1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ставање на вештачки нокти во домашни услови

Дискусија во 'Тело' започната од qxwy, 19 декември 2012.

  1. s.m.i.l.e.e

    s.m.i.l.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Јас си купив вештачки нокти утре ќе ги ставам за на НГ беа 50 денари и не ми е прв пат кај што ќе ставам.Задоволна сум ставам секундарен лепак и ми издржуваат околу една недела што е доволно да се порадувам на долги нокти :D .Инаку имам кршливи нокти и воопшто не ми се квалитетни па кога веќе ми се такви си ставам вештачки сама кога ќе сакам,а кога ги вадам не ми се оштетуваат од лепакот истите мои си остануват само ги подмачкувам со некое масло за нокти да ги подхранам и се си е супер :D
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Имам до сега ставено 2 пати вештачки нокти, еднаш за полуматура и еднаш колку да пробам. :D
    Првиот пат (колку да пробам) ужас ги направив, еден подолг, еден пократок, ич убаво не ги излакирав, и во рок од два саати ги извадив зашто на ништо не личеа.
    Вториот пат преубави ги направив, на пола црвено и црно и на едната страна лепенка, немам слика да ви ги покажам, ама многу убави ми беа, жими мене. :wasntme:
    Ми траеја тогаш еден ден ипол, уствари еден ми се извади и еден почна да ми се клати и сите ги извадив. :rofl: И онака ми сметаа, чуден ми беше фатот и не можев до вц да одам. :D :D
    А едни ефтини користев, од Базаро 20-30 денари.
    И исклучиво со секундарен лепете, тој што оди со нив за ништо не го бива.
     
  3. stefi556

    stefi556 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Ставив два дена пред нова година и уште ми траат! :) Само оваа слика ја имам во моментов:

    Едит: Користев од оние по 20 денари. Јас ги лакирав, и како што гледате ми се размачкаа малце, ама не зе приметува мн.
     

    Прикачени фајлови:

    • llm.jpg
      llm.jpg
      Големина на фајлот:
      88,1 KB
      Прегледи:
      379
  4. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    цело време сум со вештачки нокти тие најефтините од 15 ден. што се 20 нокти да ви кажам не се приметуваат а баш се убави и убаво стојат,а да од секундарниот има некое оштетување ама не како што е со гелот... :))
     
  5. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    а каков секундарен лепак ставате и после како да ги извадам?
     
  6. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    обичен ќе ти заврши работа,лесно се вадат,почувај ги 10 мин. во потопла вода :)
     
    На EMILI1999 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Па ако се вадат за 10 мин во топла вода, тоа значи дека еднаш да се избањаш и сами ќе ти паднат.
    Порано сум ставала вакви нокти ама глупо ми е некако,ќе седнеш негде на кафе ќе почнат да ти паѓаат сами :lol:
    Вака барем ќе платам 400ден и знам дека нема да ми паднат,да не се брукам пред луѓе.
    Коа сум ставала дома вакви нокти не ми издржувале ни 1 ден.не знам што е работата. :?:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Јас порано си ставав вештачки нокти, имам купувано најразлични - од најефтините до најскапите.
    Разлика немам забележано во однос на квалитетот. Финтата е убаво да се истурпираат, не да се сечат со ноктерка или ножички за нокти, зашто така најлесно може да пукне ноктот на пола. Само турпијата в рака и многу трпение. :D
    Ги лепев со обичен, секундарен лепак, ама навистина не можам да поверувам како ви издржуваат повеќе од 3, преку сила 4 дена !? :o
    Пред 2-3 години си купив едни готови, т.е. исцртани. Преубави беа, немаше потреба да ги обработувам со турпија зашто совршена им беше и должината и дизајнот и беа туто комплето.
    Е, не траеа повеќе од три дена и кога првиот се одлепи пробав пак да го наместам, ама едноставно не можеше да се залепи повторно зашто од веќе исушениот лепак имаше настанато браздички од самото лепило и пак паѓаше ноктот по одредено време.
    Е сега, пробав и да го чистам лепакот, ама иста песна беше и се откажав од вештачкиве.
    Сега постојано сум налакирана со безбоен зацврстувачки лак, бидејќи ако го избришам ми се кршат ноктите - многу ми се меки и склони кон пукање, листање. :| |(
     
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас порано купував од Џамбо, 50 денари се, немаат ништо на нив како сакаш сама си ги правиш. Ги лепев со секундарен и најмногу што ми издржале се две недели.
    Е баш си се потсетив, утре пак ќе си купам :D
     
