Состави

Discussion in 'Образование' started by Blabla16, Sep 7, 2011.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,853
    Likes Received:
    41,137
    Gender:
    Female
    А да ја замолите едноставно да ја напише темата на табла и одма да почнете да пишувате? Бидејќи половина час е прекратко време, ние секогаш пишувавме по 40-45 мин(иако пишувавме до 500 зборови, ама сепак).
     
    Glowy and WildMk like this.
  2. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2021
    Messages:
    461
    Likes Received:
    1,760
    Gender:
    Male
    Ама во право се учат српски броеви, англиски, римски уште арапски им фалат :rofl:
    Многу е:rofl::rofl:
    (facepalm)
     
    edna_malecka and Feminka22 like this.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,585
    Gender:
    Female
    Нема потреба од броење зборови, се знае колку страни се отприлика се 250 - 300 зборови, две ипол страни до три страни од тетратката за писмена, мој совет ти е доколку ги знаеш темите за секоја писмена да си имаш напишано урнек писмени па таму само да ја напишеш, секако не да ја учиш на памет, ама ако ја напишеш дома, таму полесно ќе ти биде, башка многу е важна композицијата, воведен дел, преодна реченица, главен дел, завршен дел и земи дома пишувај, вежбај како се пишува писмена ако имаш 30 минути, вежбај како се пишува за 30 минути писмена, со сите овие работи, воведен дел(пишуваш за периодот во кој е напишано делото, песната или што и да е), преодна реченица(таа нагласува за што ќе пишуваш), главен дел(почнуваш со краток опис на делото и ликовите, не го прераскажуваш делото...) и завршен дел(поука, импресии, твое кратко мислење за некој настан или лик, завршниот дел да не биде повеќе од 4-5 реченици), ако ти е се запазено од ова не можеш да имаш помалку од 4- и тоа ако си ептен тапа граматика ќе имаш 4-. Иначе и кај мене во средно беше така, биравме со ливче, ама професорката им даваше ако не знаат ништо да пишуваат за која тема сакаат за двојка максимум тоа.
     
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Joined:
    Jul 10, 2018
    Messages:
    17,009
    Likes Received:
    130,731
    Gender:
    Female
    Денешниве генерации се свилени и преразгалени. |(
    Ај мала помош разбирам,ама не барајте некој да ви напише цел состав.Не бидете готовани.
    Читајте и напишете сами.
    Што ќе правите на факултет кога професорите ќе бараат семинарски од вас?
    Што ќе правите на работа кога надредените ќе бараат извештај од вас?
    Не бидете мрзи.Учете,трудете се.
     
    Среќа and cresa-jagoda like this.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Joined:
    Jan 20, 2018
    Messages:
    4,734
    Likes Received:
    13,585
    Gender:
    Female
    Не мора ни да учат ако неќат, ни да се трудат ако не им иде пишување и не сакаат. Еден состав, со игра на зборови, 10 луѓе со истиот да поминат. Ако јас пишам 'А нашиот главен лик, тој ја сфати вредоста на животот во моментот кога го изгуби, Мерсо го заврши својот живот баш така како што го живееше, сам и осамен.'
    Ти можеш да пишеш 'А животот, вреден или безвреден, нашиот главен лик Мерсо го заврши онака како што и го живееше, сам и без никого, а неговата вредност, Мерсо ја сфати касно.' Значи не мора ни да ти оди пишување, доволно е да си играш со зборовите..
     
  6. Her0j**

    Her0j** Активен член

    Joined:
    Oct 30, 2021
    Messages:
    10
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Вујко Вања
    Авторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување.Во своите новели Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат. Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот , туку тоа најчесто се исповеди за внатрешните борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма Вујко Вања.
    Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет, Вујко Вања не се грижи за тоа.Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но, секојдневието го нарушува враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања, работлив и морален обичен човек,застанува овој љубител на развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив.
    Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување, без грижа на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни.

    Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да му обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница поради грижа на совеста заради смрта на негов пациент, Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша. Изјавувајки и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта ги потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на неговата ќерка од нејзината покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина.
    Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната лирика е испеано тажното умирање на еден свет на крајот на стариот и почетокот на новиот , можеби подобар век.
     
