Денеска го читав последниот број и тоа манекенот уфф каков ее...ретко имаат некои убави на фаца и згодни манекени.
Не за ова,зборувам општо не давам пари за списањија,можеби за утрински весници да,но списанија не. Го има и на ФБ??Тогаш ќе разгледам таму
Ако има некој што го купува списаниево, ќе биде ли доволно фин да напише кои добиле награди? Претходниот пат го купив заради пудрата и пратив порака, ај може ќе имам среќа. Е сега бидејќи не го читам редовно и не планирам да го купам некој ако сака да ми ја направи малава услуга....
^^ Еве јас ке ти кажам јасмина драшко наталија шлепетурова ева ристиќ наташа поповска анета околиќ силвија мироновска ана кулеванова дијана марковска добрица димовска цветанка камчева снежана самарџиева николина царовска светлана миланова калија билбиловска дијана камчева васов светлана данка макревска ирена јовановска благуња ѓорѓиевска наташа клинчаровска александра саздова паолина рангелова бранислава јанкоска ана георгиевска николовска марина александра теодору атанаскова мирјана елизабета ушковска маја божиновска сања ѓеорѓева наташа скендерова стојанов блаже Spoiler Извинете што се со мала буква ама ме мрзеше на секое да менувам Тigerlady ако си добила нешто ќе до делиме deal?
Ке сака ли некој да провери во последниот број мартовскиот тоа за наградите дали има Елена Трајановска Сеа ми текна дека пракав пораки а не го купив списанието а сеа и касно е висе ми се чини ново ке искочи....фала однапред
Истите статии ги читам на Фемина, not for men и други розови страници, но има нешто кога ќе земеш „тврда копија“, кога всушност ќе листаш страници хартија и ќе ги читаш работите кои веројатно си ги видел веќе некаде по интернетов Го купувам понекогаш, а понуденате облека „по најповолни цени“ низ Скопјево е смешна, суми незамисливи за една типична девојка, така да не ми помогнале многу во изборот на облека (досега).
Редовно го купувам.. многу ми е интересен.. а некогаш дури го разгледувам и во PDF формат на интернет
Да и тоа чедовно го читам а сот оа се подразбира и дека го купувам.....Толку колку што се излезени... Па нема нешто што не ми се допага......а ми се допага она со модните парчиња.......Па скоро се би сменила......
Прашање: Во списаниево видов дека има наградна игра и треба да пратиш смс со име и презиме и контакт, и јас пратив ама пораката не се прати, пробав повеќе пати, ми зима кредит ама поракава не се праќа, што е проблемот?
Го купував редовно до Април месец, ниеден број немав пропуштено. Мајскиов не го купив, бидејќи се разочарав од априлскиот. Што беше тоа? Списанието беше преслабо, мислам во обем на страници, немаше ниту една добра статија, едноставно го уништиле. Се разочарав. Па така додека листав, се трудев да најдам една добра работа, кога ќе видам ја смениле главната уредничка. Ете што било, очигледно ја избркале креативноста и ја вовеле досадата. Чекам да излезе јунскиот број, можеби поголем ќе е и поинтересен. Искрено не ми се даваат 90 ден. за 50 страни. Кога беа 100 и нешто, вредеше, ама вака, не, не фала. А, плус и со тапа содржини. Порано списаниево навистина знаеше да ме опушти и уживав дури го читав. Сите статии ги крадат од Glamour, ама сепак, убаво беше, нешто ново во Македонија.
^ Целосно се согласувам. Порано редовно го купував и го читав од почеток до крај. Списанието не само што беше пообемно, туку и имаше навистина интересни статии кои вредеа да се прочитаат. Последниот број го купив минатиот месец и дефинитивно се откажав од списаниево. Само го разлистав и ниту една статија не ми фати око. Многу повеќе ми се допаѓа Теа Модерна или Убавина&Здравје, отколку Unique. Ете, не сум приметила дека главната уредничка ја смениле. Сега веќе ми е јасно зошто списаниево веќе не е тоа што беше.
Мене лично Unique ми е бледа копија на Убавина&Здравје, од почеток до крај, со таа разлика што Unique вметнува некои си потресни животни приказни што ги нема во У&З. Инаку, друго скоро се’ е исто: награди, козметика, облека... Неколку пати имам сретнато во Unique слики од производи кои претходно сум ги видела во У&З, а често пишуваат и текстови на исти теми. Го читам Unique, не дека не, ама за мене многу подобро е У&З. А и искрено, 90 денари сметам дека е многу за такво списание, кое секој месец има се’ помалку и помалку страници. Може е и до новата уредничка, којзнае. Како и да е, мој фаворит сепак се Убавина&Здравје, а во последно време и Grazia. Тоа се магазини кои излегуваат во повеќе земји на Балканот и во светот, па затоа нив ги претпочитам.
Порано, додека беше старата уредничка, едвај чекав да го купам, а сега со новава.. тапа. И бројот на страни е намален, и воопшто квалитетот на статии и слично. Мислам, си купувам јас уште, од навика, ама без ќејф, колку да листам нешто.