Сон 1. Сум била на час (втора смена,веке темница било) и на една моја соученичка и се јавува татко и да ја праша кога ке и завршат часовите,а јас во себе сум слушнала како да е гласот на татко ми.Одма истрчав надвор и го гледам татко ми пред колата и вика ајде да се одиме.Влегуваме во колата и некој сакаше да го убие.Одиме подолу од улицата,застануваме и излегуваме.Јас постојано позади татко ми одам и се тресам од страв и кога гледаме една жена во црно,забулена (таа жена беше пратена за да провери дали татко ми е мртов,но кога не виде избега и ја снема.).И на крајот сме се сокриле во една нива.Втор пат сонувам како некој сака да го убие татко ми. Сон 2.Сум сонувала како на краток период сум живеела во една мала колиба,ама сама.И сум јадела живи јајца цела,а колибата се наога одма до дуќанот на баба ми на пазар.
Маж ми веќе со денови го сонува татко му кој е починат пред неколку години. Синоќа го сонувал како му го чеша грбот. А за да биде уште поинтересно и јас го сонував, иако не го знам човекот. Прво нешто со брод имаше, само неможам да се сетам точно како беше. Наредно во стоматолошка ординација се смеевме , ќе ме частел поправање на заб. И баш му кажував дека ми е криво што не сум го запознала, зошто е таков каков што ми го опишувале фин човек. Треба да идеме на гробишта претпоставувам, но што може да е работава ...
Да точно треба да појдете на гробишта. Не сакам да те плашам или нешто слично, но јас колку што знам да ти се смее починат човек во сон не е убаво значи смрт на некоја блиска личност или некој ќе се поболи. И тоа со забот не знам точно што би можело да значи. Заб знам дека значи нешто не убаво ако ти вадат заб и те боли многу значи дека ќе ти почине некој близок и многу ќе те боли, а ако те боли малку значи некоја подалечна личност или значи болест. Бродот може да значи дека ќе пронајдеш некое решение за некој проблем и тоа во последен момент. Е сега, ако има некое друго толкување во врска со овој сон нека пише. Те молам немој погрешно да ме сфатиш јас така знам баба ми ми' кажувала за некои вакви работи таа многу се разбираше во вакви работи и јас ја слушав и прашував како мала. Не сакам да те плашам може само е сон, може само треба да појдете со мт до гробишта и свеќа да си запалите ништо друго.
Со бродот веќе се случи , за жал тажна вест, па кога дознав прва слика пред очи ми беше бродот, што има логика со оглед на животот на човекот кој загина. Здравје Боже кога ќе се врати мм од работа после , кажавме дека ќе одиме до гробишта.
Веќе втор пат сонувам како татко ми починува. Исто така и го сонував дедо ми (кој е починат) како било во неговата кола ми мафнал сум пришла кон него ме прегрнал и одеднаш го снема.И времето беше облачно. Ако некој ми ги протолкува ќе бидам благодарна
1. татко ти ќе има здравје, среќа 2. ти недостига 1. успех и нервоза 2. стрес 3. промена радост 1. тој многу ти значи 2. носталгија, можеби желба за едноставност несреќа
Сонував како се чешлам и се гледам во огледало и видов како имам неколку бели влакна личеа нешто слично на цел бел прамен ама не им обрнав многу внимание зашто се брзав за нагде (претпоставувам за во школо) и толку....
Сонував како сме биле на излет и имало некое езеро и тетка ми пливала во него али водата била мн матна скоро кафена дури како растворена кал , а јас сум ја викала да искоци требало некаде да одиме, потоа сонував како со дедо ми сме се вракале од негде со кола било ноќ и он возел мн брзо и за да закочи колата се завртела неколку пати во круг и застанала во место, тогас сум му рекла јас да возам но не ми дал , јас сум се налутила и сум искочила од колата, сама сум дошла дома. Потоа сонував усште еден со како кај нас дома исто така била тетка ми и се јавил да стави кафе бидејќи ке дошле некои негови роднини од странство , и тоа во нашата куќа а ние не живееме заедно, и јас сум и помагала ..?
Сестра ми го сонувала дедо ми (кој е починат) како седи во дворот облечен во црвени тренерки. Таа го погледнала и си помислила што бара тој тука кога е починат. И побегнала. Затанала пред огледалото и забележала како устата сама и се отвара како да сака да вика но не викала само устата и била отворена и потоа почнала да слуша извици. Потоа самата си рекла дека во нејзе влегол демон и се разбудила.
Многу чуден сон сонував. Во сонот ме имаше на „жална вест“, како сум умрела кога сум била мало девојче. Пишуваше дека сум умрела од гром и имаше моја слика исто така. Но кога го гледав огласот јас бев колку што сум сега во годините, не бев мртва. Огласот беше поставен во дневната соба, на истото место каде што е поставен во моментов огласот од мојот чичко кој почина пред 6 години. Многу се исплашив кога се разбудив. Самата помисла да ме има на таков оглас...
сонував како се наоѓам во некое поле,нива,и се беше зелено и пред мене имаше една јаболкница полна со плодови,во раката држев едно јаболко и здогледав едно јаболко на дрвото така малку високо ама го набрав,потоа тргнав по патот и видов дрво дуња полно со плодови и така подзастанав да наберам и од него и не се сеќавам повеќе изгледа се разбудив
Сонував дека сум се сретнала со мојата најдобра другарка ( со која последниов месец не разговарам и сме скарани) и ми рекла дека мораме да разговараме, дека порано тој ден ме видла од далеку и дека и било жал што се така се случило и дека и недостасувам
Сонував сум барала слика од мене за да ми ја стават на гробот...Сум брзала таква ама било касно немало кај да извадам слика а другарка ми имала веке готова слика од неа и јас сум буричкала низ една фиока и сум нашла слика од мене и еден и сум рекла "ее ова е убава слика". И потоа ми продолжи сонот како дошло до таа слика, се вратив во времето пред да биде сликана сликата..Што значи ова??
Здраво! Што значи на сон, под устата( чеканка/ брада не знам како се вика точно ) да ти порасна 2 влакна од едно место излегуваа и двете (како брада) но само 2 беа. Бев излезена и се видов со мн мина. Најмногу се плашев и срамев со машкото што стоев да не забележало дека ги имам , затоа што беа прилично големи. Фала
Вечерва сонував како куќата во која живеам требала да изгори и експлодира. И јас наместо да бегам сум почнала да си пакувам ствари во ќеса. Радијаторот почнал да гори а ние сеуште не сме излегле. Сите беа уплашени а јас најсмирена. Вториот сон ми беше како броев пари. Беа многу илјадарки (денари). И третиот со моите две најдобри другарки одев негде во некое темно место. Јас им реков дека не сакам да одам таму и они ме навредија со некој збор незнам кој. После јас лута на нив си отидов и возев точак знам. Едната другарка возеше по мене да ме стигне. И ме стигна точно пред куќата каде што живееше она порано. Сакаше да ме разубеди да дојдам кога од кај нејзината куќа се слушна силен тресок. Отидовме да видиме што било и одеднаш излезе мајка и. И рече да се врати дома а јас уште налутена си отидов. Значење?