Состави

Discussion in 'Образование' started by Blabla16, Sep 7, 2011.

  1. Martinaa1

    Martinaa1 Активен член

    Joined:
    Mar 31, 2013
    Messages:
    1
    Likes Received:
    0
    Состав за писмена

    Ќе може ли некој да ми помогне за 3 теми ми требаат за писмена...
    1. Патувањата се можност за размена на искуства и знаења.
    2. Дрога, алкохол, деликвенција... пороци на современото живеење.
    3. Искрените пријателства се најголемото богатство на секој човек.

    Ви благодарам однапред
     
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,467
    Likes Received:
    33,831
    Gender:
    Female
    Луѓето велат најголемото богатство се пријателите...Некој ги има реално некој не..
    Пријателството постои да насмее нечие лице, да прошири познанство, да размени насмевки, раси, пријателството те учи на многу работи, ти го покажува вистинскиот пат до животот. Пријателството не е само излегување ова она, тоа е чуство, како љубов, големо чуство... Некои луѓе се среќни затоа што имаат верни и искрени пријателства, со кое добро се разбираат, си простуваат едно друго а некој пак тагуваат по тоа не се среќни затоа што го изгубиле, поради некоја грешка но тоа не е се тоа не е стварта ако изгубиш едно пријателство дека е крај на свет ќе разбереш дека не ти било верно дека си била само искористувана, но дека некогаш до крајот на твојот живот ќе постои некој искрен...Секој човек има 1 искрен пријател, и 1 верен, може да има многу многу пријатели но само 1 од нив да го сака најмногу, и да му биде верен. Целта на пријателството е да се развива љубовта кон луѓето, таа има цел да растажи и насмее лица, да доживува многу убави работи заедно. Пријателтвото негледа години, негледа раса, негледа пол гледа само човек да ужива во него...
    Пријателството е тоа.. И е секако точно е дека е НАЈГОЛЕМОТО БОГАТСТВО без кое човек неможе да живее...
    за третата тема...ќе ти помогне нешто ова? :)
     
    Martinaa1 likes this.
  3. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,467
    Likes Received:
    33,831
    Gender:
    Female
    Дали некој ќе можи да ми ја раскажи Кралот Едип од Софокле?
    Содржина,ликови...
    Благодарам однапред :*
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,388
    Likes Received:
    17,606
    Gender:
    Female
    Ај што не сакаш сама да си ја прочиташ книгата, па дури не сакаш ни да прогуглаш малку, да се потрудиш да најдеш нешто раскажано по форумите.
    Еве што најдов јас, а верувам дека ќе најдеше и ти доколку напишеше на гугл - крал едип од софокле:

    Напишано од некој што не го мрзело на форумот идивиди.
     
    sanjaeva likes this.
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,467
    Likes Received:
    33,831
    Gender:
    Female
    јас ќе ја земам книгата и ќе ја прочитам..само ми требаше убаво раскажана за да ја напишам во тетратката за лектири...најдов јас на српски јазик нешто...ама мн долго е,иначе фала мн :D
     
  6. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Joined:
    Mar 29, 2013
    Messages:
    100
    Likes Received:
    17
    имаш во учебникот за прва година:/
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,467
    Likes Received:
    33,831
    Gender:
    Female
    го видов тоа во учебникот...професорката ни бара нешто како раскажано ама да не е толку големо...утре ќе ја земам од библиотека лектирата па ќе видам што да напишам во тетратката за лектири
     
  8. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Joined:
    Mar 29, 2013
    Messages:
    100
    Likes Received:
    17
    ^ Епа од тоа во учебникот среди го и направи го помало. И ние неодамна ја обработувавме ама како дело. Ако ти треба помош ЛП :)
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,467
    Likes Received:
    33,831
    Gender:
    Female
    ок ;) фалааа :D
     
  10. Laady21

    Laady21 Активен член

    Joined:
    Apr 2, 2013
    Messages:
    2
    Likes Received:
    0
    Дали ја има прочитано некој книгата Буре барут од Дејан Дуковски ?
     
