Батерфлај мислам дека искрено Миднајт е во право и немаш право така да се лутиш,твое си е тоа со диетава,нема што да ти кажуваме ама си имаш јагленохидратен ден за јадење благи работи,и оваа диета е наменета за луѓе со вишок килограми значи над 10 кг вишок.А ти не си толку дебела па да ја држиш оваа диета,можеби ти е таква градбата на телото и сл.Ама да ти кажам право и 70 кг да имаш кога си толку висока тие 5-6 кг можеш да си ги симнеш со здрава исхрана и вежбање... А вака ем грешки правиш ем немаш многу вишок и затоа нема да имаш значителни резултати и ќе се разочараш.Јас ја имам држено 3 пати и тоа до 15 ден стигнував ко зацртанo потоа се откажував,мене бројката на вагата не ми беше важна се мерев во обем,и пак и сега сум толку колку кога што ја држев диетава,само салцето намалено... Значи ако треба јади 6 пати на ден,ама по малце Јас повеќе јадам салати,млечни производи и пиперки,од што треба би се откажала ама од пиперки пржени не.Обично тоа што е повеќе калорично си го јадам наутро.Нешто слично на режиот од Ирена,и си јадам и благо искрено,ама не да се настегам и после сум се здебелила,епа ќе се здебелам . Ова ти го кажав чисто информативно,а ти како сакаш.И никој не те напаѓа туку ти кажува тоа што смета дека е исправно,а вас вистината ве боли.Јас никогаш не сум се налутила,камо некој да ми дава секој ден совети,никогаш не би му рекла ме напаѓаш,напротив сметам дека тој што ми дава совет ми дава и поддршка истовремено. Извини што те просветлив.. Ќе си речеш што и е на оваа
денес јх ден доруцек 2 праски руцек спагети со доматен сос (иц несакам тестенини затоа и малку јадев) вецера (ама овој дел го сакам ) 1кекс-сладолед (ви казував овој не многу калорицниот ) 1 ред цоколадо(и тоа проверив и се запрепастив колку повеке калории има само во 1 ред ) да ја мислев порано ке си апнев 2 сладоледа ама ајде памет за др пат. денес бас рацунав и скоро ми доага овој водениот ден....не дека нема да го издрзам,ма сакав да прасам има врска со резулататите ако не го дрзис?а и усте сум на тоа мисленје дека ке продолзам без овој ден....уф да не заборавам да казам дека и денес се возев на велосипедот и трцав
Не,океј е.Само ми делуваше многу дрско. Да,сакав само 5-6 кила да симнам,али јас од половина нагоре немам проблем. Нозете.Имам рамен стомак и се е океј,али нозете.Нема помош,мислам дека сите 68 кила ми се во нозете..
Ниту те нападнав, ниту те стрелав. Еве ти болдирав, сега прочитај уште еднаш па можеби ќе разбереш кого сум му укажала на грешка, а кого сум нападнала. Иако сега кога ме информира - ќе ти кажам дека УН и не е за тебе. Пробај со здрава исхрана и многу физичка активност- по некое време ќе имаш резултати. Мака ми е и жал ми е за оние млади девојчиња со искривена слика во огледалото, кои држат диета и по некое време паѓаат во несвест. А никако да послушаат совет од постари. На тие години само со физичка активност и здрава исхрана (не диета) ќе ги симнат тие неколку килограми кои им сметаат, а повеќето од нив и немаат вишок килограми, туку како што реков, само искривена слика во огледалото (но можеби и не е виновно огледалото, туку во нешто друго лежи проблемот!). ЕДИТ: дрско или не, девојче што пред две недели го опоменав дека не се храни правилно, и ми се испонаша исто како ти, денес се онесвестила!
Луѓе јас ја почнав диетава и го издржав првиот ден без прекршоци!!! За Поручек не јадев ништо како што е пропишано ( станав во 4) за ручек изедов 2 варени јајца со кечап ( со кечап поубаво отколку со сирење) и си направив салата од краставица со оцет и сол. За вечера едно јајце ( нели пола доза требаше ) со кечап и многу вода За утре мајка ми ќе вари грав ( скробен ден ) и ќе има внатре пиперка ( значи без колбаси такви работи) Е сега ме интересираше дали може да биде со запршка или без?? Поздрав девојки, редовно ве читам Се надевам ќе си даваме совети за диетава и дека ќе издржиме
Не сум правела грав, нити знам да правам. Ама за запршка имам читано на форумов. Ако ја правите запршката со брашно и такви работи поарно е без запршка зошто брашното е ЈХ. Ако ја правите запршката со црвен пипер ако се вика тоа што се прави со црвен пипер воопшто запршка тогаш може, само брашно да не е.
Ух, јас на рапорт за вчера: Доручек: 1 праска Ручек: 1 чиниа грав,пола парче леб и 2 кисели краставички Вечера: 1чиниа грав(ама помалце во количество од ручекот,тоа нормално нели), без леб и 2 краставички. Сеа ќе си речете во ова време при краставици свежи да јадеш кисели , ама мене со нив ми е подобар гравот, мислам дека не е грешка така,и плус сум слушнала дека ја убивале желбата за благо ? Иначе гравот беше со црвен пипер запржен,и не беше воопшто густ, би рекла вода чиста ама во боја ради запршката ... А иначе вежбам по програмот на Инсенити. Вчера ми беше 2 ден, и поминав супер, денес кога станав не чуствував големи болки како другите пати кога неможев од кревет да мрднам, ама цел јули вежбав и мило ми е што имам кондиција колку толку да поднесам Денес мојот омилен ден ЈХ.