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    И јас го имав истиов проблем со пукање на ноктите и пронајдов решение верувала или не интензивно два три месеци ги мачкав со лимон ништо тешко купи еден лимон расечи го на пола и нека ти стои во фрижидер и помини замини мачкај ги ноктите ама птоа немој одма да ги миеш и ќе видиш за 2-3 недели ке има подобрување.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Имав мн убави нокти( ви се фалев во Вашите нокти) ама си скршив еден а другите ги исеков,е сега ми фалат неможам пак да ги израснам а надградби и такви работи несакам...
    Е сега сакав да си купам вештачки, и ама никогаш немам купено, како оди тоа?? со ноктите ли оди лепак??
    ии како да си погодам нокти според формата на ноктот, нели некои имаат пошироки а други потесни нокти??
    исто така несакам да бидат многу долги, сакам така средни нокти, и да не се познава дека се вештачки...
    Која марка-вид на вештачки нокти да барам??
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Уште првите две минути ќе направам околу мене лом, ќе се испогребам, ќе се заколам. :rofl:
    Арна сум вака со ноктите до живецот, шо. :wasntme:

    Моја другарка ги лепеше со секундарен, ама после за вадење маки виде, некои и паднаа предвреме, ама тие шо сакаше да ги извади сама :x . А кога ги извади, ноктите и беа слупени целите и суви. Упропастени. Си има лепак за нокти, немојте со секундарен, ќе си ги упропастите ноктите. :emo:
     
    На Moschino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ако сакаш некои убави нокти,ја би ти рекла да не купуваш од тие од 30ден од пазар,затоа што ке ти се скршат додека ги лепиш.Купи од оние што се во кутија,мислам дека се 100ден.
    Инаку нели демек има лепак во ноктите,ама тоа е само воздух внатре,нема ни една капка лепак.Така да,купи си секундарен лепак.И исто така,ако не ти се свиѓа големината и формата на ноктите,направи ги со турпија,бидејќи ако ги скратиш со ноктарче можеш да ги скршиш. :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Каде купувате најчесто вакви нокти? Јас имам друг проблем. Значи кога имам наплив на некоја нервоза ги пуздеросувам ноктите на малите прсти (на рацете де :D ). И така пред некој ден ги "средив" и сега очајно се нервирам како изгледаат и морам на тие два нокта да залепам вештачки. Вчера поминав во Космо и не видов никакви нокти а во петокот зирнав на пазар на Буњаковец и не најдов. Совет ајде :)
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Бидејќи никој не ми одговори еве сама да си одговорам можда на некој ќе му служи моето искуство :) Купив опоола нокти од Базаро по цена од 70ден (имаше и од 20ден некои ама со шарки и глупости). Ги купив баш истиве од сликата и ептен сум задоволна. Лепакот е супер, не е празен и турпијата е одлична. Пробав сечење со грицкалка и не пукнаа, значи топ. Ги препорачувам!

    [​IMG]
     
  16. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    ^^
    А има и турпија во нив?
     
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Има малечка од типот на оние на Титаниа што се , значи не метална туку на хартиена база но супер си е турпијата. Јас препорачувам да ги пробате! :)
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Во Џамбо има нокти вештачки? Не се сеќавам јас ич па мислам дека Битола кај нас имам гледано, колку пари се?
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Има 150денари е пакување од ми се чини 80 нокти со неутрална млечна боја а има и шарани со цена од одприлика 50ден за 24 парчиња.
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сум забораила да пишам.
    Тие што ги купив беа К-А-Т-А-С-Т-Р-О-Ф-А , па коа ги скратив,ау,ау :x
    Така да сега ги купив овие самолеплививе, 202 денари ама бар да знам дека се квалитетни,за роденденов ке ги ставам па ке ги сликнам 8) Од ДМ ги купив,ама вредат,на Ши се,мноооогу ми се свиѓаат,па така да ке ги ставам ама бар нема да знам дека сум ко вештерка,башка се кратки и нема да има потреба од пак кратење :) Ги обожавам бе,и убаво ми стојат ^_^ :party: Конечно тоа што го сакав ^_^ :party: :dance:
    Eве ги али не се истите,башка ми се свиѓа што се САМОЛЕПЛИВИ и нема потреба да се шљакам со лепаци и други тракатанци ^_^
    [​IMG]
    Вака нешто,али не се истите :!:
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.