Носам тренерки само кога морам. Мразам да носам и најчесто по дома сум по хеланки или пижамчиња. Имам нешто слично на овие...
Памучни. Некад широки, некад потесни, зависи од пригодата. Пример, ако е за физичко во постудените денови - би одбрала средно тесни. ако е за спиење - ептен широки. ако е за до продавница - потесни. Ги сакам, удобни ми се.
Кога веќе е темава за тренерки,да си прашам колку се движат цените на тренерките и каде? Јас кога бев во Шутка едни долен дел тренерки беа 600 денари ,а според мене не вредеа за парите,колку се низ град,ама комплет?
600 ??? Не знам зошто ти рекле толку многу. Мене ми рекоа 300 долните , 500 горната тренерка. Вкупно 800. А адиадасот беа 1200 комплет. За одделно не прашав. Ми се допаѓаат тренерки. Си носам дома и на час по спорт.
исклучиво памучни и и јас мразам кога се прават топчиња а нив можете да ги отстраните со брич да помините над нив и се бричат само да не стегате близу до материјалот за да не го исечете или пак со конец да го носите нагоре надолу и ќе се скинат топчињата
Во школо носам фармерки, кога ќе се вратам се пресоблекувам во тренерки Носам различни и многу ги сакам затоа што се најудобни
Нешто најубаво и најкомотно(после пижамите) се трењерките. Постојано си носам, имам неколку пара, претежно се во црна боја, али битно е добри се
Имам во различна боја и ги носам само по дома. Тренерки-најудобната облека ! Најчесто памучки купувам.