1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тасос

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Miss.Sweet, 21 февруари 2012.

  1. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Ајде девојки ми треба помош од вас околу агенцискиве понуди за на Тасос :)
    Доколку сте биле последниве години на Тасос да ми предложите место за стационирање или некоја убава понуда? Се мислам помеѓу Неи пори, Тасос и Ханиоти :D За Тасос гледав понуди на фалкон травел за во хотел Алое и хотел Јоанис, била ли некоја од вас во гореспоменативе хотели и какви се? Пишува дека се блуску до плажа и на слики убаво изгледаат :)
    Се надевам темава ќе биде од корист и за останатите форумџики, бидејќи летото е пред нас, а аранжманите се веќе пуштени.
     
  2. JingYang

    JingYang Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ахххх Тасос колку е само прекрасно...блиску е плажата,сум била немам коментари...Исто и за Неи Пори,преубави места се...
    Еве го Тасос.
    А ова е Неи Пори.
     

    Прикачени фајлови:

  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас сум била на Тасос но пред многу години, 5-6 сигурно. Мене искрено не ми се допадна од проста причина што бевме со автобус, а не со кола а градските плажи се ужас!! Зборувам конкретно за местото Лименарија, таму бевме сместени. Значи преку ден местото е жив пустош по 20тина луѓе на плажа, бидејќи сите одат на околните плажи (кои се преубави според тоа што ми кажувале) но не се блиску за да отидеш пешки на пример. Има превоз со автобус, но јас бев тогаш со семејството и немаше теоретски шанси да патуваме секој ден до плажа, да бев со друштво сигурно би оделе. А навечер ова градче беше најполно, сите туристи доаѓаа тука затоа што е и најголемо и има најмногу таверни, продавнички и слично. Забава некоја посебна и не памтам дека имаше, но мислам дека имаше 3-4 кафичи во кои навечер имаше журки за помладите. Е сега како што кажав плажите во самото градче се ужас, освен таа што е како најглавна која е песочна но водата беше длабока и ужасно ладна и со морски ежиња :!: . Ние одевме во близина на нашата вила која не беше во центарот и плажата беше несредена, песок и камчиња. Едно нешто за кое немам критика е морето, значи од сите места кај што сум била во Грција овде беше најубаво. Кристално чисто, бранови немаше ниеден ден, не беше нити ладно (освен на таа градската плажа, не знам зошто најверојатно некои струи имаше или што ја знам :?: ). Лично јас на Тасос немам желба да одам пак, а ако се случи некогаш тоа ќе биде кога ќе имам сопствен превоз.
    Инаку бев преку Фалкон од нивната услуга сум со гооодини веќе презадоволна, гарантирам дека нема да направиш утка ако отидеш со нив. Е конкретно во тие места кои ги наведе не сум била, но сигурно не е смештајот лош. На крај краева, тоа е и најмалце битно.
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.892
    Допаѓања:
    102.978
    Пол:
    Женски
    На Тасос бев лани ама на само 1 ден и убаво си поминав како за прв пат , само што плажите не ми се допаѓаа многу многу..
    Инаку бевме во селото Потамја ( Potamia )
    Еве нешто што сликав

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  6. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Јас пак имам само пофални зборови за Тасос. Дури само си подгледнувам слики. :D
    Лично си поминав одлично. Бевме преку агенција со автобус, но тоа не беше пречка за да не си поминеме убаво. Најфино кога одиш на остров е да одиш со сопствено возило. Но сепак и тоа не беше проблем бидејќи има опција изнајмување автомобил па си го шеткаш островот. Не знам некој погоре спомна дека Лименарија е пуста, ама мене не ми изгледаше таква. После градската плажа има 2 км долга плажа, можеби не е една од најубавите на островот, но сепак за тие што се без кола е одлишна. Малку подоле е Трипити. Кога се оди накај Потос тука е Металија и 5 км патека која води до пусти плажички. :)
    За помалди мислам дека е добар Потос, бидејки има повеќе кафулиња и барови отколку Лименарија.( Во Лименарија се повеќе таверни, барови, и надвор од градчето има дискотека)Тасос е остров за истражување. И беа одела пак.

