Сонував многу работи денес...Сонував како сум била сама во соба,како после имало некој дух девојче,зборал со мене и ми кажал демек не се плаши јас сум тука,а дошол еден ко ѓавол и ми се залепил до грбот,ама неомжел ништо да ми направи,само да сум седела мирна и си замина...После ја сонував колешка ми,дошла таму со бебето,па спиело тоа,па сме го ранеле и после не се сеќавам...
Сонував како јас и уште неколку другарки сме можеле да летаме, без крила. И така еден ден јас и една моја школска сме се шетале и јас сум и рекла ајде да летаме и таа ајде. И така сме летале некое време и сме се спуштиле на земја. И после пак сме почнале да летаме но тоа не сме го контролирале ние туку сме летнале премногу високо и наеднаш сме паднале на земја во некоја планина. И една вештерка не однела во нејзината колиба и не заклучила. И таму сме виделе некои други другарки што не ни се баш блиски. И ние сме ја прашале вештерката како да излеземе а таа ни покажала едни скали и врата. И јас сум тргнала по нив но една од пријателките таму ми рекла дека тоа е стапица. И таму сме стоеле подолго време и се разбудив Чуден сон
Сонував како сум на некоја слава ама на отворено како на улица да беше и јадев,јадев,јадев како никогаш јадење да не сум видела ,се прејадов и сега ми е тешко кога ке помислам на сонот
Сонував дека бев нашколо и професорката требало да не носи на некое место а прво ни дала книги нешто за тајни општества и такви работи и не однесе како на плоштад во скопје да ги гледаме спомениците и да ни покажува симболи некакви леле цел филм си напрајв и веќе беше стемнато ама беше многу убаво таму мене ми се допадна, сега не беше исто како во реалноста некако шарено, како од бајка. И на ѕвезденото небо имаше една мн убава слика и ја гледав, како од ренесансата оние слики, таква беше. И толку видовме и дојде време да си одиме, и јас прво си викав, како ќе си одам вака касно и ја прашав професорката колку е саатот, и таа некако некултурно ми одговори, ти кажав веќе 17 и 23 Ама јас се израдував зошто си мислев десет навечер дека било, сега си реков, ах добро е рано било, и собрав енергија, се насмеав и си тргнав дома
дури не го сонував дечкоми не го сонував сега секој ден сонував дека многу сум го сакала дечкоми ама сум го изневерувала со некој друг кој исто така беше ко дечко ми само со различно име претставен и него мн сум го сакала и тие двајцата мене ме сакале на секакви начини ми ја покажувале љубовта ...еден ден сум се гледала со еднио еден со другио сум имала и со двајцата сексуални односи како никогаш до тогашне можев да си ја доискажам среќата што ја имав...дечкоми почнал почесто да иди кај мене дома и сни поминувале многу убави моменти ...на почетокот се чувствував безгрижно како ништо да не се случува се дури овој што го изневерував дечкоми не ми рекол дека ме сака само за него дека морало да престаниме да се кријаме тогаш мн сум плачела нр сум знаела што да одлучам сепак дечкоми мн сум го сакала не можев да го повредам....пишувавме на фб со тој што сум го изневерувала дечкоми дечкоми го знаел пасвордо ама никако го немал разговоро прочитано незнам зошто неможел да го види ко замислено се да ми беше ко овој другиов да не постои...и еден ден дури бел кај мене сни имале секс во дневната на кревет сред бел ден моиве биле кај чичкоми ама сум имала предчувство дека ќе се врата сни рипнале одма од кревет дечкоми се облекол јас се покријав со кебе тогаш се замислив и си реков дека и дечкоми и тој што го изневерувам е ист човек и ми олесна сакав да го прашам ама нешто како да ме спречило и тој само ми се насмевна и ме прегрна... сонував како со таткоми и сестрами од кај тетками сни оделе кај некој човек што гледал за да ми помогни за ногата (и во стварноста имам проблеми неможам мн да одам) и сни оделе многу долго иако блиску било кога сни стигнале беше една напуштена населба не сретна само една жена со свеќи во форма на малечко срце кои светеја и не однесе кај човекот кога стигнавме ни рече чекајте јас сум на ред и влезе ама и ние влеговме по незе човекот кога ме виде искривена сета ми рече дали носиме свеќа таткоми рече дека не сни знаеле ама ќе појдел да земи човекот му рече сега е доцна многу друг пат ќе донесите и таткоми праша дали можело од свеќите што биле поќе во едно пакување за 92денари незнам што му значеше тоа и човеков рече добро можи и почна да кажува најпрвин го кажа докторо што бев најпрвин со име и презиме дека ме запустил ама тој ќе ми помогнел и дури зборуваше мене ми лазеја морници и се тресев цела а жената со свеќите цело време се смешкаше...кога се враќавме дома ногата ми оздраве и без мака одев...
