Не е баш здрава во однос на риба печена пример оти све што е конзервирано губи од нутрициона вредност,а и маслото што го ставаат е сончогледово а да беше во рибино масло па че беше поскапо.Е сега,незнам што е финтата,на туната пишува 20 грама масти,10 грама протеини,0,1 јалгехидрати а на оваа адрианна 26 грама протеини,8 грама масти 0 јаглехидрати а е со сончогледово масло...има нешто сумњиво...
Рибата гарант има ЈХ. Ај ако има некој таблица за нутритивни вредности нека ја сподели со нас, многу полесно ќе биде. И како што гледав јас на една, скоро во се има ЈХ, дури и во млекото. Па тогаш значи во другите денови не смее ништо да се јаде? Само некои работи содржат повеќе, некои помалку, некои значително помалку во однос на другите.
Јас пак се враќам на диетата, ама овој пат по дисциплирано и до крај. Ќе оди тешко слабеењето бидејќи имам под 70 кг, ама сепак најздрава диета е. А и ете кај Тренди има резултати, па се надевам и јас. Се вратив поправена, еден месец на одмор и ете ги резултатите, за жал. Срам ми е да кажам колку имам, срам ми е. Плус срамота е што дозволив да дојде до тоа со оглед на тоа дека имам здравствен проблем, кој од тежината само се влошува. За ќотек сум, и мајка ми реагираше, а штом и таа ме алармира дека сум претерала значи страшно е. Одам со построга варијанта, не дека очекувам побрзи резултати туку од грижа на совест неможам да јадам. Ме мачи, сама си штетам, сама сум си виновна. Плус и други работи се искомплицираа. Барем килограмите да ги трганам, па после се друго. И денес за појадок, утрово во 9 јадев банана, ручав во 16 часот 3 мали ќофтиња и на место салата јадев домати, моркови и пипрки потпечени па сварени, знате како како летна манџа му доаѓа. За вечера само еден домат и може парче сирење. Неможам повеќе и од оваа се чуствувам лошо .
Јуле па ај со среќа диетата, да имам малку друштво на темата. Сите некако престанаа да пишуват или ја завршија диетата . Инаку јас како што ваљда знаете ја држам од 1 Јуни. Јули поради одморот а и малку пред одморот малку прекршував така да решив да не го рачунам тој месец иако воглавно се придржував. Имам во план да ја држам до крајот на Септември, во тој случај би дошло три месеца. Инаку многу ослабев, за тоа не можам да се пожалам. Не сум се мерила никогаш во текот на диетата ама овие денови би требало да земам вага па ќе се измерам и ќе ги пишам резултатите. Диетата чинам дека ја почнав со 70 кила. Од око мислам дека имам некаде накај 60 кила, можеби и помалце. Но овие последни кила што се да кажам, до идеалната тежина потешко се симнуваат. Но мислам дека со уште месец ипол држање на диетата би требало да ги снема. Денес ми е скробен ден, на менито за појадок малку диња, не ми се многу допадна па дали едно парче чепнав. За ручек една чинија леќа со краставички салата и за вечера секако, пола чинија леќа со истата салата. Без леб, тоа нема потреба да напоменувам .
10ти ден немам ни грамче симнато а строго се придржувам до диетата и до наведениве намирници доброо признавам ми се случи да се напиаам чаша млекцее или нескафе ...уфф ме напаѓа паника дека нема никогаш да ги симнам овие 12кг сега сум 60кг точно висока сум 162 барем до 50 кг да стигнам некој совет диеталки? Инаку физичка активност и неам некоја скокам на јаже по 15мин и ако направам по 30стомачни и чучнови.
