И мене Ивановски ми ја дијагностицираше како Т форма и проблематична матката и инсистираше на хистероскопија. Па забременив следниот обид на Ивф природен. Биди упорна и собери различни мислења и пробај различни протоколи.
@Софија 88 малку чудно Ивановски да понуди решение за сурогат само после вториот обид . Не дека не ти верувам, далеку од тоа, ама ме зачуди . Обично он прво што ќе понуди е надеж. Инаку и јас мислам дека услов за да земеш сурогат не е само да имаш "чудна " форма на матка и 2-3 неуспешни трансфери. Ако на секој пар кој не е успеал со 2-3 ивф им го даваат ова како решение , кај ќе постигнат . Не би да те плашам , обесхрабрувам.... Ама и сурогат не е баш идеално решение. И во такви случаи не е сигурно дека сурогат мајката ќе успее од прва ,или втора шанса . Мој предлог ти е да одиш уште кај некој друг доктор, да се види убаво , да се најде решение за ендометриум, да се види можда е треба уште една хистероскопија . Ме интересира чисто информативно. Ако донирани јк да купиш се околу 4000 е, колку е да платиш за сурогат ?! 10.000 е?!
Бубче мила затоа и пишав овде да побарам од вас искуства зошто веке година дена сум психички изреметена мислам, до сега барем во групава не сум прочитала ниедна да пише вакво нешто дека и е понудено затоа и сум загрижена и ви пишав ...не од вториот туку одма по првиот трансфер ми го кажа ова, и од тогаш само се провлекуваше ова исто "решение" по секој нов трансфер... инаку за ивановски одамна имам пишано што мислам, еве на кратко уште еднаш, ...кога првпат се видовме кликна работата и си реков готово тој е " вистинскиот " доктор за мене каде сигурно ќе успеам ме смееше, што викаш даваше надеж, секогаш си излагав насмеана за разлика од лазаревски каде испаѓав со триста прашалници, арно ама ова се смени по првиот трансфер кога како решение ми рече сурогат...по ова следеа неколку грешки од невнимание ради гужви кои ме коштаа џабе ставени инекции, одложени трансфери тенчење матка ради тоа што еднаш изуми да ми каже кломифен се пие само 5 дена а јас 8 пиев среќа што прашав јас којзнае до кога ке пиев а ми ставаше инекции за матка незнаеше зошто идеше ендометриум надоле а не нагоре ...и ред други работи .. јас бев запрепастена, ќе речам ме "удри" од земја зошто еден човек гледав до тогаш и од тој ден до денес сосема друг-демотивирачки дај боже никоја да не го види овој негов "друг лик"!!. Далеку од тоа дека човекот е лош напротив во секое време бил тука за мене дури и го препорачував овде. По муабетот останав уште два трансфери му прогледував низ прсти за грешките претходни зошто се труди многу затоа не го сменив, но искрено не му беше размислено како ќе влијае на психата на 34 години жена која немала ниеден трансфер пред тој муабет а ја чека допрва трнлив пат, јас секој ден станувам и легнувам со таа мисла и како да соберам сили да не мислам на тоа нареден трансфер, само јас си знам како ми е. Но не се откажувам за инает!! И еден ден на врата со бебе ќе му отидам, се надевам ќе се изборам некако да не мислам на ова (со оглед на анкциозноста моја која ми отежнува дупло) Бог ќе ми помогне веројатно немам фрлано со камења по него..ќе сменам доктор па среќата на убаво може да се промени ...за цена за сурогат и инфо незнам мила ништо фалааа на совет и подршка ❤❤❤
Софија, затоа и погоре пишав...Мене истото ми се случи со Ивановски на 34 години. Да не бидам погрешно разбрана, знаете дека уште сум кај него, само он ми ја води бременоста и се надевам ќе ме породи. Но јас имав сосема други проблеми, намалени оваријални резерви заради две операции на јајници и запушени јајцеводи како резултат на операциите, никој никогаш не ми ја проблематизираше матката....Он ја испроблематизира уште пред да го почнам ИВФ-то, на првите консултации, не рече дека е невгнездлива но бурно реагираше зошто сум добила ваучер без хистероскопија, зошто ме мачеле со операции без да ја корегираат итн.итн, дека ми направиле огромна штета... и јас дома си дојдов со плачење. Немав време да барам друг доктор зошто многу чекав за да стигнам до него, прашање беше искористување на ваучерот, и по мое инсистирање почнавме со ИВФто без никакви интервенции. ИВФто беше неуспешно, со две бластоцисти за кои исто ми кажаа и он и ембриологот дека се квалитетни. Но психички бев утепана тој циклус...Он повторно тврдеше дека е проблемот до матката, јас тврдев дека сакам повеќе обиди пред да одам на хистероскопија. Се договоривме да пробаме неколку пати на природен циклус, зошто лошо реагирав на хормоните (имав обилно крварење два месеци после неуспешниот трансфер)...И успеа, и сега сум 33 недела и фала богу до сега нема проблем со матката. Зборот ми е дека ИВФ докторите се во чудна позиција да постојано бараат проблем за да го решат. За жал не им е работата 2+2=4 и голем дел од комбинаториките се непредвидливи и за нив самите. Ивановски од друга страна е многу амбициозен и се труди колку што е можно повеќе да ги има работите под контрола. Он е стварно посветен, но некогаш погрешно ја просудува психичката состојба. Ова го кажувам со сета почит кон него, и во овој момент не би го менувала за ништо на светот. Но разбирам дека тоа се случува, зошто и на мене ми се случи... Освен него, никој друг доктор не ми ја проблематизираше матката, затоа оди кај други доктори, види дали сите го мислат истото. И протоколот....кај мене силните стимулации не дадоа резултат, дадоа бластоцисти, ама го изместија цел организам од рамнотежа, одвај се вратив во нормала. ... Пробај, колку и да е тешко, да не го сфаќаш сурогатот како единствена опција, туку како докторски совет, како опција плус доколку се` друго не успее.
