Можно е и обичната вага да не била точна... пошо 4кг, за 3 дена... МНОГУ Е! Дали мислиш дека со изгладнување (5-6 апки од пилешки крилца) побрзо се слабее?! - епа да ти кажам една добра информација - Јако си се Зае***а истото го правев и јас, (може да се каже дека беше дури и построго - никогаш не вечерав, бев на вода НОН СТОП) и резултираше со забавен метаболизам, шо значи ЏАБЕ држиш диета, килажата си останува непроменета...
2/90 Скробен ден Доручек - 2 парчиња диња. Ручек - 3 помали варени компири Вечера - 2 помали варени компири и салата од домат. Исправно? А дали е исправно за ручек да не јадам салата, а за вечера да јадам?
Јагленохидратен ден 61-ви Појадок: 2 парчиња диња Ручек: ѓеврек (макав во томатело, оригано, чили) Вечера: чоколадо (1 ред), 1 мусли тропикал бар "Виталиа"
Се е во ред, само во протеинскиот и во скробниот ден јади салата и на ручек и на вечера, но на вечера без масло. Кај салатата нема ограничување на количина, само може убаво да се најадеш и помалку да паѓаш во искушение
5/90 протеински поручек- диња ручек- едно бутче пилешко варено, па динстано со моркоовче, кромиче, патлижанче, и малку лепче (без масло сето тоа) вечера - односно се уште не знам.... ми оди во памет јогурт, или верено јајце, ќе може ли,,,, или ќе треба истото што и од ручек ???????????? инаку вчера во овошниот ден , јас си јадев и краставица и патлижанче , мислите дека е погрешно ???? ,,,,инаку да напомнам јас кога ќе јадам салата не ставам масло воопшто
24/90 Овошен ден. За сега изедов само грозје, и суво грозје. После ќе си направам сок од 3 цитрона. Ќе го испијам на екс, па што сака нека е. Макар и се удавила. За утре се мислам, дали како прошлиот пат, да јадам јајце и шопска за ручек. А за вечера јогурт. Или пилешки стек. И тоа, и тоа сакам. Ај ваљда, ќе одлучам. Во последно време, многу помалку вода пијам. Ама стомак не ми прима вода веќе во овошен ден. Ова мокро, тоа мокро.. Едит: ladymici, во диетата пишува: Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо. Можеби може, ама на организмот би требало да му биде по лесно, доколку се јаде истото.. А за краставицата и за патлиџанот, мислам дека не е грешка. Некои го сметаат патлиџанот за овошје. Незнам..
еее сега проблем ми е за утре, скробниот ден , ќе морам да одам во кафана на частење ( појма нема што да јада и што да пија), сите ќе лапаат месо , ја како ќе издржам незнам
ЈХ ден Доручек: десеттина зрна суво грозје Ручек: макарони со сос од патлиџан, лук и оригано Вечера: четири топки сладолед и ред чоколадо за готвење Инаку да прашам сојата во кој ден ја јадете? Јас мислев дека спаѓа во протеинскиот ден, а во ун книгата читам дека се приготвува во скробниот, додека никаде не прочитав за во протеинскиот
Дали мислиш дека со изгладнување (5-6 апки од пилешки крилца) побрзо се слабее?! - епа да ти кажам една добра информација - Јако си се Зае***а истото го правев и јас, (може да се каже дека беше дури и построго - никогаш не вечерав, бев на вода НОН СТОП) и резултираше со забавен метаболизам, шо значи ЏАБЕ држиш диета, килажата си останува непроменета...[/quote] греска си ме разбрала не 5-6 апки,туку 5-6 пилески апки,прсти како и да се викаат сто се купуваат подготвени и после само се прзат(во мојот слуцај пецат ) инаку јас се трудам да ги земам сите три оброка...а сега колицински колку е толку е немозам на сила денес скробен ден доруцек грозје руцек ориз само така варен вецера на пола од руцекот денес само песацев и повезбав..брзински немасе простор за трцанје
Ден 5- Протеински Појадок: 2 праски Ручек: 2 јајца, парче сирење, салата. Вечера: Целосна утка- 2 џина (ми лизгаше, мелем ми беше)
- Феминки да прашам нешто, денес ми е ЈХ ден, ама ми се слоши сабајлево околу 5 часот, и морав да изедам еден режњ лубеница, ама сепак не се одкажувам, дали е страшно? и дали да јадам доручек или ова во 5часот да го сметам ко доручек, а ручекот ми е во 13часот.
Ти си знаеш Не се вознемирувај, супер што си каснала лубеница. (чисто еве да си знаеш, според книгата внесот на овошје треба да биде помеѓу 04.00 - 12.00 часот)
Овошен ден 62-ри Појадок: 2 смокви Ручек: 1 банана, 1 парче диња, суво грозје (20 грама), сува брусница (50 грама) Вечера: 1 праска
Браво 62 ден а ретко правиш грешка! дури и не се сеќавам да сум видела грешка во твоите постови Само напред и биди пример и на другите кои јадат таратур во овошен ден
25/90 Протеински ден. Доручек: малце црно грозје. Ручек: пилешки стек на скара, многу малце салата, 1 кришка црн леб, 2-3 лажици супа. Вечера: пола од стекот, 1 кришка црн леб. Гадно сум се заеб. Салатата.. Мајка ми ми дала лути пиперки, јас сум ставила две такви лук.. И 2 лажици големи оцет. Сум се ољутила... леле мори мајко! Салатата пливаше во оцет. Лицето, ми се направи ко на мајмун газо.. уште сум црвена. Сестра ми, ми вика сум била за грев. Ама ај си викам, греота да фрлам. Проба татко ми, почна да вика: Аууу, аууу. Јас ни зејтин сум стаила, нит сол. Нит месото сум го осетила, ништо. Само за ручек испив литро и пол вода. Не се издржува ова.. И од супата ми се згади, дека топла, ова љуто и кисело.. И да... -6 кила, со Ун диета.. И -12 кила, за цел распуст.. Гледаш? И тоа заборавив, од што ми љути.
63/90 една круша и три модри сливи пола пица од 180 грама значи 90 грама тесто (со кечап, пиперка, патлиџан, кромир, растителен кашкавал) му се спремам на едно баунти за вецер ама ке видиме до тогаш (9 килограми за 63 дена)
- 3/90 Јагленохидратен ден Доручек - 2 праски. Ручек - Тањир макарони со кечап. Вечера - Еден сладолед и еден ред чоколадо за готвење. - Леле отидов до маркет да купам сладолет, и додека да се вратам тој се стопил, а јас ни да приметам, кога го отворив тој усте малку биднал шлаг за 2 секунди сум го изела, тој тече од една, од друга страна јас ко ненормална, сама на себе си се изнасмејав. Ајде кажете нешто интересно што ви се десило околу диетава, расположете ме малку, инаку овие 3 дена ми пројдоа онака како во депресија, и секој ден сум гладна, ама не се предавам !