Епа јас од денес ја почнувам,се надевам дека ќе има резултати. 1/90 Доручек-неколку смокви и малце сончоглед. Ручек-едно јајце и салата од цвекло. Вечера-мало варено батаче,салата од краставици,малку сончоглед,и малку лубеница
Луѓе не би да ви се мешам ама правите многу грешки во диетата, затоа и не се симнуваат килограмите. Дури и сосема мала грешка може многу да кошта и да ви поремети се. ФетБјутифул - Може во првите денови да не дојде до симнување до килограмите ама понатаму наеднаш се губат повеќе. Ова чинам и е напишано на првата страна. Млекцето и нескафето освен понекогаш во протеински, и тоа ептен кога ќе ти се пие исфрли ги. Не знам, и јас пред диетата пиев многу нескафе ама ете, се откажав од него. Глупо е да си ја уништувам диетата со тоа кога ниту најадува, ниту ништо. А ете се изначитав грешки и погоре. Значи убаво си пишува на првата страна, дека препорачливо е ако ручекот ти е јајца и вечерата да биде тоа. Исто, навечер не е препорачливо да се јаде овошје, освен секако во овошен, ама не многу касно. А она сончоглед, ова, она...Не знам од каде ги изнаоѓате тие работи. Ете, поради тоа не се слабее и стагнира килажата. Чинам и претходно беше напишано ова многу пати, и извинете и јас ако звучам грубо ама ако држете диета држете ја правилно. Вака, само си отежнувате .
ве цитам несто слабо постови или заврсиле....Kако тоа? па не има многу активни еве кај мене ке видиме како ке оди ама јас мислам и септеври секако ке трае (си велам подобро да сум во минус со килограмите) денес скробен ден доруцек 1 јаболко руцек ориз (со варен морков )толку ми бесе слатко..да рецеме нормална порција цела бидна вецера на пола од руцекот... денес малку велосипед возев,па трцав, па некоја везбицка (и за викендов надохнадив ) инаку цитав низ постовите несто околу водата јас искрено пијам ептен многу..од сабајле до вецер пред оброк по оброк,пред кафе по кафе ...по 2 кг секако дневно да не рецам и 3 некако повеке се осекам зедна одколку гладна...ма ок е
Луѓе не ми се верува, го издржав 29 ден, водениот, и тоа без проблем. А толку се плашев од него Инаку цел ден бев излезена, имав работа низ град, натаму наваму летна денот, и дека цел ден пешачење на жешково воопшто не бев гладна само ЖЕДНА...леле колку ми се пиеше само вода дома се прибрав во 19 часот, се зафатив веднаш со работа, онака низ соба средував нешто, за да не ме фати криза за јадење. Ама кога ќе ми текне дека утре на брат ми е роденден незнам дали ќе можам да се воздржам, а да не јадам од роденденскиот сладолед (наместо торта)...па не е фер сите ќе јадат, а мене лиги да ми течат ... како и да е ќе пишам утре...дали ќе се пофалам за успешно минат ден (без прекршок) или пожалам незнам
Да бе стварно... од толку работи кај сончоглед најдовте, од една страна зборите за сончогледово масло во туна дека не чини кога е во неа, на друг му текнало сончоглед да јаде.. СОНЧОГЛЕДОТ ДЕБЕЛЕЕ А и за мастите... гледајте само да не се ТРАНС МАСТИ, другите се дозволени. И ова го најдов на еден сајт (http://www.bodyrock.tv/) Сладолед од банана ( се препорачува за вежбачи ) 1 или 2 банани, излупети ги и исечкајте ги на мали парченца. Замрзнете 2 часа. Така замрзнати постепено ставајте ги во блендер и пасирајте се додека не се направи смеса како сладолед (од машина )
Стварно си се колнам што многу пати ја почнав и заради одмори и визити и прослави се откажав. Ама тука сум, си имав долга исповед во морална подршка па дојдов тука на рапорт. 01/90 Доручек: неколку зрнца грозје Ручек: 2 варени јајца и салата краставица Не бев гладна и не вечерав. Денеска само кило вода,неможев повеќе,подуена сум цела,треба да добијам и неможев да се дујам со вода. Утре бабами ми рече дека ќе прави гравче. Дали сте јаделе во скробен ден грав, и како го приготвувате? И исто да ве прашам за подготовката на оризот? Како ви го приготвуваат? Моите дома го варат и му туриваат од водата од супата,или ако нема супа само вода, па после го редат неколку минутки да се подпече во рерна и готов е, и многу е вкусен,само се прашував вие само го варите,дали му ставате малце масло и други зачини? Бидејќи сакам строго да се придржувам, несакам во такви ствари да правам тотална утка, и гравот го јадете запржен или не запржен, јас минатиот пат кога ја држев диетава јадев само компир варен,сега ми прекисна од тој компирот неможам до уста да го доберам, па дајте ми идеи за скробен ден?
