Дали некој знае што значи ако сонуваш како со некој што го познаваш се одминуваш и не застануваш. Значи јас 2 пати сонувам дека со втор братучед се одминуваме, го гледам ме гледа и таман да зборниме или застаниме вртиме глави и се правиме како странци
Сонував врнеше силен дожд, јас под чадор бев со некого (не се сеќавам со кого) после имам вода во патиките и одам до старото место на живеење да обујам други патики. Отклучувам, гледам празен станот и така неколку пати отклучував и заклучував. Какво значење има?
сонував едно маско,па се криевме некаде па он како да ме саксе многу не му паметам лик се онака како црно бесе....ама соон???!!!!!.........
Сонував, јас и уште неколку другари и другарки бевме во еден храм кај што се молат на БУДА ! И сите мои пријатели се молеа, само јас се криев.. И после свештеникот ми даде нешто како симбол на нивната вера, што се давало после молитвата, а јас само му реков на англиски : I'M A CHRIST !! ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНКА.. Тој само кимна со главата и се заврте.. Какво значење има ??
ќе мора да се браниш во некоја ситуација вака нема значење проблем запрашај се дали има убаво мислење за тебе поголема енергија и среќа
сношти ги сонував мајка ми и тетка ми. тетка ми во рацете држела огромна змија (како питон што држат околу врат) и ми велела да ја погалам а ја сум и рекла дека ми е страв. мајка ми пак била до неа и таа исто ме терала да ја погалам и да не ми е страв пошто ќе осетела змијата и ќе ме нападнела. и се така, мајка ми и тетка упорни да ја погалам змијата а ја сум избегала плачејќи.?
Не знам како одеднаш се најдов дома кај мене во бањата.Бев гола а долу на нозете носев многу убави потепетици.Не знаев ни самата што се случуваше.Во бањата имаше алишта,јас седев во кадата.Одеднаш излегов бидејки сум го оставила шампонот во собата.Се враќам во бањата,косата ми беше со шампон,но многу ми беше жешко на главата.Ведаш барав да пуштам вода и повторно седнав со кадата. И овој сонов што го сонував пред некој ден не знам дали има некое значење но се изнасмеав: Бев некаде надвор и сега во еден автомобил(мерцедес,сребрен беше ) седи Принцот Вилијам и овој другиов до него што седел му бил брат.Тој брат му ми даде нешто некој документ(пишуваше нешто,но не ми текнува што) и како демек сакаше да се ожени со мене не знам што.(Btw беше многу многу убав ).
а чекај, ти убиваше или ти ги имаше убодите? вториот нема значење, а првиот поголема самодоверба, но може и срамна ситуација
Сонував како сме ја кршеле училницата по хемија и физика.Јас неќев и им викав на другите да не кршат.Имаше насекаде срчи и јас замалце ќе нагазев на една.Потоа дојде хемија со она за против оган(а оган немаше) и почна да прска насекаде. Потоа сонував како другарка ми ми била цимерка.
имавме голем одмор, и јас низ ходниците сретнав некои другарки и едната се израдува кога ме виде, ме изгуши и се тоа, знам само дека бев мн убаво облечена а демек во џебот сум имала некоја паричка што носела среќа. И на другаркава и рекоа дека било убаво што гушнала човек како мене зошто тоа ќе и донесе среќа. Во училиштето имало лифт и јас демек со лифтот да се вратам на час кога пред лифтот две другарки што ги знам, нонстоп се заедно мислејќи дека никој не ги гледа се бакнаа в уста јас само лифтот и пред да ме видат си влегов. Е сега дали сетија дека некој ги виде, сигурно да ама мислам не стигнаа да видат дека бев јас после заборавив во која училница требаше да се вратам и неможев да ја најдам а ми беше срам да прашам и така се врткав низ школо па како да стапнав нешто и за малку ќе се лизнев, кога видв две парички, едната голема другата мала, си реков да не е мојата, ама изгледа не беше, и мислам дека ги зедов. Одев така и сретнав едни дечки како седат и праеја муабет нешто за политика, такви муабети и си седнав до нив и ги слушав и така нешто друго, сонував како татко ми се запна да прави сарма од кисела зелка, јас и мајка ми му велевме сега најде на топлово. И тој ја правеше ама немаше време и ја остави за другиот ден, само пола работа заврши
Сонував како сум јадев месо,но во текот да јадењето ми кажаа дека всушност тоа е месо од мачка и кога го слушнав тоа го исплукав месото.
другите ќе постигнат нешто пред тебе, но ќе ги стигнеш цела приказна ама нема значење ама баш никакво изгледа не сакаш или поголемиот дел од класот не сакаат хемија и физика
сонував како сум правела свадба но не сум била во невестински фустан,сме играле оро и пееле ,и откако заврсила свадбата ми било криво зошто не сум бакнувала рака да соберам пари и сум велела ништо од оваа свадба ке мора друга да правеме
сонував дека сум добила Kец по музичко од професород, поради тоа што не сум била дисциплинирана и требало да одам на полагање
ќе имаш поголема храброст, ама и мразиш некои луѓе незадоволство од тоа да не се плашиш...или учењето ти дошло преку глава
сонував како имасе поплава и поЧнува лугето да се даават,а после тоа јас и неколку мои другарки пеевме песна од тосе и водата престана..сто ке е???
Пред некој ден сонував еден чуден сон . Си одев по патот и наеднаш кога се свртев назад два автомобила се чукнаа, т.е. имаше сообраќајка. Јас стоев стаписана, со подотворена уста и исплашена... и наеднаш рипнав од сон.