1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Туш кабини и џакузи...

Дискусија во 'Дом' започната од nela.oh, 15 март 2011.

  1. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Феминки, пред се, се извинувам што отворам тема без доволна активност на форумов :$ , меѓутоа имам потреба.

    Моментално опремуваме нов спрат со мебел, со што поголемиот дел е завршен, дојдени сме до санитаријата, па кај нас нема мн голем избор, принудени сме да купиме од ск. :(
    Дали можете да ми кажете некои ваши искуства во врска со купување туш-кабини и хидромасажни кади (по наше џакузи) меѓутоа немора да се некоја марка или мн скапи како колпасан, ќе се задоволиме и со кинески некои... (и така скоро сите продавници се преплавени со нив) :D
    Препорачајте ми некоја добра продавница (ако знаете и име и адреса или одприлика опис каде се наоѓа) за таа намена, во скопје, па ете и во друг град доколу има добри. И како одприлика се движат цените?

    Се надевам некој ќе ми помогне... :P
     
  2. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Кинески туш кабини и џакузи...?

    Ние летоска пред 8 месеци го реновиравме станот, и ВЦто нормално, и имавме када претходно, а сега ставивме туш-кабина.
    Туш кабината ни е Шпанска и во неа има се (Радио-музика , телефон , двоен туш , масажери, постоље за седење, постоље за ставање шампон и сл.) се што е потребно си има во туш-кабината (а мене најмногу ќејф ми прави тоа што си слушам музика додека се бањам :lol: ).
    Е сега туш-кабината вака опремена кошташе 27.000 а со + сауна кошташе 32.000 (али немавме потреба од сауна и си зедовме без сауна таа од 27.000) , големината е 90 х 90.
    Ние не само туш-кабината туку и лавабо со шкавче, моноблок шоља, плочки ѕидни и подни, се што беше потребно за комплетно реновирање на едно ВЦ си набавивме од една продавница во Драчево (ич не ми текнува како се викаше името на продавницата) а и добар попуст ни дадоа бидејќи се купивме од кај нив.

    Во Скопје има еден куп продавници за туш-кабини и сл. ствари, има продавница во Рамстор, има исто така голем избор и во Хубо маркет кај хотелот Александар Палас.
    Ако имате некој познат во Скопје кажете му да ве прошета низ продавниците, ќе најдете се што ви е потребно.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Кинески туш кабини и џакузи...?

    И ние го реновиравме купатилото есенва и имаме туш кабина како на Доберман и нашата е 90х90 и не зафаќа многу место ако е во ќош ставена ;) значи со двоен туш (рачен и плафонски) светла, радио, држачи за шампони, местенце за седнување единствено што ми фали е едно внатре огледало да имаше (дека гледав кога купувавме имаше и со огледала ама ако имаа тоа немаа на пример 2ен туш)
    Нашата ја зедовме од продавница за ќерамика и целосни опреми за бањи и купатила, плчки , за 22.000 денари. Внатре е бела кај тоа долу и за седење од страна со црни како стакла ама не се стакла, кај што се тушот и радиото сива боја и одозгора има сијалички и светат ако ги приклучиш, држачите се прикачени на едната страна таа како црно стакло што е железни со стакленце на 2 спрата.
    ____________
    И сакам да прашам дали после секое туширање/ капење освен плакнење на кабината треба водата да се чисти (бриши) со крпа ? На почетокот ја чистевме, ама сега на пример кога брзаш некаде да се истушираш и да заминеш не ја бришиш ја оставаш да се исуши сама, дали така може да се направи каменец ?
    И дали има некое посебно средство за чистење, препарати, крпи ? или со обична крпа и вода ? Не се валка и онака ама како за дезинфекција што знам, за спречување каменец постојат некои посебни крпи?
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.388
    Пол:
    Женски
    Кинески туш кабини и џакузи...?

    Пред две, три години го реновиравме и ние тоалетот и со плочки и елементите внатре не чинеше околу 2000 евра. Да напоменам не се луксузиравме. Би ти ја препорачала продавницата во Ново Лисиче до Стопанска банка што е. Ние имаме туш кабина, 120 см на 80 см ако не се лажам. Нема радио зошто искрено не ја сфаќам поентата да се има радио, телефон и што ти ја знам во тоалет. Но секој со своето мислење.
     
    На cresa-jagoda, Srekicka и girl1985 им се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Кинески туш кабини и џакузи...?

    Се прави, се прави каменец, зборувам и за нашата туш кабина, и од она што го имам видено кај други.
    Јас со што уште не пробував да го исчистам и никако не излегуваше.
    Пред скоро време земав Пулирапид од тој со распрскувач, полесно се нанесува, и обавезно со ракавици се чисти, зашто има нагризувачко дејство. Се' излегува, а на метални површини како (мијалникот во кујна, чешмите) им дава прекрасен сјај.
     