    Eве ја Марбл бич една од најубавите, барем мене ми остави таков впечаток.


    [​IMG]


    Металија.


    [​IMG]


    Парадајз Бич.


    [​IMG]


    Природниот базен Џиола.

    [​IMG]


    Абе има што да се види на Тасос. :D
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    сега некој ке оди на тасос?
     
  8. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Јас бев претходната година и неверојатно е.Јас бев сместена во Потос и таму плажата беше убава,иако имаше многу гужва.Водата на таа плажа беше убава.Инаку има и многу други плажи како што се Прадајз бич,една мермерна плажа ја викаат...Воадта е неверојатно чиста,прекрасна :rofl:
    1. Плажата Golden Beach. Важи за една од најубавите плажи во Европа. Ситен песок и кристално море во северниот дел на Тасос.
    2. Paradise Beach. До плажата се стигнува по земјен пат, но верувајте дека вреди и да пропешачите. Овде често има бранови и е одлична за добра забава и трошење на негативната енергија. На плажата има ресторанче и кафуле. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.
    3. Saliara Beach или уште наречена е Мермерна плажа. Сместена е во посеверниот дел на островот. Патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.
    4. Плажата Алики сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Овде имате можност да изнајмите шатори со лежалки и да уживате целодневно. Ова е една од плажите која важи за тренд сетерска и најчесто треба да отидете порано за да си фатите место.
     

    Прикачени фајлови:

    • golden bi'.jpg
      golden bi'.jpg
      Големина на фајлот:
      27,5 KB
      Прегледи:
      2.882
    • paradise.jpg
      paradise.jpg
      Големина на фајлот:
      64,1 KB
      Прегледи:
      2.880
    • mermernaf.jpg
      mermernaf.jpg
      Големина на фајлот:
      34,4 KB
      Прегледи:
      2.876
    • mermerna.jpg
      mermerna.jpg
      Големина на фајлот:
      35,8 KB
      Прегледи:
      2.871
    • aliki.jpg
      aliki.jpg
      Големина на фајлот:
      67,2 KB
      Прегледи:
      2.877
  9. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Е ние сакавме да одиме тука
    http://samaholiday.com.mk/2012/item/119-%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%E2%80%9Efilaktos%E2%80%9C-%E2%80%93-%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%B0
    http://www.falcon.com.mk/index.php/taso ... aktos.html
    И двете агенции имаат иста понуда, но за Лимерија прочитав се и сешто, дека нема живот,плажите лоши и се е многу далеку. Нас овие 200м, до плажа не кочат од стартот. Сакавме нешто поблиску во прв ред и ќе прејдевме преку тоа, но ако е градот толку пуст и секаде се оди со кола.. Ние кола палиме само некоја вечер на прошетка до друг град.
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Лименарија е пуста преку ден кога сите одат на околните плажи, бидејќи реално во Лименарија и нема некоја плажа.. Има диви неуредени плажички десно од градот. Ама навечер е прилично голема гужва бидејќи е едно од поголемите местенца, има доста ресторани, таверни, продавнички така да има и доста луѓе. Како последна препорака читав на еден форум, дека Потос било убаво место имало убава плажа во самото градче, а и не било ептен пусто. Инаку на секој остров убавите плажи се надвор од населените места, не е како во Пефкохори или Неи Пори 5 минути од апартманот и на плажа си..
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    4.535
    Ako веќе одите Тасос слушнав доста пофални зборови за апартманиве
    http://www.falcon.com.mk/index.php/taso ... -aloe.html
    А плажата е блиску и е една од најубавите. Тасос не е голем остров за да се шета. Така да мислам дека би ти било пофино да си сместена на убава плажа, а навечер да шеташ отколку обратно.
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amalteja

    Amalteja Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Годинава го меркам Тасос :) Бидејќи не сме со возило, може ли некој да ми каже како се стигнува до останатите плажи? Има ли нешто организирано, или мора да се изајми нешто? Колку би чинело тоа? Останатите цени на островот како идат...?
     