15/90 Јаглерохидратен ден. Доручек: 1 цитрон. Ручек: макарони со кечап. Вечера: макарони со кечап, 1 ред чоколадо за готвење. Вечерата ќе пробам да ја преполовам. Макарони обожавам. Моите ќе прават торта некоја, ама јас макарони. Сигурно, си е сигурно. Од сабајле ми залетна цитронот, мислев ќе се удавев.
Си кажав јас дека вчерашниот ден нема да ми помине без прекршок. Ај да дадам и јас рапорт за вчера, протеински 30 ден: Доручек:две праски Ручек:стек и пилешки прсти на скара, малку павлака и шопска со мн малку сиренце Вечера:немаше стек од ручекот само кебапчињата беа останати, па си јадев 2-3 кебапчиња со салата и малку павлака. И испив еден нес со млеко Јас се плашев дека ќе направам утка со тоа што ќе јадам благо(нели на брат ми беше роденден), ама се воздржав од тоа, едино што не ми требаше е тоа што ги мешав протеините и малку повеќе јадев количински, ама ај од денес построго. Денес 31 ден, скробен го почнав со една праска, за ручек ќе има леќа, тоа ќе си јадам исто и за вечера (незапржена ќе ја јадам за казна ), и то
Јагленохидратен ден 52-ри ден Појадок: 1 банана Ручека: ѓеврек (макав во томатело, си додадов чили зачин и оригано во томателото) Вечера: чоколадо (1 ред), 1 мусли тропикал бар "Виталиа"
Веќе не ја држам диетава по редослед (ќе ги држам деновите мешано, но секако ќе се трудам колку можам да го запазувам оригиналниот редослед), затоа што веќе го постигнав посакуваното...дури вчера си купив и бели шорцеви кои изненадувачки супер ми стојат и едвај чекам да ги носам (по добри 4 години без шорцеви ...) Но ќе ве дружам тука бидејќи ќе продолжам со овој начин на исхрана кој, како што веќе напишав, премногу ми одговара. Еве денес морав ЈХ ден затоа што почнав да кризирам за благо. Појадок - 50 гр брусница Ручек - пола солена кифла и пола блака со чоколаден крем Вечера - сладолед или витанова и ред црно чоколадо Поздрав до сите и максимално ве поддржувам во исправно држење на диетава!!! Толку е богата со храна што навистина греота е да се прават грешки и да се расипува трудот од претходните денови!
3/90 Доручек-2 јаболчиња. Ручек-Макарони со кечап. Вечера-Ептен малце макарони,1 ред чоколадо за готвење и слодолед.
Eве и денешниов ден помина супер !! Денеска ми беше скробен ден и за ручек јадев грав со запршка од пипер со едно феферонче. Требаше порано да ми текне дека тоа лутото отвара апетит. Ама ако , изедов 2 чинии грав и една кришка леб на ручек. За вечера јадев исто што и за ручек ама само една чинија. И еве сега се чуствувам заситена .
Јухуууу, еве ме и мене на рапорт , бев на гости 3 дена, и ги поминав сите перфектно без ниту една грешка, многу сум среќна и задоволна сама со себе. Утре имам овошен ден, требаше очигледно да дојде крајот на диетата за да јас научам како да ги поминувам полесно - со некое бадемче и сушено овошје (обично имам брусница без шеќер или некоја сува смоква, не од оние ананаси, манго, демек дехидрирани и кандирани, со тон шеќери). Така го поминав претходниот овошен ден, со лубеница, праска, круша и бадем, така планирам и утре. Во протеинскиот ден јадев парче телешко месо со салата, а за вечера парче леб и една шопска со сирење. А во скробниот ориз со многу малку салата и истото и за вечера на половина. Оризот варен со зачини. Уште овошен утре, и последниот циклус од 3 денови од ТУРБО УН, водениот на крај и ... на диетата ѝ дојде крајот. Што понатаму... само бог знае.
Овошен ден 53-ти Појадок: 2 сливи Ручек: 1 банана, 2 праски, суво грозје (20 грама) Вечера: 3 парчиња диња Каква брусница купувате (рефус или пакована), и колку пари е од прилика
ЈХ, 32 ден: Појадок:две помали банани Ручек:интегрален геврек Вечера:1 ред чоколадо за готвење и 4 топки сладолед
16/90 Овошен ден. За сега, изедов 2 цитрона, и малце повеќе суви урми. Ама малце попоповеќе. Од сабајле, само кога ги помирисав пржените кришки.. Си се вратив во соба, за да не ги мирисам уште.. Сладолед, не памтам кога последен пат сум каснала. Цел распуст, 7 пати дали имам пробано. И сите тие, во јуни месец. Денес веќе не јадам, после 6 нели.. Ќе се нафукам после вода. И едвај чекам утре пилешки стек.