1/12 турбо УН - Протеински доручек: банана ручек и вечера: пилешко со спанаќ и моркови + Салата можеш да јадеш зеленчукова чорба, и не знам каква ти е состојбата, ама и пченицата е мека, можеш со шеќер за вечера, а исто така можеш и палента
Помислив на млеко со бисквити, ама ме бунеше тоа што млеко а и благо се за вечера. Ајде ке помине и за ручек нешто слично.
Чорба со зеленчук испасирана+леб за ручек, млеко и бисквити за вечера. Чорба од брокула,од печурки,од тиква.. Види на гугл има многу рецепти. Успешен овошен мојов. Од сабајле прилично богато: Во 10-Половина банана Во 12-Смуди од половина банана,јагоди,рибизла,неколку ореви и неколку кикирики (не печени, не солени) Во 3-Неколку индиски оревчиња,една мандарина и еден портокал Во 5-Хиппис смути од манго Во 7-уште една банана ми остана уште една краставица и еден домат, во случај на глад
Здраво и јас од денес ќе почнам се надевам ќе имам успешна приказна како сите вас. Доручек:1 портокал додека се научам да јадам овошје сабајле Ручек планирам ослиќ риба и салата мешана.се надевам не грешам е сега за вечера ќе може овошје да се јаде или мора пак риба или нешто друго.
Овошје се јаде само и само за доручек. Вечерата е иста како ручекот, што значи риба за ручек-риба за вечера. Можеш туна со салата, но сепак да е риба Протеински - 17 прв ден турбо 1/12 Д:Јагоди испасирани со вода како сок. Р:Свинско (мислам ребро беше) едно парче, салата, супа и половина лепче Ич немам апетит. В:Пак месо со салата
19/90 3/90 Витамински Лимон и ѓумбир чај, турско кафе, банана, мандарина, уште една банана, една шака ореви, вежбав, две мандарини, кафе, и после една марула салата со што ке го завршам денов се надевам.
Јадам туршија и те читам. Како издржа со толку јадење? Криво ми е за морковиве и карфиолов што го изедов...
@MidwifeM Богами и јас ти се чудам, не би издржала ни јас со толку јадење Исповееееееед: Покрај месото, вечерав и 3 парчиња пастрмајлија, една чаша кока кола и чипс од ориз. Епа гости, епа грешки. Убаво ми дојде, и за чудо не ми е криво! И така. Утре гравче на мени.
Брз живот На трчање бев цел ден ама не се осеќав воопшто гладно.Да некогаш ме фаќат кризи за грешење но за чудо тоа само во овошен не се случува
Доручек: еден сок од портокал+еден портокал изедов Ручек: компир манџа со малку грашок За вечера исто. И да се пофалам пред ова 1дна недела држен хроно но ми се смачи се едно исто па прекинав.сега почнав со Ун.. Бев точно 95.кг денес се мерев и сум точно 90кг.
Д:Банана Р:Гравче и патлиџан В:Треба гравче ама јас му се стрвам на варениот компир кој се спрема за салатка Видечемо
Ве молам да ми кажите за турбо ун од кои денови се почнува и колку време се држи и ако некој можи да ми ја испрати, фала
Турбо ун се држи после 40ден мислам ако ја држиш прв пат диетата, не ме фаќај за збор за денов ама знам дека 40и некој беше инаку трае 12дена и оди вака: Протеински ден Скробен ден Витамински Протеински ден Јаглехидратен ден Витамински Протеински ден Скробен ден Витамински Протеински ден Јаглехидратен ден Витамински
Да си кажам и за мене денес: 20/90 4/12 Д: пола цеден лимон и пола цеден портокал и турско кафе Ужинка:една банана Р: кришки пржени со јајца, пиперки и патлижан направени како макало, три кришки изедов се прејадов. В: салата