  7. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2021
    Messages:
    117
    Likes Received:
    62
    Дали сите состави се однесуваат на литературни дела? Дали знаеш дека постојат различни видови на есеи (литературен, формален, неформален, научен и др.)? Дали некој спомна дека не треба да знаеме да пишуваме состави? Дали професорот единстево може да препознае кој ученик го прочитал делото или не, само преку класична писмена? Дали сите имаат ист стил на пишување и ист вкус? Дали сметаш дека е соодветно да оценуваш нечива класична писмена (учениците пишуваат со стрес, немаат доволно време, можеби имаат некаков проблем, без разлика дали е физички, психички, фамилијарен или не знам ти каков)? Дали некој спомна дека не смее да се пишуваат формални текстови со помош на професорот? Дали некој спомна дека професорот не смее да им дава на учениците да пишуваат есеи во текот на вежби или за дома? Дали некој спомна дека учениците не смее да се надоградуваат во пишувањето есеи (есеј не се пишува само за КЛАСИЧНА ПИСМЕНА)?
    Ученикот не е робот! Секој во нашава земја има право на избор! Државата во која секој поединец може да си го каже своето мислење и да се труди за негова реализација - таа држава е држава на ИДНИНАТА!
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,392
    Gender:
    Female
    дали некој те праша за мислење?не.
    дали твоево мислење има врска со моево горе? не.
    кој стрес бе другар, не знаеш ти што е стрес у животот, мислиш писмена ако ти даат за 30минути е стрес?
    Не е.
     
  9. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2021
    Messages:
    117
    Likes Received:
    62
    Јас колку што знам, мислењето може да се побара, но не во секој случај. Секој поединец има право на свое мислење.
    Стресот е различен. Секој човек нема стрес од ист проблем. Секој различно постапува во различни ситуации, т.е. некој може да има стрес од навистина безгрижна ситуација. Но, ние никогаш не можеме да се најдеме во неговата ситуација, ние не можеме да разбереме кој од што има стрес. Ние треба да сме поддрчка на тие кои се во тешка ситуација.
    Моето мислење има врска, но секој не може да ја воочи таа врска.
    Жално....
     
  10. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Joined:
    Jun 18, 2021
    Messages:
    606
    Likes Received:
    915
    Gender:
    Female
    Тоа е школо и нема таму што сакаш, што ќе ти кажат - тоа. Не е убаво толку слобода да си даваш, да му кажуваш на професор што сакаш. Школото не е самопослуга. Ако некому не му оди пишување состави или нешто друго, за тоа постојат оценки од 1 до 5. Друго е да побара помош, друго е да сака да му се сервира писмена на готово. Може да се потруди да ја напише писмената и да побара некој што знае да пишува состави да му каже каде има грешки, што да дополни итн итн.
    При здрав разум, никој не е толку ограничен да не може да седне да се потруди да научи или да напише писмена. Ако имате попаметна работа од учење, тогаш правете ја таа "попаметна" работа од учењето и нема што да се моли за повисоки оценки. Срамота е да се биде неписмен и да се мисли дека учењето е глупа работа.

    Оф топик: Инаку, прочитав и за денешните генерации нешто. Точно е, да. Сакав да кажам дека ова е сѐ од технологијата. И по неписмени генерации ќе има. На часот кога не се слуша настава, туку во телефоните сите гледаат, тоа е. Генерациите порано, пред 20 години биле како што треба, во 21 век се сите исти, понатаму и бетер ќе има.
     
  11. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2021
    Messages:
    117
    Likes Received:
    62
    Идеалните училишта се производ на одличната комуникација помеѓу професорот и ученикот. Сите ние имаме право на мислење и право на избор (професорите треба да ги почитуваме, но не смее да ги третираме како Господ, т.е. ние учениците да сме покорни и робови за нив). Учењето е нашата иднина и иднината на нашите генерации. Погоре напишав дека секој различно може да ја прифати писмената, т.е. за некои е стрес, а за некои е “5те минути од неговиот живот“. Пишувањето писмена работа не се учи, тоа е еден вид талент и секој не може да ја отрие маѓијата на писмената (кажувам за стилот и за пораката на авторот). Самиот професор може да открие кој го прочитал дело, а кој не при самата дискусија на час. Ученикот треба да си ги бара своите права!
    Дали сметате дека е правилно да осудувате некој од страна, а притоа да не се поставите себеси во таква тешка ситуација?
    Многу ми е мило што идните генерации ќе се независни, слободни и ќе си ги бараат своите права!
    Жално за тие кои ја гледаат иднината со песимизам.....
     
