1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Срам ми е да го запознаам со родителите

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Fabulus, 9 април 2011.

  1. Fabulus

    Fabulus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Срам ми е да го претставам и запознаам со моите родители и сестрами. Веќе сме во врска 8 месеци а немам одено ни јас кај него ни тој кај мене. Планираме нешто по озбилно, но тој е од село и мене ме е срам да го запознаам со моите, си мислам дека ке ми се потсмеваат. незнам од кај ми е оваа мисла во глава, но ми смета ужасно. :worried: како да ги запознаам, дали ке изреагираат добро, дали ке биде прифатен, дали тој ке ги прифати, дали ќе ми с епотсмеваат се се врти во мојата глава. како да го прифатам таков како пто е, и на најесноставен начин да го претставам? :worried:
     
  2. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Не го запознавај со твоите се додека не стане озбилно. Ако сакаш да дојде кај тебе или ти кај него, не мора да се запознаваш со неговите родители или тој со твоите. Ќе си одите меѓусебно на гости ти кај него тој кај тебе без да се ''дружите'' со родителите.
    Гледам дека имаш 17 год, не се знае колку врски те чекаат во животот, не знаеш дали овој ќе ти биде последен, а млада си за да ти биде. Подобро дадете си време и кога ќе бидете сигурни дека е озбилно тогаш се ќе си дојде на место спонтано. Подобро така отколку да се бламираш сега со овој дечко пред твоите, па по некое време со некој нов итн итн.
     
    На Fabulus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Како може да ти биде срам, бидејќи е од село? Зошто си тогаш со него? Ако твоите родители не те поддржат и ти се исмеваат, тогаш што е со другарките?
    Имаш 17 години, така што не е задолжително да го запознаеш со родителите, има време.
    Најпрво кажи дома со кого си во врска, па после кога ќе дојде време ќе ги запознаеш со дечкото.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Срам ти е да го запознаеш затоа што потсвесно сама тебе ти е срам што тој е од село. Ако тебе тоа не ти пречи и не ти е срам на тебе самата, нема причина зошто и да го помислуваш истото. И незнам како планираш нешто посериозно со него , кога првин не си расчистила со самата себе во врска со тоа дека е тој од село. Седни и преиспитај се. ;) А и ако тебе тоа не ти пречи, нема да ти биде важно дали ќе ти се потсмеваат.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Јас не гледам ништо срамно во тоа што твојот дечко е од село!
    Што ако е од село? Тие од село имаат шуга или?
    Многу ми е смешна самата помисла дека твоите би ти се потсмевале заради ова.
    Извини ама ако го сторат тоа, тогаш нешто навистина не е во ред со нив.
    Ти си со момчето 8 месеци, твоите знаат сигурно дека имаш момче. Никогаш до сега не те прашале каде живее тој? :?:
    Ако твоите родители ти мислат добро и ако ова момче те сака и има сериозни намери со тебе не треба да се срамиш да го запознаеш со твоите.
    Тоа што живее во село не е никаков проблем и е сосема небитна работа.
    Не треба да оддаваш значење на тоа, ни најмалку.
    Треба да се загрижиш ако е наркоман, пијаница и сл. за ова смешно е да се грижиш.
    Ти да не си таа која се срами бидејќи тој живее во село?
    Ако е така, тогаш ти си таа што има проблем а не твоите родители а уште помалку твоето момче.
     