Дада се што пиша мила во право си јас си кажувам да не продолжеше со овој муабет пак ќе останев кај него и понатаму око немаше да ми трепне за неколкуте грешки кои ги направи секој греши и ние во работата грешиме нема доктор каде се ќе ни е подмачкано, секогаш сум правела филм дека би го избрала и за породување некако и јас бев упорна да не го сменам три трансфери но ете кога нејке нејке...психата и здравјето ми викаат доста е , одмарам летово од есен терам нов пат каде само еден Господ знае тек сега ќе биде интересно кој да го изберам зошто Ивановски стално ми бил фаворит пред сите, се надевам правиот за мене ќе го изберам овојпат те гушкам ❤
Е ако де добро е да се знае ,,се,, за нив, сите лица, не ќе мислиме дека се нај, нај, нај и со здрава глава во ѕид да влегуваме. Никој не е сјаен, ама бар кога ќе ги дознаеш маните и ти самиот ќе му потенцираш. И не знам оти постојано некој брани одреден доктор и се буни да престанат членките да пишуваат искуства, само розите може, трулото под тепих! ^^оф беее камо мене некој на времето очи да ми отвореше, нерва ме фаќа штом ќе ми текне @Софија 88 и јас имам убаво мислење за Ивановски иако никогаш не сум била негов пациент, но неколку консултации имам кај него. Вистина секогаш позитивен и со надеж, оти вака кај тебе стварно не знам.. единствено што ми паѓа на ум е да не ни ја имаш целосно доловено цела твоја состојба, но ако ја имаш не гледам зошто би сега размислувала за сурогат.. Јас би барала и второ и трето мислење, секако него би го сменила, чим самиот ти рекол појди си кај друг јас не знам веќе што, нема што повеќе кај него.. дали вистина не знае решение, не сака да се ,,замара,, гужва му е многу небитно, ти папката и бирај други 2-3ца за мислење. Толку и се, па изреди ги сите, што да не А Лазаревски сурогат ти има спомнато??
Мила кај Лазаревски бев уште првиот пат он рече само како и сите останати хипопластична матка во т форма но тоа и не е причина за да мислам за сурогат ...мама вика и мене на времињата ми викаа мала матка неразвиена па родив две деца без проблем...Гуржанова ми вика без проблем сигурно ќе износиш до 34 недела... од кај лазаревски си отидов по првата пункција каде не извади ј.к и одма кај Ивановски отидов...во принцип е следново востановено матката пишав погоре, ендометриумот вака така стигаме до мак 9 овојпат и 11,2 ми беше, фсх 14 амх 1,23 пред две години со стимулирање 4,5 вадам но сите до бластоцисти стигале без проблем пролактин висок но со терапија сега ми е долго време во нормала..по секој неуспех неговите зборови се решение сурогат таква е матката нерецептивна и тоа би било се накратко што е заклучено што според мене се ова е решливо и непроблематично за да остане трудна, а да не се даде како единствена опција "сурогат". Многу тешки случаи биле решливи ама ете јас сум таа "среќничка" да и се каже вакво нешто, но нема терам понатаму верувам дека има Господ убав план во животот и за мене... фала многу на подршката ми значи премногу ❤❤❤
@Софија 88 освен да се ,,внимава,, да не биднат близнаци, поради форма на матката јас друг проблем не гледам, мислам во смисол одма да се ,,скока,, на сурогат. Е сега спомнувај и ти наредно за озон, липидни инфузии, барај повеќе терапија за ендометриумот, иако сега со методата ОК е дебелината, ама биди покриена, скречинг, спомнав и јас купив една инекција за подобра имплантација од Борн понудена/купена @Bubce38 ми кажа поевтина во Грција била, се што си чула ,,понуди,, и направи дел од нив пред наредно инф, напоредно секако пиј витамини и РЕЛАКСИРАЈ СЕ, масажи, можеби психолог, шетање, убави мисли
@Софија 88 не знам што да те советувам. Мислам дека е добро сега да си дадеш малку оддишка на душата. За матката види со уште неколку лекари. Оди кај Димитров тој важи како “експерт за матки“, барем мене како таков ми го кажаа уште за отрстанување на септум. Слушни и тој пто има да ти каже по тоа прашање.