  13. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Градот воопшто не е пуст. Општо земено кај и да прошеташ на Тасос од 14-16 сите се по плажи или пак одмараат. Инаку Лименарија е прекрсна и воопшто не е пуста, дискотеките се надвор од градтчето. Градската плажа е мала но ако не те мрзи на излез на градот кој што се на се е долг 1км, има плажа долга километар ипол, каде што на секој 100 метри има лежалки и водата е топ.


    Зависи од место каде ќе бидеш сместена. Да речеме такси од Лимераија до Потос е 5 евра. Автобуските карти се од евро до максимум 5-8 евра и тоа за далечните плажи.
    Изнајмување возило од типот на Киа или пунто чини 25- 28 евра за ден, но ако изнајмиш на повеќе од 5 дена мислам дека ја намалуваат цената, секако може да се ценкаш :D

    Eве ти распоред на автобусите.. http://www.go-thassos.gr/thassos-bus-schedule.html
     
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amalteja

    Amalteja Активен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Gwen фала за инфото ;) Имам време да го разгледам уште по слики Тасос, зашто веројатно во септември ќе одам. И мене ми ги пофалија аранжманите на Фалкон, а во тој период се уште поефтини. Се надевам дека за 7 дена ќе можам бар поголем дел од островот да прошетам :)
     
  15. Vodolija88

    Vodolija88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Ајде некој што бил на Тасос нека каже дали има автобуски превоз за до убавите плажите, и дали е подобро да се сместиме во Лименариа или пак во Голден Бич, каде се поблиску убавите плажи?
     
  16. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Јас бев на Тасос, конкретно во Скала Потамиа, хотел Алое, некој погоре во пост го имаше спомнато овој хотел. Фигурира како хотел, а собите се студија, односно имаат и кујна внатре. Преубаво беше, чисто, ново, немам ниту еден лош збор.
    Изнајмивме кола таму, за полни 4 дена плативме 70 евра што ни беше доста прифатливо.
    Во однос на местото, Скала Потамиа, имам многу пофални зборови. Плажата е одлична, водата чиста многу и премногу школки има, мене пасија ми се школките, морските ѕвезди и се останато :)
    Го прошетавме цел Тасос скоро, не е воопшто голем. Лименарија плажата воопшто не ми се свиѓаше, па затоа само еден ден и посветив.
    Во секој случај Golden beach плажата е најдобра, односно тоа е Скала Потамиа и Скала Сотира.
    Нема да згрешите ако отидете.
    Главниот град Лименас е оддалечен 11 км од Скала Потамиа и навечер е преубаво, многу кафичи, ресторанчиња и сл.
    Јас бев на одмор со дечко ми, па дискотеките не ги посетувавме и неможам да дадам инфо за тоа.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.069
    Лани бевме Тасос,во екот на сезоната,се истргнавме само за смештај некои 600 -евра,пошто поскапо е нели,а ништо посебно.Освен водата ,почиста и со поубава боја немам сретнато,ама за чудо беше топла и неможеш да се разладиш :lol: Ние бевме Лименарија.Плажата никаква,со камења,водата исто кога влегуваш со камења, во подлабокото песок.Тасос вреди да изнајмиш кола или скутер па да ги шеташ сите плажи.Но сепак не ми остави екстра впечаток,најверојатно дека многу го испофалија и очекував многу.Луѓе немаше воопшто на плажите,пошто ги шетаа околните.За чудо јас која се жалев дека мразам гужви на плажа,посакав да има повеќе народ да се осетам дека сум на одмор :D
    Што велеше еден човек со нас во автобус-Сите го фалат оти не сакат да кажат дека биле на место кое не е ништо посебно :lol: Така да и јас ќе кажам дека било екстра :lol: И така испаѓа :wasntme:
     
  18. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    Ова година одлучивме да одиме на Тасос, резервиравме во Вила Јанис Лименарија, дали некој бил таму, да сподели искуство за вилата и општо за тасос.
     
  19. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    29
    Планираме летово за Тасос, меѓутоа разгледував низ понудиве на агенцииве наши и гледам интересни понуди за Лименариа и Пефкари. Па според вас кој избор е подобар :) Благодарам однапред :)
     
  20. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    дали некој бил во „IOANNIS“ – Golden Beach велат дека голден бич е најубава плажа на тасос па ако бил некој во хотелов нека ми пише во лп или пак овде во коменар :D