1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тетоважа на веѓи

Дискусија во 'Лице' започната од LakeGirl, 4 април 2012.

  1. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Девојки, дали некоја од вас има правено тетоважа на веѓи и колку е задоволна? Дали има различни нијанси на располагање или само црна, кафена и св. кафена?

    Колку ве чинеше и колку болеше? :tmi:

    ФАЛА!
     
  2. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44
    Зошто нема одговори? Толку ретко се прави ова во Скопје?
     
  3. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Тетоважа на веѓа? :^)
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Мислиш на тетовирани веѓи ? Прашај си во некое козметичко студио, за болење сигурно боли и не е честа појава сепак жените повеќе би ги кубеле веѓите од колку да ги отстранат целосно и да ги тетовираат :)
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е практично тоа бидејки немора одкога ке ги истетовираш да ги депилираш секогаш, тоа е чисто да се има осет кои влакненца се непотребни. Значи ориентација кои влакна да се искубат. И убаво е што нема потреба од цртење на вегите за оние кои имаат поретки.
    Сепак јас не би го направила тоа, бидејки ми се светли вегите. :)
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Една моја пријателка си ги истетовира веѓите и мислам дека беше 6000 денари. Мене лично не ми се допаѓа, ептен се познава. Таа како што кажуваше тетовирана е со некоја специјална боја која можела со некое послебно средство кога ќе и здосадат да ги избриши.
     
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Тетоважа на веѓи??? Првпат слушам. Дајте некоја слика да видам баш ме интересира.
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Никогаш не би си тетовирала веѓи.

    Колкава мрза треба да си да не можеш да одвоиш 15 минути да се исчупаш? И тоа ова го кажувам спаѓајќи во групата на најголеми мрзи :D

    Ниту ми се допаѓа како изгледаат, ниту ми личат на нешто природно, а плус сигурно е многу болно.
    :)
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не ми го отвара линкот.
     
    На vale.96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Нема шанси ова да го направам, многу неприродно ми изгледа.
    Општо цртани веги мразам :)
     
  12. LakeGirl

    LakeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    44

    Ayy, фала за линкот :) ама не мислев баш на такви, туку тетовирани веѓи во комбинација со постоечките влакненца, за да бидат подобро обликувани. Обично се користи кај веѓи кои се ретки, имаат неправилен облик или се премногу светли, па не се приметуваат.

    Нешто како ова....
    http://www.traciegiles.co.uk/eyebrows-treatments.htm
     
    На Lallly и creshicka им се допаѓа ова.
  13. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Mразам тетовирани веѓи и не ми изглеаат убаво.
     
  14. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    мразам тетовирани веѓи , :!: природното секогаш изгледа поубаво
     
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Абе ве читам и ви се чудам... Велите "мразите тетовирани веѓи" претпоставувам со замисла дека сите изгледаат вештачки, тенки и округли. Значи не сите изгледаат така и дај излезете од тие стереотипни размислувања и прочепкајте по интернет ќе видите за што всушност и ви зборувам. Точно е, има промашаи и некои ужасно грозни веѓи ама такви можам да забележам и природни.

    Тие што имаат ретки веѓи или неправилна форма зарем треба да ги чуваат како такви? Не секогаш природното изгледа најубаво и затоа се иритирам кога читам такви ставови. Оние кои некогаш во животот биле на шминкање кај професионалец знаат дека секогаш прават мали корекции и дополнување на вегите со шминка зошто ретко кој има убави, густи и правилни веѓи. Корекцијата (тетоважата) на веѓи денес е исто како и шминката која секојдневно ја ставате исто како и маскарата која се користи за подолги и погусти трепки, карминот за волумен на усни, пудрата за прекривање недостатоци и уште еден куп други работи со разлика што овде се решава "проблемот" засекогаш.

    А тоа дека некој става од бес верувам дека е реткост. Болката да ги чупаш цели веѓи верувам дека е огромна и не знам кој би се одлучил на така екстремен начин на "разубавување". За таквите случаи ќе се согласам дека не изгледа природно и такво нешто никогаш не би направила на себе.
     
    На ss80, glosipgirl, MejkApGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Тоа не е тетоважа на веѓи туку трајна шминка. Еве ова
    http://vimeo.com/9033773
    Кога би имала проблем би го решавала можеби на тој начин. Поприродно изгледа така отколку да ги чупам целите и да ги цртам со моливче.
     
    На LakeGirl, avita и ludoto19 им се допаѓа ова.
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Oва е супер, не се ни приметува ко моливот, убаво делува на очи, сите славни имаат, поготово турчинкиве низ сериите. Kога би можела би си ги истетовирала воопшто не е вештачко, и каде-каде е подобро од цртани веѓи со молив.
    Cамо лошата страна е да не ти ги утнат,па си се зезнал за сва времена тогаш
     
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    На сликите што ги поставила Lake girl баш убаво изгледаат,и некој што има неубави веѓи зашто па да не си направи трајна шминка?Сепак е 1000 пати поубаво решение одколку цртани веѓи со молив,што на мене ми се одвратни.
    Знам една девојка што ги црта никакви и се,од авион се познаваат.
    Незнам колку е за веѓи ама кумата моја правеше трајна шминка на уста,како молив за уста.Викаше дека боли,пецка и мислам околу 5000 плати.
    Каде правеше не знам,и незнам колку време и траеше,неколку месеци мислам :?:
     
  19. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    јас знам за ова. имам другарка што ги има истетовирано веѓите ама мене не ми се допаѓа мн се познава дека се тетовирани и со тек на време избледуваат и треба повторно да ги тетовираш. мислам дека воопшто не е болна постапката бидејќи не е класичен пат на тетовирање туку цртање на веѓи е
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Многу грозно изгледа,јас никогаш не би си направила вакво нешто. :D Па остај тоа..се познава..