1.Во тешките времиња кои доаѓаат ќе успееш да склопиш добри бизниси. 2.Голема среќа во семејството. Добри вести. Напредок ,чувај се од завидливи пријатели.
сношти на сон за момент се најдов во куќата на баба ми и дедо ми на село со најмалото братче. во куќата беше темно, ништо не се гледаше а брат ми плачеше и викаше по мене. го најдов, ме прегрна силно. се разбудив испотресена и исплашена, ваљда од темницата. па?
последниве три месеци цело време го сонувам бившиот (со кој бев 5 години) скоро да не речам преку една нок како сме некаде со друштва и он иде да ме задева паа се прави недостижен па се смеме после и што би се рекло летам во облаци а потоа се е само сон... а веке сум во врска година ипол со друг кој го сакам ме сака значи преубаво ми е .... ама сонов мн ме буни.... pls help
Сонував некаде на убаво место како се шетавме со дечко ми. Ме држеше за рака и се чуствував во еден момент зачудена велев како така се опушти ко демек пред тоа никогаш така не правел.Тој беше срце,а јас се чуствував и среќна и зачудена истовремено.
Една комшивка тука, ми беше школска до осмо, сега брзо слушнав дека ќе прави веридба и дека била бремена. И јас сонувам како ја гледам неа со стомачето така поголемко, беше застаната во профил и разговараше со некого. Што би можело да значи ова?
Сонував како седам пред компјутер и одеднаш ми пишува еден дечко(порано само така се мувавме и идев дома кај него ама не бевме во врска).Сликата на профил му беше чудна целиот беше изменет,имаше брада. Ми велеше сакаш пак да се глеаме незнам што.Јас велев не јас неможам така а тој ми рече ама не така да се сакаме сакам.
1.сонував како си ја фарбам косата сама со кна 2.се наогав на школо и таму беа некои школски од средно,јас се осекав како згубен случај,никој не ме викаше со него,нон стоп си останував сама 3.кај нас на тераса седевме и стигнаа некои огромни кутии од странство а внатре помали,газдарицата од работа била таму и почнала да им лепе цени на стварите за продавање ке биле а не за нас,во една кутија имаше обувки сите беа убави но црни,имаше и еден пар бели со малу розово што ми се допаднаа и си ги одделив на страна,во друга кутија имаше две кокошки и одма побегнаа а и еден петел кој исто побегна ама го викнав и пак дојде и ми заличи на куче и почна да се гали со мене
1.Самата ќе се залажуваш за некоја работа. 2.Весело и располижено друштво. 3.Кавга со женска личност ,после која те очекува голема среќа.
Сонував како влегувам во слаткарница, и гледав разни слатки се мислев кои да ги купам и продавачката ми рече земи ги овие, пробај едно и зедов превкусно беше и и реков дај ми од овие. Ги измери на вага, во едно кесе и вадам пари и давам, ама одеднаш се налутив зошто толку многу слатки ми даде, и ги фрлив од бес и си излегов??
Ај некој нека ми каже за што може да се работи? Се разбудив со целосно мемориран сон кој идеше вака: мојот стан и сите луѓе унатре биле запоседнати од некоја убава млада плавуша (како актерките од акционите филмови, слична на Анџелина Џоли), сме ја убиле и сме чекале да се разбуди оти требала да се престори у зомби...и сите со најразлични ножеви у раце чекаме да стане и да ни се приближи. На крајот станува ми се приближува и ја прободувам пред очите на сите присутни. Башка, бев во козметички салон кој се наоѓал во некоја скоро распадната сива зграда најгоре, имаше мала просторија кај што се вршеа сите козметички услуги, али ја не сум отишла таму за средуење него за придружба. Другаркиве откоа се средиле у нокти си отишле и ме заборавиле. Ја сум била малку време лута на нив, па сум слегла доле сама и на враќање среќавам кучиња од двете страни,и пред мене и зад мене, али поминувам иако стравувам дека ќе ме каснат ништо не се случува. Сретнувам личност која последен пат сум ја видела пред две години и со која имаме изгубено секаков контакт, се прегрнуваме банално како вчера да сме се разделиле. Му има ли на некој смисла ова чудно кошмарно парче??
сонував како мајка ми и брат ми не напуштиле мене и татко ми , уствари ја сум мислела дека она е киднапирана ,ама искочило дека не остаила за некој свештеник имала нешто со него -.^ јас ден после тоа цела вечер сум прашувала кај е мајка ми дали се вратила и сум си легнала ,сум станала да се напијам вода сум отишла у кујна сум го видела татко ми како сече праз и само трепнав и отворив очи ја видов мајка ми како сече праз ,сум се вратила неколку чекори назад сум се сопнала сум паднала и она ми рекла тоа ти е коа не глеаш добро и се насмеала ?
Овај сон денес го сонував.... -Сонував дека сум родила женско бебе,и сум го крстила Мила. Што би можело да значи?