Јас сонував како сум му пишала порака на *** демек сакам да се видиме или нешто во тој смисол беше...и ми вратил ајде може ќе се видиме некогаш,сега неможам...
Уффф ова е сонот кој е мој кошмар, и кога ќе се разбудам сред ноќ палам светло и не спијам веќе. Нели не мора да значи дека соновите секогаш предвидуваат нешто, но ова значи болест (или смрт) и поради тоа мн се вознемирувам кога сонувам нешто со забите. Сум слушнала некое толкување дека ако ти паѓаат катниците / умници, незз како се викаа тие последните заби, значи дека се работи за некој од домот, а ако се некои од предните заби дека е некој подалечен. Но како што реков, не мора да значи дека сонот има некакво значење.
1.Сон- Сум се шминкала и ептен сум се бендисала, и после низ шминките барав нешто и најдов една плава маскара и сум се чудела откаде, како шо. 2.Сон- Дошол еден другар на бившиот дечко кај мене на врата, сме седеле со другарка ми и јас баш сум се зачудила зошто дошол, и само ми рекол сега ќе ти покажам слики од либето твое Сноуу??
Сонував како сме седеле во кафиќ, на дечко ми му заѕвонил телефонот и му се јавила женска особа да оди да ја земе од некаде. И тој ми рекол одам јас да ја земам и јас сум му одговорила ако одеш подобро и не вракај се веке. И отишол тој, јас сум почнела да плачам и дошло до прекин на врската. Глуп сон но можеби значи нешто?
simoncelicius- се сеќаваш какво бебе било машко/женско? A.n.n.a.b.e.l.l.a.- те очекува лош период, многу препреки,невистини и потешкотии Underbelly- не се плаши од сонов, ваков сон не може да е лош, само деновиве отиди до црква, запали си свеќа и остави некоја пара на иконата на богородица Sara123- веселба/авантура
Денес сонував многу работи.. 1сон- Сонував вода. Јас бев влезена во водата. Мислам дека бев во река, до пола бев влезена. Водата како да беше бистра.. Јас ловев риби. Потоа си отидов дома. Сакав да им покажам колкави риби сум фатила но никој не сакаше да види. 2сон- Сонував една многу убава девојка. Беше со црна собрана коса. Имаше вел/шамија на косата во темна боја исто како и фустанот. Носеше долг темен фустан. Нејзината судбина била многу тешка. Живееше во една бела куќичка, со големи прозорци и се сеќавам на еден портокалов украс покрај прозорецот. Потоа ја однеле на друго место да живее. Се гледаше дека животот не и е убав, измачена беше девојката. Па потоа ја продале на некого, но тој не ја сакал. Никој неа не ја сакал. Така нешто беше сонов.. Таа сакаше да избега од таму.. 3сон- Таа истата девојка, ја сонував кај мене дома како беше. Но сопственик на мојата куќа беше друг човек. Кај мене во соба имаше аквариум во три портокалово-бели риби и некои други во различни бои. Таа девојката рече дека рибите не можеле да дишат, ќе умрат рече. Потоа сопственикот на мојата куќа рече да им помогне, но девојката рече дека не знае.
