Серијава започна да се емитува ми се чини претходната недела. Ја изгледав уште првата епизода со доза на резерва дека се работи за бугарско производство и дека се емитува на Канал 5. Али за некое чудо ми се допадна. Се надевам не сум единствен фрик, па секој ден одвај чекам да почне. СЕ емитува од 19 и 50мин. Дејството за кое се разкажува може да се посматра од повеќе агли. За момчето кое на 18 годишна возраст го напуштил својот татко-пијаница и заминал во Америка. 20 години подоцна неговиот татко е успешен бизнисмен со семејство покрај себе. Момчето кое е веќе маж-Камен се враќа за да му прости на татка си. Сепак нема да успее во тоа, бидејќи на денот на неговиот роденден, татко му е застрелан. Ова е краткиот вовед во серијата. Сега за сега, умее вистински да го задржи вниманието и да те остави без здив цели 30 мин. Се на се, вреди да се гледа!
Леле зар е можно само јас да сум НЕнормална па го гледам. Тоа значи дека имам вишок слободно време. Али ме разонодува и ми ги пополнува дупките во секојдневната рутина. Како и да е, навистина е добра. Ми се допаѓаат сите ликови и позитивни и негативни. Прекрасно се вклопени во целината.
Не знаев дека почнале да ја даваат на канал 5.Јас ги изгледав сите сезони на бугарски . Си ги симнав од замунда и ги изгледав без здив. Од септември најверојатно ќе почне и нова сезона. Многу ми се допадна серијата, буквално се...и приказната и ликовите
Многу е убааав Јас ги изгледав сите сезони на YouTube, има 3 и едвај чекам да ја стават на интернет 10 епизода од 3тата сезона.. Ако не ви се чека гледајте си го Ептен е јак, се заљубив
Јуник,девојко,не се секирај,не си единствена. Јас го обожавам филмот. Не си ги симнувам од нет,ќе ги гледам. Ја обожавам Борјана,многу убава жена. Ми се допаѓа што во приказната има и млади,не се сконцентрирана само на стари приказната. Добри глумци,квалитетно сценарио,ами тој бугарскиот.. - е таква сум додека го слушам. Јас на сите го препорачувам. А и да,музиката ми се свиѓа. Се на се,десетче.
Го гледам понекогаш ама не често и не цел кога како зошто малку ме нервира бугарскиот јазик,глуп ми е одбивен..Ај да се вратам на темава,тато доста го фали си го гледа стално кога ќе може..
Убава содржина, но премногу забележителни шминки и пластики кои ми го прават гледањето на овој филм одбивно. Поштувам корегирање и разубавување кое е направено умешно. Главно естетско правило: „малку е многу “
Да,али јас уште се обидувам да дознаам дали таа работа му е цела смислена од него или и тој е жртвата. Инаку,ако си пропуштил и ова да ти кажам. Камен и Борјана си завршија работа. Кај може малата да му тера инает.. Баш во денешната епизода беше ова. Ако не ја гледаш во 15 за 8 вечерта,ја даваат два пати реприза и во 15 за 12,тука некаде и после кај 4 и пол,така нешто,тоа време.
Ej фала ти ... Не успеав неделава да ја пратам само на кратко го видов стариот и ме зачуди... А знае тој семејството што му прави, како живеат или... И фала за репризите што ми кажа, во последно време не гледам телевизија многу а и терминиве им се тотално побркани на телевизииве едит А знае ли некој колку епизоди има серијата , секаде различно слушам... Да не се снима сеуште?
^^ Да,свесен е за Елена и на Сијана татко и,сега не ми текнува како се викаше,свесен е дека сакаат само тие двајца да останат. Инаку не му даваат никаква комуникација со надворешниот свет оние шо го чуваат. И тој за тоа малку се изнервира денес,али ќе му помине.. А за снимањето,поима немам,прв пат слушам од тебе. Нека се снимаат,супер е серијата.
Не не знам ни јас дали се снима, само знам дека повеќе сезони биле... И навистина е супер серијата , во последно време ни пуштаа досадни српски и хрватски серии а ете оваа бугарска а подобра испадна. Јас сум за да пуштаат само квалитетни серии , не е важно чии се , само да не се досадни како повеќето
Ја следам од време на време. Сметам дека е модерна, дека приказната е океј, преку глава ми е од напливот на индиско/узбекистански/турски/арапски серии. Се е океј, ама јазикот бре брате... Не ми влага во уво ,,не се притисњавај", ,,сабуждие"
Баш пред некој ден ја пуштив, оти немаше што друго, и баш ме бендиса. Сега почнав да ја гледам така да со ликовите малку потешко ми оди, ама ќе ги научам. Интересна серија
Уба е серијата јас во Бугарија ја гледам,заврши втората сезона,треба трета да почни,ако е доснимана.Има многу перипетии,многу зафркнати случки,ама реални работи.Гледајте го Јас ко видов дека и во Македонија почнал си реков супер,само на почеток не сфатив до кај е,мислев понапред е,ама бил на почеток,пошто јас овде првите епизоди ги пропуштив и незнаев како почнал.
Не,немам појма,незнам дали од шо не пишеле или јас не сум приметила... Еве за поќе информација,се надевам да не е ова како реклама,ако е бришете ми го мислењето... http://www.btv.bg/seriali/glass-home/epizodi
Ти ли чукаш гаџото ми Закон се. Мене ми се свиѓа Николај и покрај тоа што има негативна улога. Некако ептен ми е одбран, а фаците што ги праи се забегани. Како и да е, дефинитивно има реална тематика. Е сега не ја гледав епизодата од петокот, али реприза обавезно ќе гледам.