    На girl1985 и Lux им се допаѓа ова.
  6. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Ние дома имавме од тие туш кабини,со се внатре,али после неколку години едвај чекав да ја тргнеме..тоа чудо ништо живо не можеше да го исчисти,колку и да се трудевме,хаха...сега од сето тоа ја заджавме само кадата и од мерак да ја исчистиш :D Така да не сум за туш кабини,скапи се,убави...али по некое време стануваат одвратни :)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    туш кабина???голема глупост на модерниот човек.не можеш ни да ја исчистиш ниту да ја поместиш да измиеш под неа што се таложело и собирало ѓубре.башка што ти колку и да мислиш дека е чиста и секој ден да ја миеш од самата вода кога се суши си се познаваат бразди капки вода,кои не се бришат така лесно треба кога е мокра да ја бришеш и така цел ден да бидеш во купатило и да си чистиш и бришеш :!: во секој случај скапа ама не практична работа.ако некој знае начин за полесно одржување и сретсво за чистење бигор од стаклата нека пише оти јас се разболев од секирации. :@
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Џакузи може :D али не и туш кабина. Дома си имам стандард када 200*90цм (од оние најголеми ). Си сакам моменти кога ќе си ја наполнам кадата (ретко ама може да се деси 5-6 пати во годината :) ) и уживам, втора причина како бре да ставам корито и бањам дете во туш кабина, трета работа, сега што имам на пола када параван па ме нервира бигор а не па цела туш кабина да ја рибам после секое туширање. Несакам да бидам роб на санитарии.
    Кога перам нешто на раце и ако треба да се цеди, си го префрлам на пола када, се цеди па оди на сушење.
    Од практични причини када, а за џакузи немам пари :D
     
    На cresa-jagoda и nela.oh им се допаѓа ова.
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Изгледа ова ќе да е вистина.
    Се имаме зафркнато ние со туш-кабината. Ама нека тера вака уште едно-две години максимум и давам три и после ако не се преселиме обавезно када ќе си ставиме.
    Напорна е и тешка за одржување. Бара многу и мнгу брзо се валка. :!:
     
  10. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    ние имаме кабина и сме презадоловн па и во неа има масажери ....а и не се скапи докај 30 000 ....
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Абе и во мојата има масажери, ама џабе ти се масажери кога многу е тешка за одржување.
    Да бирав пак што би сакала да ставиме во купатила, дефинитвно би одбрала када или џакузи.
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    е да стаклата се лом после секое бањање треба да си чистиш....
     
  13. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Јас па не патам од комплекс по секое туширање или капење стаклата да ги рибам или прскам со антибигорско средство. :^) Пак ако земам предвид дека се туширам секој ден по вежбање, по идење од плажа, плус и мојов в, кај ми е крајот така. |(

    Стварно изгледа малку шлакано по стаклато ама не се замарам до толку па да рибам секој ден во туш кабината, а и ја чувам отворена па и не се приметува.
    Битно ми е да е чиста туш кабината долу во кадата и по секое туширње ја одмивам, а еднаш неделно прам генералка во на цело вц со триста средства и сосема доволно е.

    Е џакузито е друга приказна, побитно ми е то да е чисто од прашини и работи, ради лежење и страв од инфекции, а богами нежна сум во последен период...
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ајде малку да ја размрдаме темава, лето е, овој период повеќето реновираат по дома.

    Прочитав неколку негативни коментари за туш кабината, и баш ме збунивте..
    Дома кај моите имавме, не и бевме робови, во недела се чистеше, а стаклата беа некако матирани во боја.
    Мислам дека попрактично за простор е туш кабина, а и полесно за одржување и во однос на век на траење.

    Дали знаете како се движат цените на џакузи во Мк?
     
  15. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    16.902
    Пол:
    Женски
    И мм запна за туш кабина го извадивме џакузито не го користевме ни година дена ,го реновиравме купатилото леле ми се смачи од чистење значи секое бањање морам да ја чистам иначе остануваат капки бигор по стаклото (facepalm):sweat: со оцет и сода бикарбона ја чистам
     
  16. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Од секогаш ми се допаѓале стаклени туш кабини ама монтажни со мат стакло.
    На моите родители тоа им било скапа инвестиција па наместиле обична каде заѕидана.
    Јас сега средувам нова куќа само моја и сакам да си наместам баш стаклена кабина монтирана дирекно на плочки со мат црно стакло или не знам како се кажува тоа.
    Не ми се попаѓаат стандардните туш кабини.
    Е сега проблемот е тоа што тие стаклени туш кабини почнуваат 90,00 или 95,00 сантиметри баре како што гледав на интернет, а кај мене просторот планиран за туш кабина или растојанието од зидот до прозорчето е само 70,00 Сантиметри.
    Дали некој знае да ме советува како да постапам или што да направам или што да наместам за да биди по интересно покреативно или некако да се среди тој проблем оти ќе треба да го оставам така рамно целото место.
    Однапред благодарам.
     
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Единствена опција на која ми текнува во моментот е да изѕидаш еден ѕид (можеш и со оние стаклени коцки или блокови па да излепиш плочки) и да ставиш завеса.


    [​IMG] [​IMG]
     
  18. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Бравос добра идеа ќе гледам да ја применам ти благодарам многу.
    Баш ќе се распрашам колку пари одат
     
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Нека ти направат по мерка параван штом не сакаш када, туку директно на плочки..
    Мене стаклениве цигли не ми се убави за одржување, плус во мал простор некако ми делуваат одвише..
    Тоа за бања од 30тина м2..инаку никад не би ставила..
     
  20. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    Не знаев каде да прашам па ајде тука.
    Моето купатило е со црно бели мат плочки.
    Кога го чистам со сунгер секогаш ми остава бели траги.
    Можи некој совет од женска страна како да исчезнат тие бели траги.

    Однапред благодарам.