1. поголема женственост, заштита 2. ќе сакаш да му помогнеш некому но нема да знаеш како проблеми до целта хуманост
1.синоќа баш се исплашив и неможев да заспијам од сонов сонував како сме имале повеќе влезови на куќата наредени еден до друг и моите спиеле а јас сум слушнала нешто од надвор и излегов,гледам почнаа некои луѓе како маѓесници да влегуваат во куќата и силно викав на моите ама не се разбудија а луѓето си влегоа внатре 2.татко ми сонувал како се наоѓал близу до местото кај што живеал како дете,ама во планина и точно го знае местото,и гледал на местото како ќе се правело рудник бидејќи имало руда,бил со еден друг човек и некако од планината истекла матна вода и слушале дека правиле експлозија внатре во рудникот за да го подготват за копање,и велеше дека како деца се врткале на тоа место и навистина како да имало некоја длабока дупка под некој камен
1.Носев една црвена ружа во раката,а во другата некоја ќеса и внатре јорган. 2.Сретнав една моја непријателка,но беше многу многу здебелена.Јас бев со братучедка ми,а таа сама. Ја начекавме и и велам не бегај јас не те тепам,само сакам да ти кажам дека не сум како тебе,дека сум човек и треба да се смириме.Таа викаше дека ја зафркавам и дека ќе ја тепам? Јас упорно и велев дека не е така.(инаку со неа имам многу лоши работи,не сакам дури ни да се потсетувам)
Знае ли некоја за овој сон- Сонував како сум била негде на една недела, и дома кога дојдов во собата имаше чад и жолти беа sидовите, она како од чадот што се прави..Што значи ова?
тага или имаш страв да не се разболиш или подобро здравје 1. конфузност 2. не ја сакаш воопшто, сонот е рефлексија на тоа 1. стрес, многу избори 2. предизвик
сонував како сум ја нашла најмалата птица,заборавив само како се викаше,во нашиве простори немало таква птица и навистина била вредна а јас сум ја нашла,некои луѓе цело време сакале да ми ја украдат ама не сум ја давала и на крај сум ја ставила под една кутија за да не ја најдат и овие сакале да ја отворат кутијата бидејќи дознале дека птицата е таму а не сум сакала да ја најдат и ја немаше птицата кога отворија и мене ми олесна бидејќи несакав да падне во нивни раце
Сонував како разговарав со дечко ми на телефон.Прво бев надвор и си разговарав со него. Тој ми рече не ме викај веќе така сонце,душо,си имаме имиња јас и ти.И јас целата зошто? Тој ми вели така немора така да ти викам мила моја *** .......во тој момент до мене беше моето куче. Почна да лае и да скока по мене.Јас му викам ее самоо немој да ме излижеш за фаца и кучево мое почна.Почнав да се смешкам и му велам на дечко ми го слушаш кучето мое..и тој почна да се смешка. Потоа уште ми беше уклучен телефонот и одам да влезам внатре.Влегов во соба и правев муабет со него.Надвор имаше сонце и дожд.Кога излегов пак надвор,уште си правев муабет со него и дојдоа некои мајстори,не знам за што беа.Зборев и пред нив.(не знам што ќе да е,ама многу сум чувствителна периодов и во дечко ми само сумњам)
Сонував како да сум живела во некоја зграда, јас живеев во една соба а веднаш спроти мене во другата соба живееле некои двајца лиѓе кои биле убијци, правеле грозни работи. Во дневната соба имало некоја стара жена и други помлади жени. Јас тајно сум излегувала за да не ме слушнат убијците Потоа сонував дека татко ми бил мртов, ама уствари.. тој ќе се врател. И јас и мајка ми сме плачеле Што значи?
1.Сонував како ја гушкам баба ми што е почината и таа ми кажуваше дека ме сака највеќе од сите и јас плачев . Потоа отиде кај вујна ми која не еуште породена а чека женско бебе , во сонот беше родено и баб а ми го гледаше и сакаше да и помогне во чувањето.Инаку баба ми кога беше жива многу сакаше да имаат деца вујко ми вујна ми и дури сега после долги години чекааат дете 2.Потоа како еден дечко дојде со леб во рацете во една куќа каде што живеела девојка што ја сакал ама девојката беше преселена и јас му реков јас ке ти кажам знам каде е а и куќата ја немаше на тоа место
Сонував како патувам со автобус со група неопознати луѓе околу мене.Цело време биле околу мене ме распрашувале каде одам со кого,ме викале со нив оделе како на некој концерт... Сум се согласила тргнав со нив ...наоколу се ми беше чудно разгледував се плашев... Има ли некакво значење оваа ?
Сонував дека сум имала сообраќајка и единствено што памтам е дека сум била повредена на носот.Што би можело да значи ?