Што мислите за телевизијата во глобала? Губење на време, заглупавување или корисен извор на информации и забава? Колку време неделно утепувате гледајќи телевизија? Дали има некое шоу, филм или било каква програма која би забраниле да се емитува? Што ве нервира, а што обожавате да гледате?
Па иако во последно време многу слабо гледам телевизија,мислам дека е супер како средство од кај што можеш да научиш многу работи и квалитетно да го искористиш слободното време. Е сега нормално дека зависи што гледаш,ако гледаш Бандини и Шехерезад само,тешко дека ке научиш многу Јас најмногу гледам VH1 и уште некои други музички програми,Discovery,Travel&living,,Fox Life,Tv1000,FTV,Аnimal Planet од време на време....зависи каде ке начекам нешто интересно. Од нашиве гледам а1 најмногу и сител,ама ме нервираат а1,во последно време само турски и шпански серии даваат и реалити шоуа.
Ако зборуваме за нашиве телевизии со еден збор Катастрофа За љубов на вистината ретко може некоја емисија да ти го привлече вниманието.Според мене нашите телевизии како да ја изгубиле смислата на нивното постоење А за шоу кое ме нервира ќе го изберам Браво шоу Како причина ќе ги наведам поголемиот број од гостите.Значи кој зинал почнал да пее не е важно шо се пее и дали се знае да се пее Крај беше кога видов еден тип со суканици растура народно а талент за пеење шта да ти причам кад све знаш
ретко гледам телевизија, некако немам време а обично кога гледам, најчесто пратам вести , овие емисииве ексклузив, бекстејџ. или пак некое ептен добро филмче ааа да и Шехерезад, обавезно а и во принцип не баш има што да се гледа по телевизиите, се е едно исто, само на различна програма
Јас пред некои години гледав скоро четири саати дневно тв. Сега не знам како сум можела да го правам тоа Мразам шпански серии, посебно овие синхронизираниве не можам да ги смислам и музички шоуа од типот на таленти, фешта и.т.н. Посебно на живци ми идат кулинарските емисии, иако не можам да објаснам зошто, ама некако ми се ептен дебилни. Сакам да си гледам ситкоми и да се посмеам малку, некое интересно филмче. Исто ме бендисуваат и вестите, иако порано му се чудев на татко ми како не му се досадни Ама најмногу од се што се прикажува по телевизијава, ме нервираат рекламите. Ајде се наоѓа и по некоја досетлива и интересна, ама таквите се реткост. Доминираат некои дебилни, неиновативни и мислам дека нема веќе што да се каже за ова.
Многу малку време поминувам пред телевизор. Немам време а и ретко затечувам нешто интересно за гледање. Овие сериските филмови ме нервираат и воопшто не ги гледам.Понекогаш гледам вести и тоа на А1. Најсаглам програма ми е.
Губење време. Особено нашите национални телевизии. Јас не гледџам, никогаш и не сум гледала. Понекогаш си пуштам музички телевизии, или гледам некоја серија на ДВД додека вежбам, иако ми здосадуваат многу брзо. Од националните гледам само вести, не по мој избор, туку овој мојов гледа, и само се нервирам кога ги слушам. Децата се навлечени на цртани, едвај им ги скратив. Во состојба беа цел ден пред телевизор да дремат, зимата мислам дека едно 5-6 саати во денот гледаа телевизија. Сега гледаат по час и половина дневно. Ќе им го скратам и тоа полека. Единствено некои од документарците на дискавери, травел, или слични телевизии ми се ок. Ако фатам некој додека гледа саканиот мој, ја изгледувам. Инаку тој без телевизор не живее, да не се карав за тоа и ќе спиеше со вклучен телевизор. Што и да прави, телевизорот мора да е вклучен.
порано да бев зависник од телевизија, телевизорот гореше 24/7 меѓутоа сеа да ме прашате незнам на кое копче кој канал ни е толку немам време за тв, демек пораснав и многу поважни работи имам во животов, излишно но вистинито. а и доста време сум на нет и фемина
По некои години мислам дека нетот сосем ќе ја замени телевизијата... Сега и серии и филмови, скоро се може на нет да се гледа...
Последниве месеци не сум гледала тв воопшто, ниту една наша тв не можам да ја издвојам како омилена. :y: + мразам емисии од типот на А1 Ексклузив и Бекстејџ, ми одат на нерви ток шоуа како Опуштено и Жаре и Тротоар и веќе не знам кај да се обратам, ништо од ова не ми се свиѓа Се' веќе видено и досадно. Гледам вести на Канал5 во 17h тогаш ручаме и неминовно е, или тие на Алфа се добри. Ако седнам да гледам наменски, тоа е само заради Najslabija karika на HRT, или некоја сериичка на Fox, или Travel&Living. P.S. Морам да нагласам дека тв е нон стоп вклучен, гледал или не гледал некој. Мора да си брмчи едноставно, посебно кога сум сама дома.
Кога си брмчи твто како да не си сама... Битно нешто збори. А пак кога се сите дома пополнува тишина и ја живнува атмосферата
Па гледам телевизија кога сум сама дома, ако ептен немам што да правам. Не ми се допаѓа програмата на националните телевизии, навистина немаат некој избор, ниту пак прават добри емисии. Кога гледам, одбирам тоа да биде некој документарец на Discovery, National Geographic, Travel & Living, Travel, ViaExplorer, ViaHstory. Ако сакам само да се релаксирам си пуштам ФоксЛајф/ФоксКрајм, или пак HBO/HBOComedy. Забележав дека кога учев, кога студирав, многу сакав да гледам телевизија. А особено кога спремав испити. Иако морав да учам, јас седев пред телевизорот, зината во него, ко мислиш светот ќе пропадне ако ја пропуштам таа епизода или што и да беше тоа што го гледав. ЦЦЦЦ... а сега,само навечер свети телевизорот... подолго ќе ми трае ако ништо друго
Па од кога имам интернет не гледам многу телевизија !!! Ама сепак највеќе сакам да гледам филмчиња на HBO и интересно ми е на кодот на Да Винчи има интересни емисии за животни, обожаваам тоа да гледам !! а мразам реклами на сред филм или на сред емисија !! А и на телевизија и често слушам песни !!
Порано многу гледав , неможеа од кревет да ме станат моите ,но сега ја заменив со интернетот . Ако има нешто интересно како добро филмче премиера може да погледнам . Најчесто Сител и А1 ги гледам за филмови петок и сабота ако не излезам надвор .
Обожавам интересни филмчиња,серии и емисии.Мразам реклами и досадни филмови и опери на мтв кога ќе видам косата ми се ежи,аман... имаш чувство дека секогаш кога највише нема што да се прави тогаш ништо интересно нема
Од кога имам интернет ,многу слабо гледам тв,нема ништо интересно,само некои глупости.Само овие сериите Бандини,Кога лисјата пагаат обавезно ги гледам
Обожавам да гледам телевизија посебно некои интересни филмчиња и емисии .. а многу се нервирам кога даваат рекла ми по 12 минути леле а и ме нервира тоа што 1 филм го даваат реприза по сто пати место да даваат нешото ново и убаво они некој стари филмови од времето на дедо ное и ем што ги дале преку сто пати Иначе и некогаш кога сум пред телевизор го утепувам времето.. ехх таа досада иначе у последно време не дале некое убаво филмче незнам се некој глупости даваат