Macushkaa - коњот се сеќаваш каква боја бил? црн или бел? -предупредување во пријателството passion.for.fashion- мал напредок kikkki- ќе имаш потешкотии, многу ќе ти биде потребна помошта од пријател/ка
TeaB-имаш заштита за која не си ни свесна hrcace-новости AnaKarenina- не се ослонувај многу на верноста и пријателството Lux- да падне,смрт(но не мора да значи дека е некој близок) а да вадиш,прекинување на контакт со некоја личност
.....малку нејасен и низ дупки сон......јас и некои другарки што не ги познавам инаку сакавме да намамиме некого за да го убиеме инаку и тој сакал да не убие нас......дали ми е од филмови неам поим......подготвувавме свадба на другарка ми за тој да дојде и таму да проба да направи нешто................на свадбата бевме поканиле многу гости.............мислам дека младоженецот ми предложи секс кога јас и тој припремавме нешто ја го одбив.............а овој непријателот требаше да дојде пред свадбата за да завршиме со него..........после рековме дека не треба да има и гости...........дојде и другаркава паничеше како тој ќе и ја уношти венчавката.........и нејзините родители беа бесни незнам зашто................тој дојде и за малку ке го убиевме али свати во што е работата и наеднаш направи да почнат да доаѓаат гостите и тука се наполни со луѓе и така тој се спаси................и другаркава замина со белиот фустан и се мажеше во канцеларија......... ......па овој дел поише ме интересира.........за тоа време бев дома и носев влечки...........во куќава имаше мали црни животинчиња ги викав МАЧКИ али поише личеа на глувци....верверици...така нешто....нејсе ги викавме мачки..................и една од нив дури беше се ова околу венчавката ми се закачи да ми ја гризе влечката......значи сакале гума и ја гризеше гумата со тие два предни заби како на верверица многу али многу силно и никако не пушташе............јас ја одбивав со сета сила неќеше да пушти..............мене ме фати страв во моментот да не ми ја гризне некогаш така и кожата...........незнам како се пушти............му реков на татко ми...........да ги избркаме мачките од куќава....се закачи за влечката некогаш може мене да ме касне..................татко ми ми рече ако нека останат...........тогаш дојде и на неговата влечка се закачи.............јас му реков ќе те изгризат....а јас како да не бев веќе во опасност...........тој ми рече нешто како нема гајле.....се си мислев дека чува мачки дома за да бркаат глувци .....................не ги избрка.................после требаше да излезам со ова "криминалното друштво" :и на излегување од блузата што ја носев штрчеа конци и парталчиња.....а вујко ми зеде ножици и ми ги среди.........тогаш ја облеков јакната и заминавме.................. ........и уште го сонував дечково......... и тој ми нудеше провод али и него го одбив..........знам дека во сонот се осеќав многу посакувано и самоуверено али сакав да бидам сама..................
сонував кај што сум била да гледам една свадба кај мене во околината еден од свадбарите бил со тој што се гледам моментално ме бацил ама премногу сум била усрамена и сум прекинала сум мислела дека сите во нас двата се гледаат меѓутоа тој што правел свадба сега е женет и има деца
Сонував како бев седната со друштво некаде и јадев нешто. се свртев одеднаш и ја погледнав мојата Spoiler симпатија ме препозна и беше пресреќен што ме гледа, целиот беше насмеан и облечен во бело. Го видов и станав да одам некаде, тој си ги избриша рацете со еден бел пешкир и почна да оди по мене, мислеше дека станав по него ама јас почнав да бегам од него, видов едни скали и се симнував по нив, бев многу возбудена несакав да дојде по мене....и незнам што се случи понатаму. исто сонував како затворам бели прозорци, надвор како да дуваше ветер, многу тмурна нок беше.
CIA-добри погодни вести Adi888-самата се одвојуваш од одредени луѓе а не тие од тебе -поволност creshicka- ќе добиеш важна задача TheCandy880- кратка болест
Сонував како мајка ми,татко ми и јас сме оделе во викендичката со кола,ама оваа поинаква кола,помала,некако почудна и мајка ми и татко ми биле внатре,а јас однадвор од колата сум се фатила и сум се дрзела да не паднам и сето ова време татко ми ми ја плескал вистината во очи,цело време збореше за сето лошо што стварно сум го направила и јас се нервирав,истовремено и душата ми плачеше,а и се дрзев да не паднев..... Сноу?
сонував како сум била кај баба ми на гости а нивните комшии правеле некоја веселба ама траела повеке ноки онака имало полно народ кај нив а јас стално сум одела и сум си крадела по нешто и на крај ме дознале мислам дека злато крадев несто како златен саат и бележица или прстен бесе несто ајде сноуууу
Сонував како јас,една моја пријателка,брат и,мајка и на пријателката и мајка ми сме биле на одмор во Охрид.Сне имале една наша кола, подрасипана била,ама се возело,моторот заебавал така понекогаш,ама јас сум го направила(за чудо) и сне стасале некако до дома .Сноу?
Не се сеќавам на цел сон, само на еден дел што ми остави впечаток, отворив капак од нешто и внатре имаше мала зелена змија со големи очи. Не се исплашив од неа, само се изненадив.