33/90 Протеински Д:Банана Р:Топено сирење(фета и моцарела+1л кечап) + шопска В:1парче интегрален леб со 1л ајвар и сирење
Знам дека е тешко да се придржува до диета, ама тука ништо нема од undiet. Ужината не треба да ја има и конкретно твојата (банана) треба да биде доручек, сокови не се дозволени никакви, ни домашни цедени, три парчиња леб со јајца- многу јаглени хидрати и протеини, вечерата само салата. Јас ваков ден не би го ни пишувала воопшто во оваа тема.
Па мислам дека кажав ама пак ке кажам, не ја држам прв пат диетава. По фб групите јадат дупло повеќе од ова што јас го јадам. Пржени јајца, мекици, пирошки со сирење па пак имаат резултат. Ако ми се јадело пржени лепчиња сум и искомбинирала со јајца место да изедам три пржени јајца јас изедов три кришки со јајца. Подобро да пијам цеден лмон и протокал одколку да пијам сковои од дуќан, и за некој што е активен од 5:30 до 18:00 часот верувај дека ако не ја имам таа ужина јас ке се струполам некаде додека дојдам дома. Подобро да си го поделам доручекот на два дела и да јадам овошје два пати одколку да седам гладна и додека стасам дома да се струполам. Сите имаме различно испланирано време и различни комбинации на јадење, може јас грешам некогаш може некој друг греши, не е возможно безгрешни да сме сепак не дремам дома па да имам време секој оброк да го готвам и внимавам до толку.
Ок, јас само кажав дека ова не е undiet, ова е твој личен план за исхрана и менито нема допирна точка со тоа што треба да се јаде во диетава. Ко да кажам на кето сум, ама денес ми се јадеше милка ноисет, пошто ми падна шеќерот. Нема поента.
@Carolin. И пола кило овошје да изедеш до ручекот, ефект ќе имаш. И да, и тоа е во склоп на УН диета. Ужина од овошје да, но да има 2 часа разлика до ручекот. Не може некој да каже не е ова Ун затоа што “ужинка” од овошје имаш. Од овошје, а не од милка ! Ун е редоследот на протеини/скроб/јаглехидрати/овошен, и твоето е сосема во ред. Лани јадев и јатки за доручек, и никад не сум јадела по две овошки само, затоа што ќе колабрирам. Јадев и чорби од зеленчук измеѓу оброци и во овошен, и ослабев 12кг. Без изгладнување. Сепак нема да одам на турбо ун. Регуларно,денов ми е јх ден. Д:Пола банана и 4-5 бадеми Р:Ѓеврече, малку сукана баница со ајвар и маслинки, и 3 коцкички свинско месо ме напна мајка да го пробам колку е убаво и пресно. В:Топло чоколадо, 3 орео колачиња и парче баклава.
4/12 Турбо УН доручек: банана во 12 часот јадев топено сирење со неколку фурнаринки и нема да вечерам, сита сум сеуште.
Денес 21/90 5/12 турбо ун јх Д: турско кафе и портокал Р: варени макарони со една лажица лутица и печурки плус марула салта В: монте и ред црно чоколадо Сакав да ве прашам хумус кога можам да јадам, дали знаете? Мислам дека е во скробен ден ама не сумја сигурна @Chanell* искрено сум јадела дупло повеќе од ова што сега јас јадам, зошто бев подебела и сум ослабела, така да мене моите комбинации на јадење од ун ми имаат ефект, ама не знам зашто упорно сите ми се мешаат у тањир и зашто јадам салта за вечера... Имајте убав ден
Очигледно имаат краткотраен ефект, штом повеќе пати ја држиш. А поентата е килограмите да не се враќаат. Убав ден и тебе
34/90 Скробен Тотално промашен немав ни доручек ни вечера.Само ручав и тоа со грешки измешав и месо и компири со салата плус 1 парче бел леб Утре продолжувам со ЈХ ден
Не. Ама штом ја држиш неколку пати, па и целта не е остварена. Како и да е, не ми е намерата ниту да се карам, ниту да се натегам. Кажав, менито што го напиша може ти одговара, ама де факто не е undiet. Може до утре да се натегаме, три кришки леб со јајца, и тоа пржени, се далеку од тоа што треба да се јаде во диетава. Домашни цедени сокови се секако подобра варијанта од купечки, ама што ако, кога не се дозволени. Вечера треба да е исто што и ручек, само упола, освен јх ден. Да не набројувам, еден куп пропусти. Терај ако ти одговара менито и имаш резултати, само некако смешно е да го кажуваш дека е undiet, а не е. Патем, не ти дојдов дома да ти гледам во тањир, туку коментирам за менито што си го пишала во темава. Нели, за тоа и е, за дискутирање. Најлесно е да се тапшаме по рамо кога не треба, или недај Боже на некаква критика да дигаме нос.
Ама јас не сакам да се карам нити дигам нос, океј е тоа што ти имаш забелешка. Мене у 20 дена па и еден пропуст или пак три не ми значат ништо. А за тоа дали имала краткотраен или долгорочен ефект, мислам дека јас најдобро си знам, нема потреба да си доесуваш заклучоци од три прочитани мислења.
Млеко и јогурт имаат протеини, така да не. На овошен, само овошје Али секако изборот е твој колку ќе бидеш доследна на диетата. Како не, па препрочитај си го постот уште еднаш како ја прифати критиката: со муабети од гледање во тањир до плескање по чело зашто сум ти укажала за салатата. Греши ти колку сакаш, ама кога пишуваш мени без притоа да си кажеш искрено дека денес си го утнала денот, очекувај вакви забелешки. Друг ќе те прочита и ќе си рече: А ок, може 3 пржени лепчиња. А уствари не треба. Ниту пржено, ниту три лепчиња на протеински, ниту јајца на јх ден, пошто не сфатив кој ден ти е.
си направив вака со шумско овошје едно јаболко и пола банана како сладолед испадна ама многу е вкусно Без млеко и јогурт се држам на диетата
20 Овошен Три мандарини,3урми,една банана и една шака ореви до сега До после смуди од пола банана и шумско овошје+некоја јатка Вечера ананас, евентуално уште половината банана
Здраво диеталки, за јајцава и ајварот знам дека е во ред ова другово е запжрен прокељ со печурки дали смее да се јади со јајцава? Ии уште едно прашање дали смее да се пие магнезиум и витЦ шимлива таблета без додаден шеќер?
Денес 22/90 Турбо ун 6/12 витамински Турско кафе, две мандарини, еспресо, смути од банана и замрзнато шумско овошје, зелен чај, јаболко, кафе, 2 моркови.
21/91 5/12 турбо УН, јх доручек немав ручек: шпагети со малце кечап, ајварче и 5 маслинки и салата зелка вечера: 6 ишлери, чоколадно млеко и ред црно чоколадо и сакам да те замолам нешто @NarCis@ , овде сме да си кажуваме што јадиме, да си даваме мислење и да се поддржуваме, ако @Carolin. знае дека слабеела со овој начин на исхрана што го држи ќе продолжи, а цело време се придржува на диетава, ја читам секој ден, тоа што изела три кришки леб е нејзино и ние ако сакаме да и кажиме дека греши треба на фин начин, а не дрско да се понашаме.И да, на УН е, оди читај ја предходно па ќе видиш дека се придржува.