Јас оризот го јадев само варен со обична вода посолена и со малку вегета. Некогаш додавав и сушен врган, некогаш без ништо, само ориз варен. Мене така ми е превкусен. А гравчето како што се приготвува вообичаено можеш да го јадеш, нема да има проблем. И пиперка да има нема проблем, само колбаси да нема. Можеш и грав да јадеш, ја не су јадела во скробен зошто повеќе бев на грашок и на ориз.
Рапорт за денес: Појадок - грозје Ручек - Туна со салата од домати Вечера - една шопска (но како што ми се јаде од ПМС-ов може да бидне уште една туна ) Од вчера ме фати една ненормална криза за храна, па денес на раб. си облеков едни панталони кои ми беа цел и инспирација за слабеење (кои конечно минатата недела почнав да ги носам) и така си се прибрав малку со желбава за храна. Мислев сум се истренирала со јадењево, ама ете, пак паѓам во искушение
Скробен ден 51-ви Појадок: 2 парчиња диња Ручек: 1 чинија грашок, 1 парче леб, салата (зелка, морков, магдонос) Вечера: половина чинија грашок, салата (зелка, морков, магдонос) На сабајле кога ќе станам пијам по 3 чаши вода, потоа 15-30 минути пред да ручам пијам 3-6 чаши вода, и 15-30 минути пред да вечерам пијам 3 чаши вода, исто така пијам вода и кога ќе осетам жед
Spoiler Малце бев како потресена, па по грешка пишав.. За вечера не јадев супа. И дома немаше црн леб, па каснав една тенка кришка бел.. 14/90 Скробен ден. Доручек: 1 цитрон. Ручек: 1 чинија грашок, 1 кришка црн леб, две печени пиперки. Вечера: пола чинија грашок, 1 кришка црн леб. Па убав бил цитронот. Само лушпата му горчи, па му ја извадив.. И грашок за прв пат пробав, арен е.. Ама сепак поарна е леќата. А двете печени пиперки, ми се наместо салата. И така јас во салатата не ставам ни зејтин, ни оцет, ни сол..
Neznam dali e pogresno ama vo proteinskiot den si dozvoluvam po edno do dve nes-kafinja.. Pogresno li e,bidejki e dozvoleno mleko vo proteinskiot den barem kolku sto jas razbrav i plus kafe mislam deka ne bi trebalo da steti,no sepak da se konsultiram Fala od napred
Јоцкаа пишувај ни на кирилица, да не се караме. Не правиш грешка ако пиеш со млеко, ама гледај во другите денови да не пиеш ни нескафе со млеко, ни млеко, зошто е дозволено само со протеинскиот. Значи добро тераш.
Скробен 2/90 Доручек-3 мали јаболчиња. Ручек-1 чинија грашок и салата од цвекло. Вечера-Само што станав,и не мислам да вечерам,јадев само 2 Витанови. Иначе денес физичка активност-трчав сабајле саат на кеј,и праам стомачни
^ Само 2 витанови за вечера во скробен ден? Немојте бре девојчиња. Немојте вака. Ете конкретно за тебе Butterfly77, не знам за колкав вишок на килограми се работи, но витанова во скробен ден е грешка!!! Останатите девојчиња што ги читам по 14 -15 години: висока сум 160cm имам 50кг - сакам да ослабнам . Ќе јадам цел еден и пол варен компир во денот, или дури 2 варени јајца во цел ден, а по некое време ќе се онесвестувам. Патем добронамерните критики од поискусните и повозрасните на форумот ќе ги игнорирам, дури и ќе ги обвинам дека тие се само постари - не значи дека се попаметни! Алоооо ! За ваше добро пишувам! Последно што сакам е да ви изигравам мајка овде, но ме загрижува фактот што се намножиле девојчиња што држат диета а не се дебели, само си се уфилмале дека се дебели. Потоа некои ги читам по темата: Здравствени проблеми: да не знае некој што ми е? Неухранета си, ете тоа ти е!!!
Ало бре,полека малце еј! Ништо не знаеш,одма напаѓаш. Само што ја почнав диетата,денеска ме пукаа јаки кризи за благо,дома имав торта. На почетокот е увек така,неможев да се контролирам и земав Витанова,се надевам наредните денови нема да се деси тоа.Али олабави малце,не сум ја од тие.Не се секирај.Висока сум 1.73 и имам негде околу 68-69 кг. Како и да е,не можам да ти објаснувам,неможев да се воздржам и ете направив грешка,не мораш одма да ме стрелаш.Како и да е..