    На OzzyAngel, Hopeful и Victorya им се допаѓа ова.
  6. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Не треба воопшто да се срамиш што дечко ти е од село и луѓето од село сме луѓе. Ако сите што имаат партнер од село се срамеа од него, многу луѓе досега ќе беа немажени или неженети. Да не заборавиме дека сите, кој помалку, кој повеќе имаме по некоја жица од село т.е. потекнуваме од таму. Некои се преселиле в град, но потеклото им е од село, еве и јас не се срамам воопшто да кажам дека живеам во село. И сега што требаше дечко ми да направи, да се срами од мене и да не ме покажува „ на мегдан“, па и тој има потекло од село и не се срами, ниту од себе, ниту од мене. А замисли ти да беше од село и тој да се срамеше од тебе? Какво ќе ти беше тогаш? Инаку, ти чисто од град си, немаш никој од родителите што потекнува од село, зашто ретки се тие што се „ оригинални граѓани“? Ако навистина го сакаш, тој факт воопшто не смее да ти смета. Не смееш да се срамиш со тоа, зашто и луѓето од село се луѓе, а некогаш се и многу подобри од „ граѓаните“. А ако тој дознае дека ти се срамиш од тоа што е од село, верувај ми нема да му биде сеедно и тоа многу ќе го навреди.
    За запознавање со родителите, почекај, да видите како ќе ви се одвива врската, но сепак кажи им дека имаш дечко, како се вика, од каде е, за да знаат.
    Немав никаква лоша намера со постов, само сакав малку да ти кажам некои работи од гледна точка на некој од село ;)
    Поздрав.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Јас се водам од еден принцип, не правам работи од кои што се срамам!
    И што има врска ако е од село? Ти си го засакала и прифатила и тоа е доволно. Верувам и дека има далеку подобро однесување од овие “граѓаниве“.
    Ако ти се чувствуваш добро, тоа не би требало да им претставува никаков проблем на твоите родители. А и искрено, не мислам дека е добра идеја да му кажеш на момчето дека ти е срам да го запознаеш со твоите. Тоа може многу да го повреди.....
    Ако сакаш да продолжи врскава стабилно и ако сакаш твоите домашни да го запознаат момчето, направи го тоа. Нема потреба од срам ;)
     
  8. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    срам ми е да го запознаам со родителите

    И јас кога имав 17 години бев уфилмана готовоооооо овој е Mr Perfect ама не бил, ни тој а ни тој после него. Затоа би ти кажала да не го запознаваш бидејќи кој знае уште колку дечковци ќе имаш додека да го најдеш вистинскиот. Ете ни тој не те запознал со неговите. Сега си во години кога веруваш во љубов како во латино-американските серии, ама такво нешто не постои.
    Штом ти е срам да го запознаеш со твоите значи дека ти смета (се срамиш) што тој е од село, и не верувам дека тој срам ќе ти помине некогаш. А не е убаво да го моташ - греота е. Замисли ти да си од село и некој да се срами од тебе, а да ти изјавува љубов :shake:
     
  9. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    112
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Аииии луѓето не се делат сега на добри и лоши , туку се далит од село или се од град. ц.ц.ц.

    П.С.Во еден град има повеќе селани, од колку што има во најголемото село во Македонија.
     
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    срам ми е да го запознаам со родителите

    Воопшто не ми се допадна реченицата-но тој е од село :o ... од старт ти го понижуваш :!: да не е помалку вреден што е од село,па да ти се потсмеваат твоите?ако дојде ред да се смеат на некој што е од село незнам што да кажам...демек ние од град сме културни и господични а од село се посебна врста :| :devil:
    Ако не ти е зор за запознавање не запознавај се сеуште официјално...може кога ќе дојде роденден кога ќе славиш или слично нешто,нека дојде на роденден па така ќе го видат и запознаат....ако не си спремна за запознавања и фамилијарни собиранки тогаш не ни почнувај,не е морално...
     
  11. Fabulus

    Fabulus Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Знаете што сватив по денешниот ден...дека мене ми е срам од него. Не ми е срам само да го запознаам, туку и да бидам со него, не се чувствувам убаво кога сум со него. Незнам зошто, ама вакво чувство ми се јави денес :worried: Најубаво ќе биде да ја прекинам оваа врска, затоа што не можам да правам работи од кои се срамам. Ви благодарам на советите девојки :*
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    од самиот старт бе девојко не се искажуваш како што треба и не ја даваш вистинската причина
    а и неможам да сватам си била со некој 8месеци а се страмиш од него или си се страмела зошто тогаш си потрошила 8месеци ништо не сваќам...
     
  13. mon4i91

    mon4i91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    101
    навистина лошо е што така велиш... ти не само него, туку ги понижуваш и сите што се од село... незнам зошто имаш такво мислење ама според мене е мнг погрешно...
    и јас имав дечко од село, моите знаеја ама јас никогаш не им кажав,незнам од каде дознале а и не е битно не ми е тоа поентата... идевме долго време ама јас никогаш не го запознав со моите бидејки немаше сериозен став кон мене... како и да е не се покајав во врска со него тоа ми бесе само едно искуство повеке...
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    Не го земај ова погрешно ама единствено треба самата на себе да се срамиш. Како можеш после 8 месеци да му даваш на детето лажна надеж па и да му викаш те сакам(сигурно тоа му го имаш речено пошто гледам си планирала сериозно)... и сега да сфатиш дека ти смета т.е. се срамиш од тоа што детето живее во село... Ти ако си планирала да го запознаеш со твоите, би требало да си заљубена до уши во него. А љубовта не познава место на живеење. И на крај краева, ти ќе живееш со него а локацијата се менува. Исто така во градовите има поголеми СЕЉАЦИ одколку во селата што има СЕЛАНИ! Ако ти е убаво со дечко ти,нема потреба да раскиниш за глупости...
     
