Драги Феминки, потребна е поддршка со потписи за онлајн петиција кон Телеком МК за зголемување на брзините на интернет пакетите. Mаџар Телеком, во која групација е и Телеком МК, за истите цени нуди многу поголеми брзини и мислам дека е фер и валидно и ние да го бараме истиот третман. Телеком Унгарија 1000Mbps/1000Mbps оптика = 21.13 еур = 1299 денари Телеком Унгарија 2000Mbps/1000Mbps оптика = 26.51 еур = 1630 денари Во проценти, 1000/1000 пакетот кај нас е поскап 207.7% Нашиот 300 пакет го плаќаме повеќе од нивниот 1000 пакет, односно нивниот 2000/1000 пакет е само 8.04% поскап од нашиот 300/300! Петицијата е активна веќе една недела и собрани се повеќе од 200 потписи. За да дадете поддршка, одете на следниот линк: https://chng.it/mQLVsDLghs
Потпишано и поддршка за иницијативава Ја видов и на ит форум и очекував повеќе потписи, ама добро познати сме по пасивноста. Се надевам ќе има успех и ќе се стави крај на вакви несразмерени разлики помеѓу цени и брзини.
Пред неколку дена, имаше некаква комуникација со одговорна на сектор, пристојно/учтиво но сепак несуштинско тапшање по рамо од типот ние се грижиме и други празни зборови. Нема да споделам повеќе инфо, не сметам дека е потребно во моментов плус заради заштита на л.податоци - но имам впечаток дека од нивна страна, они сметаат дека толку колку што ни даваат ни е доста. Анализирале пазар, ни земале мерка, и решиле тоа е тоа за нас, и сето тоа е ок, но не е ок моментот дека за истите пари се добива многу повеќе на други места. Ако веќе брзините не се конкурентни тогаш треба да се намали цената, во спротивно нека се нивелираат брзините со мајката фирма (Маџар Телеком). Ќе Ве држам благовремено известени ако има некоја позначајна промена, можеби бабата фирма (Дојче Телеком) ќе примети дека постои незадоволство и ќе реагира до ќерката (Маџар) и внуката (МК) телеком. Во меѓувреме, слободно потпишувајте, ако дојдеме до 500 потписи ќе излеземе на 1во место како петиционери до Дојче телеком.
Супер иницијатива, потпишано, ама Телеком е најужасното нешто со што си имам работа, ништо не им функционира, ништо не работи, си затвараат продавници и си седат по канцеларии, секоја ебена сметка онлајн што треба да ја платам кај моите, триста проблеми, договори не чуваат, песто проблеми ако треба приговор да пишеш, најлошо убедливо искуство од сите телеком фирми у мојот живот, а сум имала доста, насекаде по Европа. Јасно е дека добро "умрежени" па не би ме чудело и да престанат да постојат а ние да продолжиме да си плаќаме сметки, до тој степен не им е гајле, сигурни се во својата позиција до тој степен.