Сонови

Discussion in '„Другата“ наука' started by Claudia, Nov 22, 2009.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,008
    Gender:
    Female
    Јас сабајлево имав кошмар, се разбудив околу 7.
    Сум сонувала како сум била маж и заедно со некој мој пријател сме биле во викендичката на планина. Дошла некоја млада жена што сакала да ни наштети, не исплашила, па сме ја истерале на тераса надвор и сме ја бутнале. Арно ама, по некоја минута сме виделе дека женава пак е на тераса и страшно се смееше, а мојов пријател ми рече нешто во стилот: Нема да можеме да се отарасаме од оваа, болеста е :worried:
    Демек, женава била болеста и дошла да не разболе.
    Јас секогаш кога имам кошмари ми се слуша во позадина и страшна музика. Од памет се извадив, после не можев да заспијам...
     
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Јас попладнево кога преспивав имав еден глуп сон.
    Бевме со мојата најдобра другарка,кај мене по улицата и таму имаше расфрлано пари.Имаше пари што беа во кеси и така само оставени на земја,и тоа буквално беа на секој чекор.Се наведнав еднаш зедов од парите што беа без кеса,и другарка ми го стори исто.После ко продолживме да одиме се наведнав јас да земам од тие парите што беа во кесите,и другаркава ми рече,остави ова некоја местена работа е ајде да си одиме.И после дојде еден плав човек и имаше тука една продавница и праша дечково кај се парите?
    После јас избегав и си заминав дома,т.е влегов во влез кај мене и дечково ме сретна.И ми викат: Дај ми ги парите?
    И јас му ги дадов и му реков:Еве ти ги,мене туѓи пари не ми требаат.И после кога си одеше го прашав а кој си ти? И ми рече ќе ме научиш кој сум.
    Има некое значење сонов? :?:
     
  3. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Joined:
    Feb 1, 2011
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,690
    Gender:
    Female
    На не сите соништа треба да се обрнува внимание. Има некои, кои се според случувањата околу човекот...настани разни, убави и лоши. Кога телото спие, мозокот анализира све што има преживеано. Па има некои соништа што се малце поинакви, подлабоки...те остават во :worried: или :?: кога ќе се разбудиш. Нај едноставно е, кога се разбудиш, одма да го запишеш тоа, што си го сонувал...Во еден "посебен" сон секое зборче значи нешто. Отвори некој соновник, види го секое зборче шо значи и склопи ги така да се разбира за што става збор...
    За пример ќе земам сонот на ана каренина...
    *Ако жена сонува, дека е маж-среќа и задоволство
    *Викендичка-почеток на нова врска
    *Ако сонуваш пријател, тоа е дека немаш причина да се сомневаш во него
    *Млада жена-треба уште многу да учиш, дури спечалиш почитта на луѓето.
    *Видиш ли некој на тераса, тоа значи дека ќе си надминат од некој на работното место.
    *Хистерично смеење-големи штети
    *Бркаш ли некого - ќе привлекуваш непријатели
    *Болест- обично ако сонуваш, дека си болен, тоа значи, дека здравјето нема да те напушти, во случајот ти не сонуваш дека си болна, туку дека жената е болест. Тоа е предупредуванје
    *Ако слушаш музика во сонот, тоа е спокој во реалноста...
    Е сега...Ќе запознаеш со нови луѓе, почеток на нови врси, ќе си срекна и задоволена. Нема да имаш причина да се сомневаш во другарот (този, кој што си го сонувала).Кога ќе ги запознаеш овие нови луѓе, ќе треба да се потрудиш да им спечалиш почитта кон тебе.Како стана јасно на работното место некој ќе те надмине и тоа ќе ти наштети (по смеењето), по тој начин ќе си привлечеш и непријатели...Тоа , дека ви станало јасно, дека жената е болест, единно го толкувам како предупредуванје...
    Јас по овој начин ги толкувам моите соништа, тие секогаш се многу силни, ме ваѓаат од памет...
    Летово легнав до син ми на пладне, тој гледаше цртани, а јас до него задремав. Во просоница сонувавнад мене исправена црна мантија , човек, кој не му се гледаше кожа, ни лице, ни ништо. Цело беше црно...крена рака за да ме удри, но се изплашив и го гушнав син ми од страв, тогаш го снема...беше ужасно, се уште во главата ми е, дека смртта е била над мене...
    Скоро сонував, дека свекрва ми е починала, се јавив на мајка по скајп за да и кажам лошата вест, но таа ми беше налутена, не сакаше да знае, само ми кажа Зошто не си поканила никого на празникот Св.Никола (а ние никогаш не сме празнували овој празник, немаме никого со ова име, ни куќна слава) Тоа значи, дека на тој ден животот ќе ми се промени...се надевам кон убаво.
    Неќни сонував, дека сум во храм како пештера. Имаше базен, но во базенот имаше мочка, јасно се гледаше, дека е жолта. Луѓе се капеа во водата за здравје. Кажуваа на тој кој му се отвори рана и потече крв, ќе се прочисти пред Бог, мен ми се отворија рани по нозете, но никако не потичаше крв...Смотана, преди арно си одевме секоја недела во црква...се занемаривме...
    Сабајле беше исто гадно...сонував куче да ми ја џвака ногата. Имаше големи бели заби, крв по забите и пена, како болно од беснило.Не чувствував болка, но беше страшно...На такви соништа повеќе обрнувам внимание, на другите обични и глупи не...што се вика секојдневни...Но од време на време имам некои, кои се вознемирувачки...дај Боже само да се на убаво...
     
