црвена боја - период исполнет со многу страст и среќа во љубовта. жолта боја - претстојат проблеми од најразлична природа и многу нервози, но и покрај многуте пречки ќе постигнете значаен успех. сина боја боја -Симбол на оптимизам, мудрост, посветеност и лојалност.
Сонував дека јас, мојата најдобра другарка, мајката и братот на една друга другарка бевме на нива.. Гледавме, имаше некои интересни слики.. И одеднаш ме викна некој.Кога се завртив ги видов тетка ми, тетин ми, братучед ми и баба ми која е смртно болна, собираа црвени јаболка .. Баба ми која е смртно болна и очекуваме да умре беше облечена во пижами.Ме викна да им помогнам и јас отидов.. Понатаму не се сеќавам
Сонувава денеска како ми бил раипан заб,шеска мислам беше, и сум пошла кај стоматолог и константирал дека ми бил премногу расипан забот ,многу,ама многу и не можело да се попрвата без анестезија,и тоа нешто како операција требало нешто како операција,па ми ставиле инексија(анестезија) за да спијам па да ми поправаат спиеќи.Сум лежела во посебна соба како во болниците,и на бела прекривка, ме болело многу,и ми кажале дека еден ден не ќе можам да зборам.Ми го поправиле и сум се разбудила,и сум можела да зборувам за чудо и се било во ред(конечно)ми беше мачно и тешко во сонов . Немој да ми речете смрт. И друг сон во истава вечер.Сум се возела со велосипед јас,и секое одење до маркет со велосипед сум одела иако маркетот ми е два чекори,и така многу пати сум се возела со велосипедот и како кеиф да ми било за што имам велосипед.Страшно беше.
со забот е тоа што не сакаш да ти кажам и несреќа. За вториот ќе бидеш задоволна со нешто што го имаш идеите и некоја желба ќе ти се оствари, бар то ми кажуваат јагодите нема значење мораш позрело и мораш да се соочиш со чувствата
Не разбрав несреќа или смрт?На близок или подалечен,имам слушнато дека предните заби значат блиски а петки шестки се подалечни па сега незнам.
1.Сум седела со друштво во школски двор.И така седиме и гледам пред мене незнам што беше нешто со јагодна на лист некој беше и другар ми нешто аа јагода јагода и јас извадив лижавче од јагода од џеб и му го дадов.Се изнасмеавме.Потоа така си седиме и одеднаш петарди ама како огномет долу беа во сите бои.Јас и викам бегајте,тргнете се.Низ цел школски двор така беше,а само ние бевме таму.Потоа ги видов тие роми некој ги фрлаа овие чуда.Се затрчав кон влезната врата во училиштето и ја гледам класната и дале микрофон и да зборува пред камера.Во тој момент згазнав во вода внатре во училиштето(беше бистра). 2.Се уклучувам на фб и гледам бившиот ми ставил на ѕид песна.И горе пишал веќе не си моја,ти ја посветувам песнава,ми недостигаш.Другарка ми беше до мене и се изненадивме.
сонував како сум тргнала сама да одам од местото кај што живеам до центарот на градот а има околу 2-3 км и тоа без обувки,боса,и требало да одам некаде со некој ама појма сум немала со кој,и ми текнало дека сум си заборавила пасошот ама пак си продолжив и ја сретнав баба ми ни идела на гости и се вратив со неа,и дома сум пробувала некои обетки и гердани,де со зелен камен,со црвен камен и на крај сум искомбинирала со бисери а пред тоа сонував нешто како едно место кај што бев на одмор се наогало овде и имало снег наоколу и едно езеро или море и лугето се капеле и покрај снегот
Постојано веќе некое време истиот сон ми се повторува,бакнувам и водам љубов со личност на која никако не можам да и ја видам фацата.Би сакал ли некој да ми каже дали има значење сонов?
Прерано ке се израдуваш за нешто што може да дојде до некој несогласувања дома потоа се ке се среди Некој проблем ќе имаш со злобни жени
И мене неколку пати ми се има случено да се среќавам со непшознати лица,да правам муабет,да излагам со нив и сл.Па може е знак дека некогаш ќе ги сретнам истите ликови.
СОнував како сум во веце и наеднаш многу деца се појавија на прозорците, влегоа внатре во вецето и ме видоа гола
Значи вака 1 месец како нонстоп сонувам вода дали тоа ќе е река езеро или базен не е матна водата,дали некој знае што може тоа да значи?
Сонував бев во куќата на дедоми, сама бев таму оставена ноќе беше некаде 12 часот ни телевизор немаше ни никаво светло така одев сама знам многу бев исплашена излегов неколку пати надвор ама ништо после то видов сенка од некој човек мислам дека во сонот помилсив од баба ми и се разбудив (баба ми е мртва). До сега секој сон што сум го сонувала и сум го памтела оставам лоши траги во животов мој што ли би требало овој да значи знае некој?