Сум сонувала како татко ми и дедо ми требале да одат во Австралија.Дошла баба ми кај нас.Јас сум велела ама мамооо и јас сакамм да одамм...мама ми викаше немаш време да се спремиш ова она.Јас пак плачев и велев и јасс сакамм да одам..баба ми велеше не седи тука.Беше 19:45,јас и велев еве имам уште 10 минути ќе се спремам брзоо..тие ми велеа не,и последно што видов беше 19:56 часот.
Што значи некој да ти дава многу слики-туце (ама испринтани беа не како оние по албумите и + поголем формат како а4 формат) а на едни две како што ги загледав како мене да ме цртало детето ?
сонував како јас и две мој другарки на голем одмор ја прашувам ќе купиш или носиш јадење и едната рече ќе купам другата рече носам
сонував една блиска другарка која почина неодамна и во мојот сон беше жива,разговаравме нешто ама не паметам што,таа седеше настрана некако а јас на стол и имаше маса пред мене и имав една чаша сок и една жена ме молеше да ми стави уште една чаша ама несакав и сепак ми стави во уште една чаша сок,и цело време се мислев како да и кажам на другарка ми дека е мртва и се плашев кога ке тргне да си оди да не го виде нејзиниот некролог на бандера и да не се натажи ,а толку си ја сакав
Сонував дека сум била на поранешното работно место,и таму дошол бившиот мој, првиот бакнеж ми беше со него.. И тука биле сите вработениве и сите знаат дека сум во брак, и тој кога се поздравувал со мене, ме залапал, и ме повлекол надолу, ии најважното е што и јас сум му возвратила, знаејќи во сонов дека можам да си го уништам бракот ако вработените кажат, и поважно, кога сме сме спуштила надолу сум му шепнала касни ме на обрза да речам дека си ме каснал и заради тоа сме се спуштиле надолу, и сум се развудила, не сум ја видела реакцијата на колегите.Кога се разбудив, слатко си се насмеав, дури и како да ми било мило и слатко.. . Инаку сум во добар однос со бившите колеги, а со овој бившиот не комуницираме многу..
Сношти сонував дека сум водела љубов со бившиот, сум се чувствувала преубаво, и во сонов сум се задумала кога нареден пат да се видиме, знаејќи дека тој до 18 е во градот, после заминува на факсс... Што можи да значи??
сонував како сум седела со некој дедо и ми гледал на кафе,нешто како предвидувач бил и таман да ми каже нешто како да не прекинувале и нешто како нејасен ни бил разговорот
Сонував како личноста што ја сакам (а не сме заедно) дошол кај мене на гости јас сум била нерасположена и сум седела на стол тој дошол позади мене и ме прегрнал и бакнал на образ и ми кажал " Абе не се секирај ќе биде се во ред". Сум му спремала вечера и тој сам вечерал, потоа стоел на мојата тераса и си играл со малечко кутре лабрадорче такво светло убавко и јас сум му викала да влезе внатре да не стое на терасата. Што може да е сонов
релаксирај се и престани да се чувствуваш како изгубена го сонуваш ова затоа што го сакаш. Сакаш ова да се исполни... немој да избрзуваш со одлуки нервозна ќе бидеш кога ќе се зборува за минатото и твоите чувства нема значење
сонував дека процесот на пораѓај ми започнал на 25 април а нели краен ми е 3 мај. Има ли нешто врска сонов ?
Пред некоја недела сонував како ми гори куќата ,а во меѓувреме една "'другарка'' ми носи бебе и ми го дава и ми вика као нека ти е живо и здраво..а позади неа оди мајка ми и носи уште едно бебе во рацете и после се разбудив.На што ќе да е ова?
А што значи да сонуваш дека се возиш во некоја стара и мнооогу тесна кола? Од оние пегличките. Тесно ти е неудобно, али се возиш. Прво ме возел еден роднина, па потоа јас возев. Немаше ни педала....... И што значи влакна на нозете? Фала многу
Значи сонувам две вечери по ред... Првиот сон е како еден од моја генерација (и сеуште учиме заедно но во посебно одд.) и сме биле во врска, и не се понашал лошо баш беше добар! И вториот беше со еден дечко од поранешното одд на сестра ми, тој прво ме прашуваше нешто па потоа ми се додворуваше и на крај одел по мене...ама јас сум го игнорирала... Ако може некој да ми каже што значат соновиве, пошто скоро исто сонувам две вечери по ред?
Да прашуваш нешто некого што ти треба и што ти е од помош, а да ти се лицемерни, да ти се смешкаат и да се прават намерно дека ништо не знаат? И јас тогаш им се изразвикав со цел глас многу емотивно дека ми е потребна таа информација и тие видоа не видоа ми кажаа. И така јас заминав одтаму со една другарка што се најде тука ама бев уште под емоции од тоа.
тие лицемерните навистина постојат во твојот живот. Пази на кого му се доверуваш среќа патот кон успехот ќе ти биде тежок