сум сонувала дека сум била во некое комбе , сме оделе на екскурзија со децата од средно. Сум седела со мојата најдобра другарка , а пред да влеземе таа се поздравила со едно дете што мене многу ми се допаѓа. И цело време како да сака да ми каже нешто многу важно, но никако не се осмелувала. Пред да тргнеме сум и се јавила на мајка ми, но по гласот сум почувствувала дека не е добро и кога сум сакала да се вратам назад вратите се затвориле и не ми дозволиле да излазам од комбето. Момчето што ми се допаѓа седело напред со неговите другари од клас и пиеле вода од една огромна чаша. И во тој момент другарка ми кажала дека тој што ми се допаѓа има некоја мана и дека не може да зборува. Подоцна кога водачот го прашал нешто , тој не можел да одговори и почнал да дтка. Кога станав толку бев потресена што цело тело ми се тресеше. Никогаш до сега не сум била потресена од некој сон. Страшно
сонував дечкоми дека бил кај мене кај што живеев во куќата пред да се преселиме ме чекал надвор да се спремам за излегување а јас во чантата книги редев и никако неможев да ги наредам ко нешто да ме заираше...дечкоми мн време ме чекал и и заминал ко излегов надвор беа едни другарки со кои сега не сме кизнј колку блиски ко порано и ми кажаја дека бил многу лут и си заминал сабајлето кај 4,5 сатот ми пратил порака дека во последно време нешто ни се случува во врската и дека морало да ја прекиниме и дека некој жаре му рекол во петок да оделе во прилеп ќе му барал жена и ќе се женел...а тоа во среда се случувало пораката сум ја видела подоцна кај 9,10 часот и сум пиштела и паѓала по улици...му сум пишала порака ко сум се созела дека сабајлето сум правела тест за бременост дека бил позитивен ама дека никогаш ни мене ни детето немало да ме види дека ќе сум го прекинела животот и да не се ни осмелел да дојди да ме запри...тоа дека сум била бремена било вистина а не сум го користела како изговор да ми се врати...се разбудив мн вознемирена и мислев дека тоа ми се случува навистина дека не е сон мн се загрижив...а сношти со дечкоми зборувавме за деца...ве молам ако некоја знај кажетеми што би можел да значи....
Сонував како влегов во некој бутик и разгледував палта, само ги разгледував не пробав а многу ми се бендисаа. Што значи??
може да е и неисполнета желба или сакаш палто или па поголема самодоверба малку последица од разговорот, а другото ти е страв да не го изгубиш...се гледаш со него во иднина зошто потресена? нема некое значење, освен дека симшпатијата може да има проблем со комуницирање
1.Бев во Ново Лисиче незнам каде требаше да одам,но беше многу чудно мислам се градеа згради едноставно друго место беше.Имаше некои работници тука и ги прашувам како да излезам од тука тие ми велат од тука качи се имаше како мало ридче.Се качив јас и гледам од една друга страна надолу одеа крави значи како село беше. 2.На телефон ми ѕвонеше бившиот.Мајка ми беше со мене во соба и и викам јас излези треба да зборам на телефон,таа ми рече океј.И овој таман да се јавам исклучи.Одам со телефонот во кујна и вртам кај него.Слушнав разговор со некој друг,мислам збореше бившиов со некого и јас прислушкував т.е он не знаеше дека јас све слушам.И спуштив јас,земам чаша кога гледам скршена на пола стаклена беше.Ја држев скршена во рака,ама не можеше да ме исече иако беше остро.Потоа јас оставив на маса.
во соне скрсив Часа,е сега незнам дали бесе ЧАСа или несто слиЧно...го земав и онака силно и надалеку го фрлив сто ке е?
Се сеќавам само дека се снимав со мојот апарат и заврна.Па јас се скрив под чадорот на другарка ми (повеќе деца од школо сонував).После имаше некои цигани што стоеа на улица и јас поминав со помош на еден непознат (добар) човек.И цело време снимав.
се концентрираш на дадена ситуација, ќе ти треба помош разочарување несреќа и проблеми 1. нема некое значење 2. измешано...изгледа бившиот сеуште те мисли, ќе се извлечеш од некоја несреќа сакаш да избегаш од секојдневните проблеми, ти треба одмор
хммм,синоќа сонував како повраќам а дечко ми до мене.Ме крена на раце и ме однесе во тоалет за да се измијам.Таму ме гушна и многу плачеше и јас плачев..А и ми рече демек као "Секогаш знам да уништам,за ништо не сум способен" ...
Хммм не знам како да го опишам сонов, многу чуден. Сонувам како дечкото на една моја комшика се спрема да ја побара за жена, и прават изненадување со друштвото. После пред една куќа голем венец од цвеќиња во форма на срце и они влегуваат во куќата. И јас поминував од таму и кога ги видов, бев многу возбудена и весела за нејзе и почнав да плачам од радост... Некако после сонов се чувствувам многу чудно и вознемирена сум. Неможам да го одгатнам значењето.
Луѓе како може тоа што го сонувам да го чувствувам ?! сеа ке ви раскажам. Пред некое време сонував како заедно со едно момче непознато сеуште за мене стоиме во мрак среде еден клуб и одненадеж тој ме бакна, ама онака страсно и убаво што сите гледаа во нас .. а кога станав од кревет сеуште го чувствував бакнежот... пред некој ден и другарка ми нешто слично така сонувала и на крај ми кажа дека сеуште може да го почувствува бакнежот што го сонувала.. Многу ми е чудно ова и до сега никогаш не ми се десило некојј некакво објаснение.. нешто слично ?
сонував како јас сум сама во стан со бебе (во случајов мислам дека бебето е мое) и бебето плаче потоа доаѓа тој што го сакам и му вика на бебето немој да плачеш татина принцезо и бебето престана да плаче потоа заѕвони вратата кога отвори тој на вратата беше мојата другарка со нејзиниот сакан и заедно вечеравме, за време на вечерата повторно заѕвона вратата и јас кога отворив пред неа беа мојата другарка и до неа таа што најмногу ја мразам..(а и другарка ми не ја сака баш па не се дружат) таа влезе и почна да го прашува на тој што го сакам чиво е бебето? а тој молчеше потоа таа му удри шлаканица и си отиде. Дали е ова некој знак ? нешто значи или?? ВЕ МОЛАМ ПОМОШШШШШШШ!
среќа ќе избегнеш невоља тоа што го сонуваш тој што го сакаш и бебето со него значи дека го сакаш и нема друго значење