Дада ќе пробам нареден пат се кај друг доктор, овој многу беше егоистички настроен баш пред некој ден му викам докторе слушнав за озон и акупунктура и он ми вика знам која ги шири тие муабети по социјалните мрежи но тоа не е докажано како и дали влијае...а гуржанова рече да ги направам овие две како предлог...исто пред овој трансфер му реков докторе скрининг хистеро да направиме и ми вика не е тоа за тебе направено е пред година дена доволно е...и што да му кажеш на секој мој предлог он ми превртуваше очи у стилот јас си знам и си преќутував..ми се имаше случено и за Бромергон да не ми одобри а енд.ми вика мораш и откако решив да не го слушам за тоа пролактинот во нормала ми е, вториот трансфер ми беше дупло качен ништо чудно ради тоа да не успеав ..мн самобендисан незнам дали сите доктори патат од овој "синдром" ❤❤❤❤
@Софија 88 мила ке се замешам,се недевам нема да ми земеш за зло. Размисли да пробаш бар со консултација надвор од Мк.Имам близок пар од кои кај нас сите имаа кренато раце,но по 8 годишна борба и 6 ифв успеаа во Прага.За ова секако треба финансии,ама бар стапи во контакт преку мејл,и прати им документи од моменталната состојба,ако има таква опција да слушнеш мислење.Од срце ти посакувам успех,што поскоро
Софи да ти дадам предлог за В.Трајковски во њу борн има доста успеси чисто поиди информативно има феминки со успех баш кај него.Поздрав и се најубаво
Sofi jas imav praveno 3 in vitra blastocisti neuspesni 4 mi bea vrateni na 3 den uspesno izmeni i ti nesto imas vauceri neiskoristeni ako ne se lazam bori se uste
Да нема откажување срце тоа ни било пишано за жал трнлив е патов, мачен но верувам дека ке дојде и тој наш ден и ќе му се радуваме повеќе од било кој друг, зошто ќе знаеме што се сме поминале и ќе знаеме да го цениме и ќе излеземе многу посилни во животот и ќе сме наградени знам!!...Ќе се молам за сите нас да успееме нека ни ги слушне Господ сите желби наши, ве гушкам сите и ви Благодарам од ❤за сите пораки, совети, искуства, мислења... пуштам среќа до сите само напред и со главата горе да сме , делуваме кревки но ние сме многу јаки жени да знаете инаку не би можеле да се справуваме со ова, а ние сепак успеваме да најдеме сили да се избориме за нашата цел - бебе❤❤❤
СЕ што си напишала за Ивановски погоре и во другите пораки е и мое искуство кај него. Два пати на трансфер ми спомна ,,ова ако не успее да ме замениш" ама мислев се зафркава. Последниот пат ми вика на трансфер ,, Ова ако не успее да си најдеш друг доктор, ме слушна? А јас под седатив му викам ДА" Катастрофааа па се кажува ли ова на сам трансфер кога се иде за убава работа, па после ми ја уби психата цели 2 недели до резултат. За тоа постојат консултации. Па после толкава доверба дадена, пари, време здравје ќе си нарушиме и да не може на консултација да се даде препорака за понатаму? Зошто да не даде самиот доктор препорака за клиника надвор ако се откажува него треба ние на форуми да прашуваме и читаме поединечни искуства?? Исто искуство дека не смеев да прашам нешто, да предложам уплав фатив. Имам уште многу за пишување, не сакав ни ова да го пишувам ама гледам имало и други со исто искуство.
Ko mene Tase.Na sekoe sledno ivf mi vikase kotek ke sum jadela ako ne bidnalo i ovojpat.Sega da sum so ovoj pamet koga ke mu aknam edna po muckata.Na seta maka i ke se podigravaat.
Убав пример даде бубче. Еве јас како би размислила...на пример за 4000еур би направила уште 4 ивф и природен циклус и би си ја зголемила шансата за успех! @Софија 88 те поддржувам што и да одлучиш, прво одмори се од се! А инаку ЗНАМ дека ТИ МОЖЕШ сама да си донесеш на свет здраво и право бебе! и @Bubce38 МОЖЕ! И сите останати МОЖЕМЕ!
Мене ми рече дека матката ми е хипопластична и дека ни хистероскопија не би ми помогнала, таква сум била родена, а му однесов отпусни писма од две лапароскопии каде пишува дека матката е со уредна големина и форма. Петановски на ехо ми кажа дека матката ми е како од книга, проблемот ми се јајниците, ама ете Ивановски виде поинаку. @Софија 88 може би требало уште некое мислење во врска со сурогат? Дали на хистероскопија ти потврдија дека имаш хипопластична матка? Јас би се советувала со 2 или 3 доктора за конкретен проблем пред да донесам конечно решение, 2,3 глави подобро мислат од една