  12. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Joined:
    Jun 18, 2021
    Messages:
    606
    Likes Received:
    915
    Gender:
    Female
    @Demon11
    Ама учениците одат на школо за да учат и да ги слушаат професорите, не професорите да ги слушаат учениците. Знаат професорите што треба и ти не можеш да се правиш поголем од својот учител. Тие учеле неколку години на факултет за да го пренесат своето знаење на учениците, не да исполнуваат желби на учениците. Мене кога ме тепаше учителката оти не знаев да решавам математички задачи, не смеев да заплачам. Во право беше, јас требаше да си учам, не да се зафркавам.
    Ако мислиш сам да одбираш што да правиш на училиште, зошто тогаш одиш на училиште?
    Ако си во средно образование сега, со вакво размислување најдобар избор ти е да престанеш да учиш.
    Не знам кој го направи средното образование задолжително... Средно не е за секого. Кој сака да си биде овчар, нека си биди. Така па ако 3 или 4 години "учи" во средно, мислиш писмен ќе биди...
     
  13. Demon11

    Demon11 Истакнат член

    Joined:
    Apr 16, 2021
    Messages:
    117
    Likes Received:
    62
    Можам да разберам дека не сфаќаш што зборувам. Ова што го одговори е враќање во минатото, а не одење во иднината. Редни се реформи во образованието.
    Се извинувам што мислев дека можете да ме сфатите, што мислев дека ќе ја разберете мојата визија за иднината во образованието, но сфатив дека мојата визија е на енормно ниво која никогаш нема да ја сфатите!
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Joined:
    Apr 24, 2019
    Messages:
    7,853
    Likes Received:
    41,137
    Gender:
    Female
    Поентата на писмената е да се научи да се анализира едно дело, да се научи да се пишуваат повеќе од 10 кохерентни реченици, да се научи да се користи мозокот за размислување и изразување на креативност и објективност.Пишувањето е ментална вежба.За 10 год никому нема да му биде гајле за спореден лик од Вујко Вања, ама вештините кои се добиваат со вежбање креативно изразување остануваат за цел живот.
     
    Cucueta, Glowy, Biljarkata and 4 others like this.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,303
    Секогаш имало ученици што чекале друг да им напише состав/да им нацрта цртеж/да им реши задачи за домашно.
    Не е одлика исклучиво на денешните генерации.
     
    Glowy, calm-girl and Just.do.it like this.
  16. Виктор и ја

    Виктор и ја Активен член

    Joined:
    Sep 28, 2021
    Messages:
    15
    Likes Received:
    8
    Gender:
    Female
    Здраво на сите. Дали некој го има прераскажано Евангелието според Јован?
     
  17. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Joined:
    Jun 18, 2021
    Messages:
    606
    Likes Received:
    915
    Gender:
    Female
    Дали може да направиш вака: потруди се да го прераскажеш ти Евангелието, па да прашаш некој што сака да ти помогне, да ти каже дали имаш некаде грешки и што да дополниш?
    Така е подобро за тебе, ти ќе имаш многу корист од тоа.
     
  18. Pshes

    Pshes Нов член

    Joined:
    Nov 14, 2021
    Messages:
    5
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    Itno!!! mi trebaat sostavi za balada,romansa i teskata rabota na rabotnikot blagodaram odnapred
     
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Joined:
    May 22, 2019
    Messages:
    2,523
    Likes Received:
    8,011
    Gender:
    Female
    Да се потрудите сами да напишете?
    Воопшто не е тешко. Пребарајте на интернет за идеи и напишете сами.
     
    WildMk and cresa-jagoda like this.
  20. Pshes

    Pshes Нов член

    Joined:
    Nov 14, 2021
    Messages:
    5
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Male
    @Just.do.it Nema nigde za balada i romansa prvo razmisli pred da kazis