
Сонував како сум била со уште две другарки на некоја улица..и сме имале заврзано неколку пара купаки за некој ланец.Потоа дошле 2 девојчиња и едната почнала да го влече ланецот.Тогаш едната од моиве другарки ја фатила таа и ја бутнала на земја,а другава непозната особа земала песок и фрлала во нас ????
.......сонував дека имав баба некоја грофица...........имав и постара сестра и бабава поише неа ја сакаше ја и бев у втор план...........па после се играв топка со старата............се подававме со оние детски топки...........кај мене дома бевме цело време ........па сонував дека треба да полагам математика поточно геометрија со шестари и триаголници требаше да седам до едно дете шо поима си нема.........а богами и ја ништо не знаев................па сакакв да искористам една другарка и побарав помош она да ми објаснува математика во иднина и се согласи..............и ја само си реков дека уствари сакам геометрија и ќе се трудам да сфатам...................и после продолжив да седам до тоа детето али бевме на некоја трпеза и гледавме шпанска серија....................ги знам инаку и детево и другаркава...............
1.Сум сонувала како сум била со една другарка на една тезга и таа си купила една нараквица и венче,а мене ми подарила чешел кој бил долг околу 30cm. и не бил прав,туку малку искривен како триаголник.Потоа сме се шетале,а јас сум се нашалила дека чешелот личел на некое нинџа оружје.Потоа сме почнале да трчаме,а јас сум забележала дека на нозете имам малку бела крема и сум и рекла да застанеме кај паркот,да ја тргнам кремата.Јас сум ја прашала колку деца има во нејзиниот клас,а таа ми кажала дека неколку деца ќе се преместуват во друго училиште.Потоа пак сме почнале да трчаме и сме застанале пред голема порта (портата претставувала врата на училиштето каде што сме учеле).Некој пробал да ја отвори,но било заклучено.Јас и некои други ученици требало да пополниме некои листови.Мојот класен дошол и сме отишле во некоја училница.Ни кажал,тие што не ги вратиле учебниците да одат до дома и да ги вратат.Од десната страна имало шкафови,а на два вратите им биле отворени.Јас не сум знаела од каде да излегнам,дали од кај тие врати или да тражам друга.Една девојка ми се насмеала.Кога сум ја нашла вратата сум излегла и сум си дошла дома.Во кујната имало неколку кришки леб и сум се чудела зошто никој не го собрал лебот,туку бил оставен така.Сум го вклучила компјутерот и сум почнал да ги тражам книгите.Но,не сум можела да ги најдам.По некое врем сум ги нашла и сум видела надвор на патот како има многу вода,која била малку калива и врнело дожд. 2.Исто така сум сонувала како сум била во кујната и сум јадела леб намачкан со крем.Мајка ми ми кажала дека ќе биде трета смена на работа,а јас сум се натажила бидејки ќе немало кој да ми направи шопска салата за ручек. Што значат?
Јас сум била на некоја претстава/всушност ревија со маникенки. Носеле прекрасни фустани. Јас сум седела во првиот ред,а имало и вртени скали за горе да се качиш,и од таму да гледаш. Тоа било нешто како простор за свечености. И добро..маникенките оделе по пистата а секоја носела различна боја/нијанса на фустан. Потоа дошло ред да се пее,се натпреварувале хороскопските знаци.. И од секој знак имало по еден претставник.Потоа сите знаци се качиле по вртените скали и се договориле дека ќе пеат во библиотеката на вториот спрат.Дошло време да пее рак. Spoiler Ова изгледа дека јас сум рак. И пеел што пеел,и на крај водителот рекол дека Сара(јас) знае дека тој пеел и тоа на микрофонот пред сите. И ми намигнал водителов. Сноу ?? Spoiler
Што значи да го сонуваш тоа од што имаш фобија?? Незнам како да го објаснам сонов,само беше мн страшно,таа фобија што ја имам!? Сноу?????
Јас синоќа неможев да заспијам до ниедно време. 4 часа се врткав, па се местев од кревет на кревет и на кај сум заспала само 1 час и за тоа време сонував некои си крипи сонови. Не ги паметам другите, освен овој. Значи сонувам како спијам со децата на дада. И во 3 часот вечерта таа доаѓа викајќи станувајте ајде и бргу качете се горе на горниот спрат. Јас и велам што е, што се случува. Вели дојде една жена и почна да мие садови. Се разбуди и мајка ми и ја прашувам како се истеруваа таа жена, ми вели само ако и велиш грди зборови. Жената беше многу језива, и некако се истера надвор. Ја снема. Што би можело да биде? Ме подзамисли жената, во 3 часот, и зборовите со кои би требало да биде истерана.