1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Татково име во документите

Дискусија во 'Дете' започната од Offspring, 20 април 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Девојки ми треба некој што знае дали може тоа татково име од документите да се тргне? Незнаев дали темава да ја поставам во Правни совети, па за секој случај се решив овде да биде. Значи, ми треба одговор дали е некако возможно тоа татково име да не ми се појавува во документите?

    Фала однапред.
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да Офи, јас се водам на мајка ми затоа што татко ми е невработен и неосигуран. Ама мајка ми ги смени уште кога бев малолетна. Сега и во книшката ми седи мајка ми, и кај и да треба да пишам родител ја пишувам мајка ми. Мислам дека постои начин. Би требало да се јавиш во мвр и ќе ти објаснат се. :)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Кај мене мајка ми е невработена... И незнам дали е можно да се изведе тоа сега кога имам 20 години тек да го менувам, а сакам да го сменам, несакам да ми седи во документите.
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    :| Епа тогаш не знам. Сепак мислам дека треба да се јавиш и ќе ти кажат. Или тука некој правник на помош нека се најде. Ако веќе толку сакаш сигурно постои некој начин. Иако мислам дека треба да имаш добра причина. Една другарка која нема татко и таа се води на мајка и. Мислам дека треба да имаш добра причина, а на некој мора да се водиш. Па по логика затоа што си полнолетна ваљда можеш сама да си се смениш под мајка ти да се водиш. :?:
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.552
    Пол:
    Женски
    Оффи бидејќи татко ми е починат во некои документи стои на мајка ми името, но во повеќето е на татко ми, зошто сепак сме родени во брачна заедница. Доколку била вонбрачна тогаш само на мајката името би фигурирало.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    А на пример ако се откажам од него? -Да отидам таму каде што треба, и да поништам дека ми е родител, т.е. да речам дека со тој човек несакам никаква врска и преку документи да го откажат. Ваљда тоа ќе биде решението. А инаку и тој се води како невработен.
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.552
    Пол:
    Женски
    Оффи треба преку весник да се откажеш и тогаш најверојатно нема да ти фигурира во документите.
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мислам дека може само на мајката името да стио. Па ако детето е вонбрачно и таткото не го признава мора да стои само на мајката. Најдобро прашај си во МВР таму каде што се вади извод на родените.
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Мене во книшката ми стои името на мајка ми, на другите места е неговото име. И јас ја имам истата желба, мислев откако ќе бидам полнолетна - за 2 месеца - и легално да си ја остварам желбата.
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Мислам дека тоа откажување во весник нема правно дејство, барем така ни има кажувано професорот по семејно и наследно. :?:
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Офи, бидејќи јас сум дете на разведени родители, откако моите се разведоа, јас автоматски секаде ја пишував мајка ми и никој до ден денес не ми направил проблем. Во индекс на факс си ја напишав мајка ми, кога треба некаде да пополнам било каков документ, и да стои татково име јас си ја пишувам мајка ми. До сега не сум имала проблем.
    п.с. можеш ли да објасниш на каков документ сакаш да ја ставиш мајка ти.
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    На мене татко ми е починат и секаде во документи е тој и така сакам и да остане.
    Друга колешка пак исто со починат татко ,сама почна да го пријавува името на мајка и...во индекс,лична карта ама мислам дека кажа оти никаде не пријавувала ништо,самоиницијативно си го сменила...кога дојде ред да ги даваат дипломите,и се јавиле во деканат дека мора татковото име да го каже - неможело на мајка и ......а башка секаде пишува-татково име,ова некое непишано правило е,би требале да го сменат во име ,име на еден од родителите и презиме....а не носам докуенти во амбасада и псомртница од татко ми и ми вика-е сеа шо да пишам кај татко,бар знаеш ли како се вика |( :@
     
    На zara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Јас имав ученик кај кого на сите документи стоеше името на мајката (родителите се разведени), таткото никаде го немаше по документи. Значи, на пр. Презиме-Име на мајката-Име на детето. По тоа знам дека сигурно може да се направи да не фигурира татковото име, но правната постапка за тоа не ја знам.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На сите можни сакам таа да стои. Несакам него да го пишувам цел живот по документите, уште кога ќе ми речат татково име ме одвраќа. Ама моите не се разведени судски, само не живеат заедно. Пред некој ден пополнував некои документи и требаше татково име да ставам, кога ме прашаа татково име ќутев пошто несакам ни да го кажам, па мајка ми го кажа неговото име. Има врска што не се по судски пат разведени сеуште?
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.399
    Офи, не се разбирам многу во правни работи, ама би требало да може. Човек може сопственото име и презиме да си го смени, па зошто да не и татковото. И онака во извод стојат и името на таткото и мајката.

    Прочепкав малку по закони, ги најдов Законот за лично име и Законот за матична евиденција, и колку што ги разбирам, предвидуваат промена на име на родител. Во секој случај, што и да правиш - треба да го направиш во МВР, па пробај да се јавиш таму, да ти кажат која е постапката. Или некој правник или адвокат.

    Еве линкови од законите кои ти ги спомнав:

    http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/lic ... no_ime.pdf

    http://eudo-citizenship.eu/NationalDB/d ... th_mkd.pdf
     
  16. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    Гррр и јас сакам името на мајка ми да стои на документите, на некои го пишувам, на некои по автоматизам пишувам татково име. Според мене треба да стои име на еден родител а не татково име ... Инаку мислам дека и да се бара татково име може да си пише име на мајката, не верувам дека некој би се осмелил да праша зашто е тоа така .. :o Сестра ми дипломираше, и во диплома и стои името на мајка ми, се зезнав јас во индекс што го ставив татко ми!
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Пуфла, викаш дека нема да прават проблем ако го пишувам на мајка ми името без предходно да направам измени на пример во некои други документи? :?: Јас од сега ќе си прашувам пред да пополнувам нешто дали може мајка ми да ја пишам. ако ме прашаат татково име ќе прашам дали има врска ако стои од мајка ми, ако може така - така ќе правам. Ако не, ќе одам и ќе средам тие работи кај што треба за да не го пишувам него.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    хммм... Јас секаде го пишувам името на татко ми, иако почина. Ама за ова Оффи мислам дека ќе можеш да ја пишуваш мајка ти во документи што се помалку важни и се разбира, можеш и на документи за факултет, но ако е нешто од голема важност, ќе мораш да го пишиш неговото име.
     
  19. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    ^^Досега каде што сум го пишувала не ми правеле, но не биле документи од типот на лична карта, извод итн. Не знам правно како стојат работите, најдобро е да си прашаш ;)
     
  20. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    ^Офи мислам дека нема да ти прават проблем. Еве јас и во документите на ќерка ми сегде си се пишувам јас. Во здравствената легитимација стојам јас. Др документ она нема зашто е малечка, а во пасошот не стојат имињата на родителите.
    Слободно пишувај си ја мајка ти. Поздрав