Не е тазе сонов ама го паметам. Што може да значи? На сонов бев дома и слушам на врата ѕвонење. Отварам врата и пред врата гледам две женски бебиња. Па ги зедов, играв со нив, ги гушкав. И толку се сеќавам. А, да, беа облечени како зајачиња како што имам јас дома кукле, беа облечени како зајаче. Сноу?
Мразам кога сонувам вакви глупости али ајде...... Сум била бремена но многу брзо поминале тие 9 месеци и сум се породила со царски рез и одма нардниот ден не сум ја ни осекала раната или резот па во себе сум си велела не болело толку како сто слусав.мајка ми ме прашала зосто сум станата од кревет и тоа дома сум била а јас и одговорив дека не мие нисто и си го видов резот а и на мајка ми и го показав.сум отишла до бебето за да го пресоблецам и несакајки некако му го превијав рацето и се разбудив.и да маско бесе бебто. Сноу сто би мозело да знаци цел ден мислам. Ти благодарам
Вака гледам дека бараш објаснување од сноу ама ајде и јас да кажам во врска со сонов, да се умешам ако си мажена сонов значи голема добивка и благосотојба но ако не си тогаш значи дека ќе доживееш некое многу болно искуство кое во текот на наредниот период ќе те зацврсти и ќе можеш по рабирливо да ги гледаш работите и на крај ќе сватиш дека имаш добри пријатели и ти следи исполнување на некоја желба..поздрав срце ќе слушнеш некои неочекувани новости кои ќе допринесат за семејна среќа. поздрав Модератор: Користете го копчето редактирај за дополнување на пост, наместо да испраќате две мислења едно по друго.
Ајде и јас со едно сонче неразјаснето. Сонував завчера сме го виделе со мама дедо ми(нејзиниот покоен татко)лебдел над нас ,беше облечен со плава светла кошула и мајка ми истрча кон него,јас извикав немој мамо ,ама за среќа тој одлета само успеа да го види. Потоа отидов со дечко ми кај стрина и на мама и сум ја штипнала за образ,сум и честитала слава ,таму беше и другиот дедо(тој е жив)и ми рекоа да пратам некој емаил на првиот братучед на мама,и кога излеговме од зградата,имаше многу скали,па излеговме на страна под друга зграда и со дечко ми имавме секс . Како да го толкувам ова Ги очекувам СНОУ ИЛИ МАФИ
И покрај малото неспокојство,љубовен напредок не ти бега. копнееш за поголема блискост и за повеќе авантура.
Ти благодарам мила и да мазена сум па ајде да видими дали навистина ке се исполни желбата.оцекував одговор од сноу незнаејки дека и ти знес да толкувас сонови.се извинувам и благодарам усте еднас. Секогас кога ке ја видам мајка ми во сон се пласам да не и се слуци несто... Поззз
Синоќа сонував како сред ноќ сум се разбудила и сум отишла во веце, кога таму во кадата лежел татко ми мртов со прекрстени раце и гол, а во кадата имало малце вода.Што значи тоа?
Сонував како сум возела точак.Одеднаш погледнав доле и гледам дека ланецот на точакот паднал што значи се расипал точакот,но уште вози точаков не застанува.. што може да значи тоа?
Јас сонував како сум имала детенце, во сонот бевме со маж ми и детето и нешто беше толку смешно што почнав на глас да се смеам и така се разбудив, смеејќи се. Осетив дека се смеам на глас еј многу беше морничаво, поморничаво е кога се смееш него кога плачеш во сон.
Ноќеска сонував како сме биле со моите за Берово и како сме зеле од едната куќа храна и други работи, сме ги ставиле во торби и ќеси и заедно сите сме ги однеселе во другата куќа. Додека одевме се смеевме. Имаше со нас еден дечко и тој ме качил на грб и ме однел. Кога стигнавме таму, ги оставивме торбите и ќесите, и тука заврши сонот. Инаку куќата во сонот, онаа каде што отидовме, не е ни малку иста како таа што ја има тетка ми. Можеби сонот нема значење, ама пак да си прашам јас.
Сонував дека сум бремена со машко дете, ама главата на детето во стомакот му била скоро на грбот. Некој??
Последно сто сонував бесе како јадам лук и тоа не малце туку 10 чешчиња.Во еден соновник пишуваше дека-имам многу непријатели,а во соновникот на фемина пишуваше друго нешто.Нејсе нема лошо значење сонот
RainBow- ќе се впуштиш во некаков си потфат starbucks- кога ќе ти биде тешко ќе добиеш помош од неочекувана личност pamelche- тежина,се ќе биде врз тебе katalina- некоја твоја постапка ќе има лоши последици
Во последниве 2 дена се бившиот го сонувам. Синоќа сонував како сме биле во домот Пелагонија и сум се карала со неговите, како мајкаму повеќе ја сакала таа неговата нова девојка зашто не готвела, јас со него сум била во некој автомобил и често сме се карале, тој често пати ќе ми речеше дојди тамо и тамо и јас сум отишла а место него доаѓал некој негов другар. После како седиме сите и јас готвам и тука е баба ми ( бог да ја прости) правам супа и пире и никој не го јаде. Понатака не се сеќавам.... Барав во соновникот под кавга но излезе нешто друго... И што би значело ова?
леле фала ти многу snow queen,досадна сум знам ама еве уште еден сон:кај мене дома на тераса седеле мајка му и сестра му на бившиот и јас сум им покажувала некој мој накит,после имало таму некое мало маченце и јас сум му ги отсекла предните ноџиња и не му течела крв туку нешто како лушпа од банани му биле а тоа не врескаше,после му го отсеков и јазикот и опашката и тоа пред нив и пак не му било ништо,леле страшно ми е кога ке се сетам,а и бившиот бил на тераса сме се договарале нешто(а инаку у реалниот живот сеуште ме кани да излеземе but i dont think so )ај translate и на ова please
абе срце лош сон!!! ќе имаш некои грижи, непријатност,срам, беда, некоја несреќа. поздрав ама не верувај многу на соновите.уживкај
Сонот го сонував дента на Богородица, сум задремала попладнето Сонував како одам по некој правлив пат, посеан со мали камчиња и оддеднаш се појави една женска која ме прашуваше нешто на хрватски ама не ја разбирав, нешто као ме прашуваше за крстење и одговорив дека сум крстена во црква православна. Наредното се најдов како во црква ама не како нашите со икони туку некои ходници и големи соби ама сум знаела дека е црква и сум сакала да оставам пари, извадив парите ама ми паднаа па ги собирав од подот, додека ги собирав се мислев колку пари да дадам се мислев 50 денари ама као срамота е малку се и на крај се одлучив за 100 денари. Парите и ги подадов на една која изгледаше како часна сестра и таа ме праша од каде сум и реков од Скопје(не сум од Скопје) и на таа првата жена која ми се појави мајка и се појави од еден крај на собата и ме праша дали Матка е во Скопје, за да од друг крај на собата нејзината мајка и одговори дека да Матка е дел од Скопје и на крај ќерката на првата жена влезе во собата и ми подаде цвеќе.