1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Со свои очи види колку ти е верен

Дискусија во 'Канта' започната од IviA, 20 јули 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Ако има нешто слична или иста тема избришајте ја :)
    Скоро секоја девојка се сомнева и плаши нејзиниот дечко или сопруг да не ја изневерува . Па вака сигурно ви звучи лудо и филмски но од секогаш сум сакала да видам со свои очи како ќе реагира кога ќе ме нема мене а тој ќе биде опкружен со убави девојки и машко друштво . Постојано во глава ми се вртат безброи идеи како да проверам колку ми е верен .На пример да се договорам со некој наш заеднички пријател да организира забава во неговиот дом и да бидат само момчиња. потоа демек ќе дошле некои негови убави братучетки од друг град ( целта е да бидат непознати за дечко ми ) . Откако ќе потпивнат , девојките да почнат да флертуваат со момчињата.Јас да ѕиркам од негде , на камери да гледам или како што гледав една девојка си го промени ликот и телото и беше келнерка во барот , ги служеше и гледаше кој што прави , кој флертува а кој веќе и изневерува ,потоа девојката ја тргна од лицето вештачката кожа и си го покажа вистинскиот лик . момците беа шокирани , :devil: :devil: но кој е верен , си останува верен . Оваа емисија можеби сте ја гледале , не знам .. Дали и вие имате некои идеи како да видите со свои очи дали дечко ви ве изневерува ??? :doh:
     
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    А да престанеш малку со гледање филмови ?
    Луѓе па 21 век сме , секој има право на слобода , не ме интересира што би правел, зашто да го пратиш во секој чекор тоа е веќе опсесија .
     
    На Nine25, An.N и Artemission им се допаѓа ова.
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Баш и таа епизода ја гледав :D Таа си стави леќи, очила,и вештачка кожа.
     
  4. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Да , да инаку многу сакам и јас да го направам истото :D :D :D
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Сериозно имаш 21 година? :^)
     
  6. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Нормално е секој да се сомнева. Нормално ако има љубов. Но идеава малку ми е глупа и детска.
    Запрашај се како би реагирал дечко ти кога ќе дознае за твојот незрел потег. Немој да си правиш од готово вересија можеш врската да си ја уништиш. Има други безброј начини за да го фатиш во неверство. Впрочем ако добро се познавате тоа можеш и да го осетиш по неговото однесување.
    И патем... не верувам дека некој другар негов ќе ти се согласи на сојуз за оваа работа. Поздрав :)
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Малку ме намеа твојот пост, ако се сомневаш во него и ако мислиш постојано да го следиш тогаш пишии рецка на твојата врска бидејќи така никогаш нема да имаш стабилна и цврста врска зошто довербата која треба да ја градите еден меѓу друг е темелот за цврста врска. Можеби ти е монотоно во врската па ти истекнуваат некои идеи кои секако дека не би му се допаднале на момчето. Од постот можам да забележам дека си доста несигурна во себе и во своите квалитети повеќе поработи на тоа поле, зошто самодовербата и стабилоста на твојата личност ќе донеста друг тек на врската и можеби нема да размислуваш дали ќе те изневери момчето или не туку ќе уживаш во секој убав моменти.
     
  8. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    love23 добро ме отцени немам доволно самодоверба во себе , и постојано ми летаат луди мисли во глава , и не дека ќе го сторам тоа , само онака си фантазирам ,го имам прашувано дечко ми дали би ме изневерил онака на шала , а тој се смешка и вели дека никогаш нема да ме изневери , и сигурна сум дека нема , ама сепак друго е кога ќе видиш со свои очи како ќе реагира на тоа ..никогаш не се знае
     
  9. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Зашто во здрава нога би си ставала трн?
    Не те разбирам.
    И тоа сакаш да се опијани дечкото, да му се пушти некоја згодна и да се израдуваш дека ќе ја одбие?
    А размисли ли ако прифати?
    Што тогаш?

    Се сетив на нешто што ми раскажуваше баба ми.
    Кога биле млади и сеуште само излегувале со дедо ми, нејзина познаничка, пријателка , но неблиска ( била ептен убава) и викала на баба ми да ја запознае со дедо ми. Демек другарски. А дедо ми бил баш фраер. :lol: Баба ми и рекла -важи ( како не), и направила никогаш да не се сретнат. :D
    И еве ги сега и во старост, среќни, се сакаат, се чуваат... А да го тестирала на верност којзнае можеби во таа младост лудост каков друг правец би добиле работите.

    Подалеку од оган не можеш да се изгориш!

    Не можеш и не треба да го изолираш дечко ти од другите привлечни девојки, но ти да му местиш ситуации е ЛУДО и ГЛУПАВО!

    Поработи како што ти кажаа на својата самодоверба, и ако ти со твоето однесување и карактер му дадеш до знаење на дечкото дека освоил нешто што вреди да се чува , ќе те чува..
    А ако ја почувствува твојата несигурност, ќе го наведеш да мисли дека е подобар од тебе,
    и ќе тргне по други и да не мислел...

    Инаку во младост и да те изневери некогаш, ако е само за една вечер, секс , со некоја што очи нема да и види, мене ми е разбирливо, затоа што хормоните кај дечките се мн јаки тогаш за контролирање, и тоа не би значело дека не те сака...
     
  10. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Сериозна си со темава?
    како што би рекла покојна милева ХАОС МАЧКО !
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да се трансформирам у грмушка близу неговиот двор кај шо моча кога е пијан на пат кон дома, и да видам стварно дали ми е верен.
    ццц |(

    А у врска со таа емисијата шо си ја гледала, мислам колку очајна треба да е таа да си бара дечковци у риалити шоу жити се?! Па да цмиздри како нема вистинска љубов, како сите ја повредуваат, како она е чесна и невина и и забиваат нож у грбот, па петсто сцени. И на крај не го одбра манекенот, погрдиот го одбра демек он имал карактер, немало да ја вара, овај не и бил сигурен. Ако е риалити шоу демек саде вистини се, ајде молим вас чукнете си малце тоа главите. Вратете се у реалниот живот, свестете се што правите, со кого си имате работа, и дали треба да имате поверење у оние со кои сте. Може да сте малце пофокусирани на тоа околу вас ќе знаете шо ви се дешава.
    Ова телевизииве мозокот ви го испраа, бре. |(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ох леле земјо затеже со глупости , што се мора да искрепиш :D :D :D :D
     
  13. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    До каде со ТЕМИВЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ????????????????????????????
     
  14. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Да не гледаш и Балканске преваре ?
    Цепки се тие бе , се гледа дека е наместено ...Мислам дека нема толку ненормални луѓе да се пријават и да ги прават тие глупости !!
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    5.612
    Пол:
    Женски
    Јас од прво читање очекував да прочитам, дајте го на мене да проверите. |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.