Сонував како ми донеле поклон неколку сукњи извезени со нешто вредно.. Бојата им беше сина, светла. Мене ми се допаѓаа. Мислам дека сите беа слични или исти. Ги сместив во шкаф.
Како сме бегале од неставничката што ни беше од 1 до 5 бевме во една зграда и се криевме а она цело време не гледаше
Само што се разбудив.. Сум сонувала како сум во продавница и сум им продала нив палома и ми дале многу пари.После тоа сите луѓе што бевме во продавницата станавме џинови и си земавме се што сакаме за фрее.Јас отидов кај телефоните и ги прашав продавачите дали може тел. да земам тие не ми рекоа.Потоа земав еден телефон ама само да го разгледам и си играв на него една мн. интерсна игра и одма гости ми дојдоа ....
Spoiler сакав да направам некаква драма и отидов кај некој другар од малото а тој бил во драмска секција и ќе станел познат глумец и намерно го сретнав тука кај улицата и му се пофалив дека имам добро сценарио и дека е дури од Србија е дека е продолжение на книга од некој познат писател. И тој беше изненаден позитивно, си рече од каде успеа да го најдеш и се договоривме за соработување работата беше што јас и го немав баш тоа во мене ама си реков, ај ќе изведам нешто и бев задоволна. На враќање дома, а беше темница, во дворот ја трчав по топката а таа ми се пикаше во тревите, си викав аман ако ми излезе некое животинче дур ја барам топката и така напипував во рака ама ја фатив и ја зедов в раце. Тогаш видов една жена како влегува во дворот и ми беше чудна и се исплашив. Не можев да и го видам лицето ама на крај го видов, беше една плава ама мислам дека беше непријателски расположена со мене ама не беше тука заради мене Сега кога ќе се сетам таа личи на една жена што ја знам а имав непријатна случка со нејзе И после видов луѓе се мотаа тука, мене ми олесна демек не биле некои за да ми наштетат, и го видов трендо од милионер со мало дете во рацете
леле филм цел....малку има значење - не му ќути на другите, бори се за себе бараш поголема слобода не си ја сакала многу наставничката изгледа несогласување среќа, промена да не си била гладна дури си спиела или па толку многу ти се јаде еурокрем ве чека предизвик во врската
Сонував како ми било роденден и другаркиве мои ми спремале изненадување со симпатијата, ама многу врнело дожд и сум отишла во некоја соба.После другарките наместо со симпатијата дошле со некоја девојка, симпатична и не оставиле сами.Јас сум била среќна и сме се мувале со девојката (не сум лезбејка, тоа никако а не сакам ни да бидам ) Некакво значење на сонов?
сонував како го управував автомобилот на дечко ми,но од совозачкото седиште...само управував со воланот и ја префрлав ногата за да закочам...а позади седеше сестра ми,...што би можело да значи??
Ноќеска сонував како преку прозорецот во мојата соба влегува црно куче и почнува да ме брка, а јас бегам ли бегам. Што значи?
The-Queen напиша: Ноќеска сонував како преку прозорецот во мојата соба влегува црно куче и почнува да ме брка, а јас бегам ли бегам. Што значи? кучето е твој непријател кој је се обиде да ти наштети,но не грижи се нема да успее
Сонував како ми кажуваат дека некој далечен познаник починал и кога мајками ми кажувала јас како почнав да се онесвестувам но одма се освестив
Незнам што точно сонував ама знам дека имаше голем објект али имаше премног бои мнгоу бои како се да било во боја црвена,жолта, онака премногу бои и имаше огроман светлива ко сонце да пукаше..дали нешто значат боиве? Пс.Значи нешто сина боја ?
Како сум можела да зборам со духови и еден дух ја отвори вратата од фрижидерот и внатре имаше многу премногу храна а од кревет не можам да видам дали има нешто во фрижидер .И сум се молела да не ме повредат
Со другарка ми сме отишле во некоја просторија и таму имаше многу машки меѓу кои беше нејзиниот симпатија.А јас пак удрив некој несакајки и нешто реков и блабла се разбудив..глуп сон