    AnaKarenina likes this.
  4. Crvenata

    Crvenata Активен член

    Joined:
    Apr 10, 2012
    Messages:
    21
    Likes Received:
    1
    Што значи на сон пат(неасфалтиран) од двете страни со црковни свеќи кои гора. (имам одено по тој пат, го знам). Баш и ја прашував мајка ми на сонов зошто свеќи и баш на земја оставени, ми одговори нешто ама не се сеќам што.
     
  5. Barbica

    Barbica Популарен член

    Joined:
    Jun 22, 2010
    Messages:
    1,309
    Likes Received:
    489
    Каде можам да ги протолкувам соновите? Само не ми препорачувајте соновници, многу се едноставни.
     
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    не е убав знак
    нема
    ја запознаваш својата агресивна страна
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Joined:
    Sep 1, 2012
    Messages:
    2,141
    Likes Received:
    2,753
    Овие денови бура од сонови па еве кој знае нека ги протолкува

    1. Сонував како фрлале крст како на водици и јас го фатив но немаше никаков базент како на фудбалско игралиште беше и како бара нешто беше

    2.Како сум се вракала од гости и од оние биковите еден почнал да не мава абе сите бегаат пискаат бараат спас и јас влегов во една сендвичара со дечкоми некако се засолнавме и веднаш после тоа го убија бикот.


    3.Како некоја комшивка му ја наполнила главата на дечкоми дека јас сум му неверна и сл/
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    страв од проблеми во врската, а првиот нема значење
     
    Nana19 likes this.
  9. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Joined:
    Jan 10, 2014
    Messages:
    391
    Likes Received:
    162
    Сонував како една девојка ми правела магија.Буквално застаната до дрво и нешто ми мавташе со рацете и листовите се креваа на сите страни.Јас си го сфатив тоа како магија.Јас збунета ја слушав и бев исплашена и нагло ја пресеков и почнав да викам нешто на некој јазик што појма немам што значи ко навиена бев и ги дигнав рацете,и она се повлече.
    Што ли значи?

    *Да напоменам со девојката сум на здраво,иако се знаеме долго време и се гледаме многу често не сме баш во добри односи.
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Joined:
    Nov 10, 2013
    Messages:
    1,780
    Likes Received:
    6,710
    Gender:
    Female
    Ја сонував мајка ми како седела на пенџерата од терасата, а од куќата на комшиите, на тераса седеше човек со пиштол во рака и нишанел на кај мајка ми. Ја тргнав, ја затворив вратата, и сите останати врати во куќата. Брат ми бил во другата соба, спиел, а нам ни било страв да појдиме кај него да го разбудиме. :worried:
     
  11. Knightley

    Knightley Активен член

    Joined:
    Jul 5, 2012
    Messages:
    33
    Likes Received:
    0
    неколку пати сонував како зборувам со духот на баба ми која неодамна почина, а последниот пат ја сонував вечерта пред нашата слава и ми раскажувала за животот на оној свет :) што ми значат соновиве а и дали има некоја врска тоа што ја сонував вечерта пред славата ???
     