  15. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    значи незнам само како си можела да имаш врска со момче од село а ти толку голема граѓанка ццццц
    Ти навистина не го заслужуваш момчето и да раскини му барем ќе може да си најде девојче што нема да се срами бидејќи во дворот на дечко и шетаат кокошки,крави и сл.
    бај д веј и мажулето мое си е од село ама си го сакам најјјјјјјјјмногу на цел свет !!!
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Божеее.... Ти девојко се срамиш од него затоа што е од село??? ххахахаха...
    Еве јас сум од село, дечко ми е од град па по 3 дена откако се фативме тој дома му кажа која сум, од каде сум, што работам... А неговите се угледни луѓе што не знаат како е тоа да се живее всело. И што требаше тој да прави? да ме крие? да се срами??
    Ти не го сакаш, уф грозно ми е кога некој така зборува за селаните! :puke: И тие се луѓе бре!
    дај раскини му, не го лажи детето!
     
    На Hopeful и Victorya им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Секој си има право на избор, ако и е срам - нејзино право...можеби не е само селото , сигурно има и други детали ради кои се срами. Едно време (во тинејџерските денови) имав дечко со мнооогу бушава коса и банално е да, но јас се срамев да излегувам со него во град заради тоа,(се гледавме претежно на скришни места ) :$ а живем во помал град речиси секој со секого се познава... И му раскинав - и иако ми беше убаво со него, чуството на срам беше поголемо од се...така да нема потреба да се оптоваруваш, ако не се осеќаш комотно со него раскини, и најди си некој од кој нема да срамиш! А со мојот пример сакав да кажам дека не треба да се чуствуваат навредени тие што се од село доколку го прочитаат постот на фабулус, затоа што причините за некој да се срами од некого можат да бидат толку бесмислени и банални за едни, а премногу важни за други...затоа секој со своето...
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Јас ќе се надоврзам на советот на Офи ..... Потсвесно ТИ се срамиш со тоа што тој е од село !!!! Расчисти си самата со себе дали тој детаљ ќе ти смета или не !!!! Како што ти кажа ФБИ, СИГУРНО има подобро однесување и манири од таканаречените граѓани. Сега така размислуваш зашто си 17 и peer pressure е нешто што преовладува кај тебе, слушаш што ќе ти кажат другарќите итн итн итн....Кога ќе размислиш малце подобро ќе видиш дека нема врска тоа што е од село дечкото. Ако на тебе ти е убаво со него, ако те третира како што треба, ако ти одговара на карактер, верувај дека нема врска...А тоа што менталитетот кај нас уште е таков - жално е.....Уште се владеат луѓето по она - "од кај го најде од село е"....Биг факинг диал !!!!! Дечкото е 3 пати подобар од вас, ако е од село......Затоа да ти кажам ако на тебе ти е добро, би требало и на твоите да им е ок со тоа....Ако сакаш да го запознаеш - запознај го....Можеш дури и да се изненадиш од реакцијата на твоите а и плус ќе ти падне огромен товар од градите ;)
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Мистери, па си кажа самата дека сфатила дека се срами од него :)
    Ништо тогаш, барај некој градски фраер, може ќе биде подобар.
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Девојче, ти од град си? И плус гарант баби дедовци имаш в село :?: ;) И да, имаш едвај седумнаесетина години?!
    Не ми се лути, ова колку да те потсетам дека сега се што лета се јаде сега, селото е село, ама подобро селанец со манири и добро понашање, отколку некое градско копиленце што ќе те гледа тоолкицка и ќе ти вели „пи*е маааа„ ;)
    Ете, си призна дека се срамиш од него, ама размисли, толку ли е тој невреден, или ти повредна од него? сите сме луѓе денес, ова подобро преброди го, ако, ама ако се срамиш од ова што со се останато што ќе ти донесе животот :)