Сонував како сум родила машко дете подоцна кога за прв пат го земав во раце некое чудно чуство ме одзема и од кога се разбудив уште се чуствувам така чудно некако иначе немам деца. И што беше уште поинтересно кога ме прашаа за името реков Александар чуствувам дека така треба да се вика но мојот дечко сака Марко ќе размислам и се разбудив.
Бевме на плажа со дечко ми,било ден,сме лежеле и сме се држеле за дланки.Јас сум носела очила за сонце. хм?
што значи да сонуваш шарени бои во сонот се да биде некој да замисли желба а јас да треба да му глеам а пред тоа на таа личност и носев ташна негов другар ми ја прати две црни со розеви машни хаха ама незнам дали стигна до него
нема значење ништо не значи радост нешто не е како што треба/ нешто отскокнува немаат значење промена во вашиот однос
Сонот почна кога се најдов обвинета за нешто што сум сторила пред многу години и веќе немало никакво значење. На патот до дома сум ги видела мајка ми и татко ми па сум ги изгаснала светлата од моторот кој прилично невешто го возев за разлика од реалниот живот каде сум доста добар шофер. Моторот го оставив на сред пат и се сокрив од спротива во улицата, темно беше.Го слушнав татко ми како го критикува моето работно место како и секогаш, како повторно останав на работа до доцна и ќе има расправија по тој повод кога ќе се вратам.И во себеси и јас се налутив, впрочем тој не знаеше дека не бев на работа во ова време.Во рака го имав телефонот и се измолкнав во тесен меѓупростор горе и долу земја, како паралелно ископано без крај.Сакав да се јавам кај бифшиот за на еден начин да му објаснам дека веќе за него во мојот живот место нема.Да му кажам како сега имам семејство, работа,треба да се грижам за домот и време за него не ми останува.Тогаш го слушнав гласот на маж ми и уште подлабоко се вовлеков во дупката.Кога пробав да се јавам на телефон, во раката држев скршено штиче, и разбрав дека телефонот сум го загубила.Се испаничив, како да го најдам во мракот.Посегнав со раката и штом ја извлеков на светлина видов дека во неа имам крст,спакован во кутијата за накит.Приврзок за ланче,сребрен мал.Во себеси слушнав едно гласно "Ох Фала ти Господе" и олеснување почувствував, па посегнав пак.Извадив доста сребрен вреден накит.Знаев дека некој го скрил таму исто како јас што тоа го направив пред некое време и сепак се одлучив да го земам.На крајот човекот дошол да си го побара се обденало и луѓе, поточно жени го виделе на виделина накитот па го земале, мене единствено ми остана крстот ама не ми беше мака.
Сонував како да сме биле во некоја постара куќа собрани сите роднини, пријатели куќни и сме го славеле мојот роденден и сите биле распеани разиграни, играле оро вртеле околу собата што значи?
Сонував како сум била бремена и сум се продила ептена лесно. Сум родила машко дете. Но некако никој не знаел дека сум родила и на моите колеги јас сум ги информирала.
Сонував како околу мене имало 2 змии а биле мртви, и кога сум застанала до нив едната ми се завиткала околу ногата и како да ме гризнала , а уствари ништо не ми направила со тоа затоа што била мртва.. Што значи сонов?
Сонував како да сме биле во кафич големо друштво и сме се искарале лошо, дури и јас сум се скарала со мојата најдобра другарка и таа ми рекла дека нема повеќе да излегува со мене Сум била многу изнервирана.. Потоа сум сретнала некоја жена која со себе носела големо бело куче.. Што значи?
...да ти истурат зрна пченица од чинија во лице....? и присуство на закоп на некои чудни гробишта за сиромашни??? луѓето плачат и жената шо ја закопуваат изгледа малце морбидно, со отворена уста и очи, шминка на неа, облечена во црвен фустан и свртена од страна со раката преку ковчегот кој е отворен и така се закопува....ова јас од малку подалеку го посматрам..................
Бев со мајка ми и татко ми на една ливада . Каде што лежевме ние тревата беше искосена но малце подалеку беше висока и имаше тигар или лав и 3 змии.Биле на некоја жена.Тргнавме да си одиме по едно патиче мало и дојдоа змиите позади нас и не претицаа.Ние застанавме но застанаа и тие . Две беа зелени а другата беше како 100 ногалка ама голема.
сонував како сум имала операција поврзана со срцето.Откако завршила сум се држела кај срцето,сум крварела и сум била во прегратките на дедо ми. Потоа паѓам во друга средина,каде сум се фарбала во зелена. Хм?
Сонував како децата од другиот клас седеле во холот и одеднаш едно дете ме мавнало и сум сакала да го удрам но не сум го удрила и одеднаш едно дете почна да ме бацува и јас му викам шо ти е бе мајками е во школо и така пак сме се бациле . ХАХАХАХАХХАХАХА има некое значење ? о.О
1. Сонував како ми починала драга личност. 2. Сонував дека сум останала бремена т.е веќе требало да го родам но ми било страв како ќе реагираат моите...како ќе продолжам со животот понатаму. На пораѓајот сум пробувала природно да се породам но не можело па решиле дека треба со царски.. Што би значело ова?
Сонувавв нешто како на 1ви мај да било, како со еден мој бифши дечко сме биле заедно кај негов другар,имало многу луѓе, и некој (не го познавав) ја земал плинската боца што била за готвење и ја фрлил надоле по ливадата имало и камења, боцата се тркалала ама не експлодирала ??