  12. psychic

    psychic Популарен член

    Joined:
    Sep 23, 2012
    Messages:
    2,360
    Likes Received:
    1,252
    Gender:
    Female
    ти недостига таа
    многу си поврзана со мајка ти
    малку поради односите во реалноста, малку поради нелојалноста, магија во сон значи нелојален пријател/пријателка
     
    BeautyAndTheBeast likes this.
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Joined:
    Oct 15, 2010
    Messages:
    553
    Likes Received:
    227
    Јас сонувам како палам свеќи во црква. само што се тргнав една друга девојка исто палеше и сите свеќи кои беа запалени паднаа,меѓутоа не се изгаснаа.


    Ај нека ми пише некој што значи.
     
  14. natasha7

    natasha7 Активен член

    Joined:
    Dec 23, 2013
    Messages:
    21
    Likes Received:
    0
    Сонував дека имам менструација,а овие денови треба да добијам .. што е тоа .. овде на соновникот прочитав дека тешко ќе сум поднесела некои вистини за мене ??
     
  15. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Joined:
    Feb 29, 2012
    Messages:
    762
    Likes Received:
    245
    Gender:
    Male
    Jaс пак бебе сонував,но овој пат мое беше.
    Не знам каде одев со мајка ми и бебето со мене.
    Мајка ми вика па носи го вака,но јас така не можев,па го гушнав само,а тоа ме гушна со рачињата за врат.Потоа ми ја фати главата со рачињата и ме бакна во уста,но тоа од што ме сака.
    Бебенце беше а знаеше да бакнува.Ме изнагушка.А мајка ми и беше мило,јас и викам гледај колку ме сака.Кога одевме,како што го држев,гледам под маицата ли ми беше бебево,мислам го носам,ама не го гледам,туку како под маицата да ми е и не се гледа. :^)
     
  16. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2011
    Messages:
    268
    Likes Received:
    100
    Секакви сонови сонив синоќа ама најбитниот морам да ви го кажам и сакам доколку некој знае толкување :D

    Се срекавам со стар другар и моја голема љубов, беше со девојкаму се поздрави со сите другарки, а мене ме зграпчи ме дигна (неможам да опишам колку ми беше убаво) и тивко ми вика нешто па кај си ти, од кога те немам видено, и јас незнам од каде ми истекна му викам кога јас и ти ке одиме на кафе и како беше се еуфорично само се смири и ми вика 'како тоа на кафе' и јас му викам па така сами и само ме пушти и толку :(
     
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Joined:
    Jul 5, 2012
    Messages:
    923
    Likes Received:
    1,858
    Gender:
    Female
    а овој што значи?
     
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Joined:
    Apr 26, 2012
    Messages:
    676
    Likes Received:
    462
    ........сонував своја астрална проекција.....чуден сон.........лежев во истиот кревет каде што спијам, у пижами......ги отворив очите и се видов себе покрај работната маса облечена во секојдневни тренерки како шо носам и правев секојдневни работи.......се анализирав така како изгледам од страна........и тогаш си викав хеј па ја можам астрално да се проектирам.......и направив другата јас да ја прошета собата...ја контролирав со умот..си викав велат којзнае колку е тешко а мене ми успева без мака.....и после реков ај доста беше за сега и ја вратив во мене.....толку беше сонот.....
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2013
    Messages:
    7,357
    Likes Received:
    8,482
    Ја сонував мојата поранешна најдобра другарка..како повторно се дружеме..
    Што би можело да значи тоа?
    Или е само од тоа што ми недостига :wasntme:
     
  20. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Joined:
    Sep 18, 2013
    Messages:
    186
    Likes Received:
    150
    1. Сонував како со дечко ми (не сме баш во најдобри односи) си пишеме на фб. Тој ми пишува дека е мн радосен бидејки сега ке уживал со неговите девојки, ми пишеше во множина. И јас по пишењето приметував дека е стварно радосен, на тоа јас му велам само ОК. И потоа ми вели ќе ти кажам нешто но не сакам да се лутиш. му велам кажи. Тој: Божица си. :^)
    2. Сонував како една другарка на сестра ми е бремена и ја прашав какво дете носи и таа ми кажа машко. А јас и реков знаев дека е машко се познава. (а таа е навистина бремена, но полот не го знам)...?