Сонував како си ги турпам ноктите на рацете.... ( имам слушнато дека ако се кратат нокти или коса е добро... или грешам )..
1.Сонував како отидов кај мама на работа.Ја почекав и отидовме на шопинг.Времето беше убаво.Носев така разлеан фустан црвен беше со црвени балетанки.Одевме накај една како населба беше.,но тука нема таква во Скопје мислам.Куќите беа мали,крем со црвено беа.Ептен се беше убаво.Поминуваме и имаше слаткарница,а таму на масите седнати некои што работат таму и други дечковци што ми свиркаа. 2.Сонував една палата.Многу убава куќа.Исто на мајка ми и реков види јакако во United Kingdom што се куќиве е.Стварно беше таква.(вака нешто https://encrypted-tbn2.gstatic.com/imag ... xIhaxdhxpz ) 3.И да пак сонував куќа,но помала и лично моја беше.Си се симнував и си се качував по скали,си средував нешто.
Еве го мојот сон па доколку некој знае што е нека ми каже Сонувам како со мајками и една пријателка сме седнале на улица и јадеме и доаѓа еден дечко и вика и јас сум гладен да пробам и ние го повикнавме да јаде со нас и после незнам од каде сме се качиле со мајками да се возиме во погребална кола колата ја возел еден комшија мајками седела напред а јас позади и целата се ежев од стра..
1.сонував дека заспав во мојата улица блиску до мојата куќа па помина една кола шо демек била српска а не знам од каде знаев дека била српска и тој внатре ми бил пријател и ми рекол за спиењето демек. Па отко замина станав да си одам дома ама на улицата баш пред куќа пак заспав. Помина уште една кола оваа била бугарска и ме разбуди пак си напрајв убав муабет и си реков ај да влезам сега. Проверив дали е се во мене, се си беше наместо и влегов дома. Кога влегов слушнав како некое дишење ама не издишување само вдишење. Си реков да не има некој внатре, да не влегол дури спиев? После си реков, нема шанси, се беше во мене, и клучот, сигурно ми се причинува и така се опуштив, затворив врата, кога ме зграпчи одназад едно бабиште, стара вештерка, парталава, грда, аууф се стресов така одблиску и го гледав лицето се смееше и ми рече А НИЕ СМЕ АМЕРИКНЦИ хахаха! Сакаше да ме носи негде. Од страв се разбудив, дури и кога се разбудив чувствував како некој ме тегне наназад 2. сонував дека сум била на очно. Ај да не навлегувам во детали, ама демек врски ми требале за да добијам убав третман а преку една шо ја познавам ама не ја сакам баш, многу е арогантна со другите ја гледам и многу се замислува а не е ништо посебно, како многу мали се дружевме ама после дека во различни школи и се отргнавме, во сонот таа ми најде врски и ми помогна. А не би сакала таа да ми прави услуга во реалност, ама во сонот не ми беше криво
Косата ми била црна кратка до рамена, и сум ја пострижвала со ножици, и требало да сум се праела операција од коленото, па на фб сите ми пишеле, со помин, ова она Некој?
Ти претстои неочекуван настан. Јас вчера сонував како се возам во преполн автобус.. што значело дека ќе се натпреварувам со голема група на луѓе, а денес имав натпревар по физика!! првпат ми се случува некој сон да ми биде толку точно протолкуван!! Spoiler Фала ти Фемина соновник
Сонував како од старна на вратот да ми се појавила некоја коска незнам големо беше и како округло. Почнав да паничам и да трчам во куката да ја најдам тетка ми, али се појавила мајка ми, ме фтила за рака и сме тргнале накај Тетово кај тетка ми.Многу ме болеше тоа ептен бев исплашена, и кога ја прашав мајка ми зашто идеме во Тетово место во болница да видат што ми е, се разбудив..