Мислам дека нема ваква тема, а ако е дупла се знае во канта Значи како што е наведено во насловот на темата - стил на облекување од филмовите. Актер/актерка кој/а посебно ви оставил/а впечаток со стилot на облекување во филмот. Може да пишуваме и ставаме слики од комбинации кои ни се допаѓаат, да дадеме свое мислење доколку нешто би промениле во однос на таа комбинација, итн. Kate Blanchette во Blue Jasmine (2013). Филмот не ме воодушеви нешто посебно, меѓутоа стилот на Кејт во него и те како Единствените Хермес чанти, прекрасните фустани на Kaролина Херера, Валентино, Фенди, мантилите на Марк Џејкобс и Бурбери, Картиер часовникот, а посебно белата Chanel boucle јакничка која е прекрасна
Јас сум воодушевена од облеката што ја носи Ева Грин во Penny Dreadful. Костими кои се гламурозен спој од викторијански и готски стил, црни и елегантни... Очите не можев да ги тргнам од телевизорот кога Ванеса се појавуваше во кадар-чипкани фустани, прекрасни кошули, совршено скроени капути
Анџелина Џоли во Турист! Фенемонален стајлинг! Толку многу гламурозно и дамски едноставно ме воодушевува во овој филм. Прекрасна е од глава до пети како е средена. Накит, фустани, фризури се, врв ми е во филмов.
Габриел Ман во Revenge. Необични комбинации одлично вклопени, оргинален во секоја сцена. Уникат е за никој не го менувам