Сега ја почнав Једини Излаз по препорака на @macka91 ,има некоја прича па ќе видиме до крај што ќе искочи
Сабја е една од поновите серии која ветува. Само голема грешка е што Сергеј Трифуновиќ го ставиле да го глуми легендарниот Милорад Улемек- Легија.
Ја загледав Мочвара ама разочарува...сценариото и режија ко деца за матура да спремале... Иначе има прича ама можеле многу многу посериозно да го направат. За глумата да не правам моабет,поготово секс сцените смешки.
Јужни ветар Убице мог оца Самац у браку Рањени орао Војна академија Синђелићи Монтевидео Љубав, навика, паника У клинчу Вратиће се роде Тома И уште многу други.
Јужни ветар и серијата и филмот ги имам гледано , ма да серијата ми е далеку подобра и подетална . Убице мог оца , сезона 1 , 2 и 3 ги изгледав во една ноќ . Мислам дека тоа кажува се . Рањени орао ја имам може 200 пати гледано , и искрено можам уште толку да ја гледам . Вратиће се роде , исто , 200 пати гледана , уште толку можам да ја гледам . Војна академија ми е меѓу најомилените серии . На листа на чекање ми се У клинчу , Беса , Сабља и Државни службеник .
У клинчу - детска,тинејџерска Беса- многу добра (штета што нема продолжение) Сабља- така така Државни службеник - добра Дајте некоја друга кажете,србиве растураат со сериите
Беса ќе има продолжение, но HBO откупило некои авторски права па под нивна асистенција ќе се снимаат серии понатака. Други серии: Певачица Црна свадба Сабља Кожа Руски конзул Нечиста крв
Деца зла , погледни трејлер , можеби ќе ти се допадне Нобеловац , не ми е гледана ама во скоро време се надевам ќе стигнам да ја одгледам Сенке над Балканом - почнав да ја гледам , стигнав до крај на првата сезона , ама не можев да ги најдам сите епизоди и се откажав , повторно ја ставам на листа на чекање . Викенд са ћалетом - за оваа видов добри рецензии , сеуште не сум ја одгледала . Мене давајте ми предлози за српски крими серии , трејлери , инспекторски , такви ме интересираат