  11. dancheto9

    dancheto9 Истакнат член

    Joined:
    Apr 15, 2013
    Messages:
    5
    Likes Received:
    0
    Ве молам состав за Мојот омилен предмет во училиште. Да има напишено зошто го сакам итн. Ве молам некој пример за утре ми е. :doh:
     
  12. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2011
    Messages:
    129
    Likes Received:
    71
    Ми треба драма за утре во школо (драмски текст) на било која тема ама незнам што точно да напишам дајте ми идеа на која тема да пишувам или кратка содржина за што да пишувам (ако може во ЛП) ФАЛА ОДНАПРЕД
     
  13. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Joined:
    Feb 21, 2011
    Messages:
    129
    Likes Received:
    71

    Напишав :D (само да ве информирам)
     
  14. oneday

    oneday Истакнат член

    Joined:
    Feb 8, 2013
    Messages:
    256
    Likes Received:
    456
    Gender:
    Female
    Ако може некој да ми каже некој состав на тема :
    „Растам во прегратките на мајката природа“
    или песна на тема:
    „Љубовта гради мотови и таму кадешто ги нема“
    Ве молам ако знае некој да напише поздрав :*
     
  15. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2013
    Messages:
    958
    Likes Received:
    513
    Gender:
    Female
    Во лектирата се раскажува за Славе кој е мало детенце. Тој има 2 браќа Марко и Диме. Марко е во војска но доаѓа на отсуство во својот роден град кај фамилијата, но тој е скаран со својата девојка Роска. За да не му биде досадно Славе смислува план секој ден Марко да го учи нешто ново на пр да пука да се крие зад грмушки и др. и марко му го прифаќа планот. Е арно ама уште првиот ден тој се смирува со Роска, и го замолува Славе секој ден да ги забавува неговите „Девојки" место него. А за тоа време тој е со Роска, но Славе не го знае тоа. Потоа се двоуми како да му ја каже вистината на Славе и еден ден со Роска го седнуваат и му кажуваат дека тие се заедно. Најпрво тој се лути, но потоа им се смирува. Последниот ден пред Марко да си оди цело семејство оди во базенот на една од „Девојките“ на Марко и потоа тој заминува.

    Сега малку просто е раскажана ама толку можам :D
     
  16. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2012
    Messages:
    253
    Likes Received:
    92
    Gender:
    Female
    Девојки знае ли некој состав за овие теми:
    -Љубовта во моето срце
    -Час кога училницата стана моја мачилница
     
  17. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Joined:
    Jun 28, 2011
    Messages:
    392
    Likes Received:
    162
    Gender:
    Female
    Љубовта е една огромна величина, но сепак ја собира и во најмалото срце. Еден огромен свет, во кој ако знаеш да сакаш, ќе бидеш сакан. Љубовта е во сите нас, односно во нашите срца. Секој чуствува љубов, кон некого или нешто. Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.
    Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.
    Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека nекој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.
    Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да
    останеш засекогаш...
     
    The Drifter and t.i.n.k.b.e.l.l like this.
  18. Cuce1712

    Cuce1712 Истакнат член

    Joined:
    Dec 18, 2012
    Messages:
    8
    Likes Received:
    1
    словенска литература

    итно ми треба состав за словенска лкитература и писменост..ве молам за помош ;)
     
  19. violin

    violin Истакнат член

    Joined:
    Apr 25, 2013
    Messages:
    9
    Likes Received:
    1
    Gender:
    Female
    zdravo ! da ne ima nekoj slucajno barem voved za esej : Zivotot e minliv delata ziveat .Fala vi mnogu odnapred.
     
  20. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,628
    Likes Received:
    15,036
    Gender:
    Female
    Доколку некој ја има прочитано и раскажано лектирата Александар Македонски , нека ми прати порака во ЛП, однапред благодарам