1.нешто како сум била некаде и ми било страв да си одам дома па сум замолила еден со женска да ме испрати и ја остави женската и ме испрати ама по патото имаше многу страшни кучиња а јас цело време до него бев и ништо не ми направија 2.кај мене дома како да дошла снаа за брат ми а тој не е женет и нешто како лигава и богата била и му рекла дека нема шанси цел живот да издржи со него а јас нешто како сум гледала да и угодам и сум седела на страна само
има еден дечко кој го сакам веќе година дена, пред тоа ме бркаше тој со месеци а сега нешто двајцата тераме инает а знаеме дека се сакаме.. сонував дека сме се натпреварувале во пливање или така нешто и на крај двајцата сме излегле како победници. што значи тоа?
Нјапрвин починал свекорми, па таткоми, па мм. Јас се отепав од плачење, што ќе правам сеа без мм, како да сум сватила дека без него ќе ми биди се празно, така се чувствував. Плачев исто така заради тоа што, од друштвото наше, скоро сите се без татко, и мислев дека така ни е пишано да бидиме без татковците, како некоја клетва да е.. После сум заминала на екскурзија во сонов, со генерацијава од средно, сме се возеле со автобус и незнам каде сме оделе на екскурзија, и мм уште кога бил жив, ме ветил дека после негова смрт, да бидам со еден школски мој, а во реалноста тој нема допирна точка со него, ни здраво не си велат, и кога сме слегле, на пауза од, автобусов, сме седначе на тротоар и јас постојано плачев и овој школскиов беше цело време до мене. И друг школски ми рекол, јас размислував и дали сакаш да се омажиш со мене и јас целата прашилници. Потоа се појавил бившот мој, и му рекол на овој што ми предложил брак, што зборуваш бре? И бил изреволтиран, и тој сиот прашалници дека ми понудил брак овој. Јас му реков НЕ на тој што ми понудил брак, а ми било мило што бившиов се смешал, се почувствував како да ме заштитува и да знаел дека не сакам брак со оној и да ме одбрани........ Што можи да значи ова?
1. За првиов сон мислам дека тоа кучињата се многу додворувачи, здодевни додоворувачи, а ти имаш во реалноста некој што ќе те заштити од тие доасдни додоврувачи. 2. Во потсвеста си љубоморна дека ќе дојди снаа во кујќата и едноставно си љубормона дали таа ќе ти го преземи местото, и кај братти и кај твоите. Јас не се разбирам многу, ама како што бабами мене ми тумачеше сонови за кучињава така ти кажувам
Сонував сум била бремена пред породување. И сум била многу заинтересирана какви се предпородилните болки зашто ги немав сеуште. Ама потоа и ми поминал датумот за пораѓај а јас не сум се породила. Што значи тоа?
Сонував дека баба ми ме обвинила дека сум украла пари од дома,50000. Ми ја нашла сметката и оддеднаш видела дека имам 50000 плус, а всушност во сонов не видела добро,и не било така,иста била мојата сметка.И после сум и кажала и на мајка ми за тоа,и мајка ми ми верувала мене,кога сме и кажале на баба ми да ја види добро сметката не ми веруваше,а јас плачев. Инаку,реално влегувам во криза,ми требаат поише,ама не би украла од баба ми.
Не знам што како беше но знам дека одев со мајка ми и татко ми по улица кај мене.Ја носев ташната за на училиште што ми е.Ја прашав мама нешто дали ми требаше не знам како и таа ми вика татко ти ја стави позади во твојата ташна.Го отварам џебот позади на ташната и вадам од оние помали што се кокошки.Беше мртва,но ниту мирисаше,ниту крв имаше.Црни пердуви имаше.
1. и јас ова често го сонувам значи стрес 2. ќе му помогнеш на некого 3. голем предизвик или проблем за кој не треба да се трудиш - не можеш да го направиш 4. нема значење несреќа, засрамувачка ситуација малку од реалноста и малку стрес ништо друго исчекување бившиот можеби те сака, а за ова другото со умирањето значи среќа за нив вашиот сегашен љубовен статус - натпревар односно инаетот кој го терате
Бевме на пат и не бркаа некои мафијаши, незнам некои моќни луѓе јас со некои други деца, само едното го памтам, имаше 10-11 години и беше многу живо така полно со енергија ама и добро. Убаво се согласувавме а ми беше роднина..... успеавме да им избегаме и се скривме во еден ресторан на патот, се израдувавме кога го видовме зошто мислевме дека ќе има уште да пешачиме дур да стигнеме до него, и таму на човекот му рековме да викне полиција дека не бркаат а побаравме и да каснеме нешто зошто бевме гладни, тој ни направи сендвич со кашкавал зошто мислеше дека немаме пари, ама јас имав само отко не послужи ми беше срам да дадам,а ми се јадеше од пиците таму и другите печени работи. Па дојдоа мафијашите и сакаа да ни направат нешто, да не однесат, и јас се бунтував и ги вреѓав а во себе си викав, аман бе оваа полиција зошто касни? Ама полицијата дојде и не спаси. После останавме тука да ги чекаме родителите а на детево му ја гледав личната карта и никаде не му го пишуваше роденденот, дури после го приметив со мали скоро проѕирни букви пишуваше дека е роден на 17 мај, и го прашав на 17 мај ти е роденден? и тој ми рече не, на 17 април ама тука ми го згрешија и толку беше
Сонував млада жена која ми кажа дека ќе живеам уште 4 месеци,ќе се случело нешто и немало да можам да издржам и поради тоа ќе сум умрела!И сега паника,ако знае некој нека каже што значи ова!
Феминки, сонував дека забите долу ми биле искривени и многу раздалечени, и дека ми се скршил еден заб.А другите заби на долната вилица биле прикачени како на некое железно цевче, и дека и тие ќе паднеле ако цевчето не било тука. Ве молам ако знаете кажете ми што значи оваа. Јас знам дека е многу лошо, и страв ми е.
Сонував како пијам убаво црвено вино дури благо беше. Го сонував вујко ми како се опива по неговата стара лјубов и ми даваше пари. Што значат?
Сонував како во дворот кај мене пред зграда инаку сега има сува трева имало мноооогу цвеќиња разни во шарени бои, цела околина пред зградата била прекриена со разни шарени цвеќиња... што значи?
Сонував многу кучиња и едното куче уствари било човек (мислам дека беше тој што го свиѓа другарка ми) и ми се покажа како човек, но ми рече да не кажувам на никој.После другарка ми плачеше и го гушкаше кучето-незнаеше кој е, а тој ми рече „Шш„ да не и кажувам.